Ке се праат дружби секако, да се организираме само да направиме една сесија убава.
Околу индикаторите, сум користел што ти не, се додека не се префрлив на Carp Sounder, имам 3x CS Super и не мислам да ги менувам, моќе оваа година да докупам уште 3 комада.
Малце за водоотпорноста, имено еден период кога бев студент
се немаше пари за да се одвои доволно за добри сигнализатори па купив на Shakespeare модел некој си ProAм вака на прв поглед беа добри.. ги тестирав со батеријата.. на аквариум седев секој втор трет ден по 24 часа сесии, и дрќеа 2 ипол месеци батериите (правиме муабет за некој си чурук батерии).
И дојде дождоот..
ама дожд ли беше.. потоп.. како некој со пожарникарско црево да ме гаѓа, и оп едниот просвире, при отварање да го исушам, увидов дека е со магнет
за моја среќа, видов дека плочката не е добро заштитена, и си реков, па ке ги пополнам со силикон, ке ги напраам што по водоотпорни. Трк дома, тоа и го сторив, и на следниот дожд со нови батерии дурацел, не мрднаа.
Ако сте на тесен буџет, проверете дали се со магнет, одбегнувајте ги оптичките што се со пропелерче, тие се ептен чурук и одма ке просвират, ако најдете магнетни и се ок, слободно следете го мојот пример и издихтувајте ги.
п.с. сеуште ги имам шекспирот како втор сет ако некогаш ми откажат ЦС
п.п.с батериите во ЦС Супер ми се стари од 2006 година дурацел.
Поздрав,
Мартин.
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport