Столе не се разбираме јас на пример сум член на рибар 2011 ама можемби не сакам легитимавија од мрф не ми се риболови а сакам само да сум член на рибар 2011.
Е прашањето они бројат членови на едно друштво по уплатени легитимации.
Крсте,
Ти можеш да бидеш член на друштво без легитимација, ама друштвото НЕ СМЕЕ да ти издаде дозвола за риболов без легитимација.
А еве ти извадок од Извештајот на МРФ околу легитимациите:
....
“2. Издавање на легитимации и водење евиденција за издадени легитимации за рекреативен риболов
Врз основа на член 49 став 1 и 2 од Законот за рибарство и аквакултура МРФ вршеше издавање на легитимации за рекреативен риболов на своите членови за 2011 година.
Во Македонската Риболовна Федерација се води евиденција за издадените легитимации во облик на единствен регистар на рекреативни риболовци во Република Македонија. Во регистарот за 2011 година се запишани 5421 рекреативни риболовци (5205 со уплати во 2011 година и 216 кои по стариот Закон за рибарство и аквакултура уплатиле легитимации за повеќе години во период 2009-2010 година). Во табелата што следи е претставен бројот на рекреативни риболовци по риболовните здруженија.....“