Досега не сум имал искуство со ПВА мрежичките , кесичките ...
Се Молат поискусните за совет
начин на користење , монтажа , каква прихрана , зошто мрежичка или зошто кесичка ?
Па еве јас накратко ќе ти одговорам
ПВА лентите,по мене се најпрактични.Си нижеш 4-5 бојли,дали цели,дали половинки,тоа е твој избор и си пласираш неколку мамци распоредени до ловната бојла.Иста намена има и кесата.Малку е погломазна за фрлање,ама врши голема работа.Ќесите по принцип се поскапи од лентите,и имаш начин да заштедиш некој денар,ако од самите ќеси исечкаш ленти
Мрежичките веќе се користат и за друг тип на прихрана(гранули,пелети,дробени бојли....)
Ако зимаш-зимај проверени производи,кои нема да ти се распаднат за 2 секунди при допир со вода.
Начин на користење на кратко
ПВА конецот се фаќа на дупло(6-7 см)на преклопот го закачуваш со иглата на која имаш нанижено бојли,ги префрлаш на ПВА конецот ,и го прикачуваш (боцкајки го повеќекратно со јадицата)до мамецот.
Кај лентата единствена разлика е што не мораш да ги обезбедиш бојлите со дупли ленти или чворчиња оти нема шанси да испаднат од самата лента.