ako moze da se objasni kako se razvlekuva,sto vsusnost e toa da se postigne pogolema dalecina li?
Што ти требаше ова да прашаш , ми станува лошо
Кога се лови на поголеми далечини 150+ метра и нема како да се достигнат кави далечини од брег , нормално е развлекување.
Прво се маркира местото кое сме го одбрале како добро за ловење , прихрануваме , нормално влегуваме со чамец.
Откога се завршени тие две операции се враќаме на брегот каде ги подготвуваме трските со мамци.
Некој развлекувањето го работат сами така што ја ослободуваат кочницата на шпулната или го отвараат преклопникот но притоа со мека пластика наслонета на шпулната и прицврстена на трската развлекуваат сами.
Лошото е ако дојде до заплеткување , трудот оди во ѓавола.
Затоа е најдобро тоа да се работи во двојки, еден на брегот држи две трски со отворени шпулни додека другиот кај кого се јадиците со мамците весла кон маркираното место. Со пристигањето внимателно го спушта мамецот на местото и кога ќе осети дека е на дното го задржува најлонот и му дава знак на колегата на брегот да ја затегне линијата. Кога е максимално затегната го отуштаме најлонот , фрламе уште малку прихрана , се оддалечуваме малку за да ја спуштиме и втората јадица со мамецот.
Така се додека не ги развлечеме сите трски.
Најлошото во овој начин на риболов кое може да ви се случи е рибата да е активна и тогаш цел ден нема излегување од вода.
После еден таков ден веќе сте спремни за одење на олимписки игри во дисциплина веслање.
Па одење по рибата