aj uste nesto da prasam koj revir odnosno od kade do kade З.С.Р.К - ПАСТРМКА - Струга ima koncesija ????? za ko ke odime tamu so ovie dozvoli da ne se desi platetesi DNEVNA i uzivajte
Податоци за риболовен ревир „река Црн Дрим 1“
Риболовен ревир „река Црн Дрим 1” според Риболовната основа за „слив на река Црн Дрим“ го опфаќа течението на реката Црн Дрим од истекот од Охридското Езеро во Струга, крај хотел Дрим, низводно до вливот во акумулацијата Глабочица, мостот во с. Ташмаруништа е граница; Во истиот припаѓаат и реките: Сатеска, од регулациониот објект северно од с. Волино (општина Дебарца) до вливот во р. Црн Дрим, Голема (или Збашка) Река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица, Каналот од Струшко поле, кој ги собира водите од Струшкото поле и од изворите во с. Шум, Беличка река, од изворот до вливот во Каналот на струшкото поле, Лабунишка река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица, Вевчанска река, од изворите до вливот во р. Црн Дрим;
Во споменатиот ревир доколку сте член на ЗСР Барбус Фиш - Битола и на дозволата ви е наведено дека важи за река Црн Дрим 1, не ви требаат дневни дозволи.