Феки, забраната е за секој вид на риба посебно. Кога купуваш дозвола, концесионерот е должен да ти даде извадок од риболовната основа за ревирот за кој ја вадиш дозволата, каде ќе биде наведено за кои риби во кој период е забраната, како и дозволените големини.
Оди на сајтот
http://www.ribar.com.mk, кликни горе на Езера или Реки, одбери си ја водата што те интересира, и ќе прочиташ кога е забраната за риболов.
На пример, за Пчиња ги има следниве забрани:
Сом - Од 15. април до 15. мај
Скобуст - Од 15. април до 15. мај
Попадика - Од 05. мај до 15. јуни
Клен - Од 05. мај до 15. јуни
Крап - Од 05. мај до 15. јуни
Бела мрена - Од 15. мај до 30. јуни
Црна мрена - Од 01. јуни до 30. јуни
Значи, ако ти дојде чувар, и ти најде бојник во чуварка, ќе го јадеш. Ама ако имаш клен и попадика, немаш проблем. Ако случајно закачиш бојник, мора да го вратиш назад.
Ова ти се минимални големини:
Бела мрена 35 см
Црна мрена 15 см
Клен 25 см
Скобуст 25 см
Крап 40 см
Попадика 20 см
Сом 70 см
Ако имаш помала риба во чуварка и ти дојде чувар, ќе го јадеш.
Имаш и вакво правило:
Крап 1 (еден) примерок
Сом 1 (еден) примерок
Бела мрена до 5 (пет) примероци
Скобуст до 15 (петнаесет) примероци
Клен до 10 (десет) примероци
Попадика до 15 (петнаесет) примероци
Црна мрена до 20 (дваесет) примероци
А и ова ќе те интересира:
Максимална дозволена количина на дневен улов на риба за риболовните ревири “Пчиња 1” “Пчиња 2”, “Крива Река 1” “Крива Река 2” и рекреативните зони “Отошница” и “Бадар” е вкупно 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец на ден, не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати макималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Разгледувај си