Многу пати имав читано теории по списанија и на нет од разни автори и пишувачи, како крапот на пролет бил многу мрљав, млитав, неволен, слабо јадел и сл, па морало да му се понуди мал мамец, лесен, без многу маснотии и сл.
Иако и сам ловам скоро секогаш на поситни мамци, не сум баш убеден во оваа теорија.
Впрочем искрено кажано дебело се разуверив во една прилика кога на слободен риболов, под сончеви зраци од едно туѓо небо, кога сите имаа никакви или ептен слаби резултати, јас и мојот партнер, просто растуривме.
Во што се состоеше разликата помеѓу сите нив и нас?
Место? Искрено се сомнeвам, иако моето познавање на таа вода не однесе на сосема пристојна локација за риболов.
Знаење искуство? Боже, па таму беа присутни во моментот барем третина од светската крапска елита? Сигурно не знаевме повеќе од нив, пошто од нив учевме! Бекер, Сајмон Кроу, Тим Пејсли, Лее Џексон, Филип Лагаб, Масимо Мантовани и многу други?
Па каде ние погодивме а тие потфрлија?
Надевајќи се на топло време и на раздвижен крап, отидовме со боили од 20, 22 и 24 мм.
Повеќето на месна база, богати со масла и висока енергетска вредност.
Ловевме на две боили една поп ап и една стандардна, таканречена снешко монтажа.
Што се случи што ние растиривме а тие со денови чекаа на макар еден бип?
Имено, иако беше 24 Април датумот кога тргнавме, времето беше како за Нова Година.
Снег, ветар, минус 5 степени, катастрофа.
Неколку пати помисливме да се вратиме но за среќа не се одлучивме на таков чекор.
Времето беше такво во последните недела две пред нашето поаѓање, па сите риболовци, водени од гореспоменатат теорија, направиле мали ситни боили, со ниска енергетска вредност, во лесни ароми и хемија на алкохолна база.
Пошто ние нашите боили ги спремивме пред време и не се надевавме дека може да биде -5 на крај на Април и почеток на Мај, си направивме боили како за Гладни Крапови, кои разбудени од зимскиот сон, со празни стомаци, тргаат да кракаат сочни боили и соберат снага за престојниот мрест.
Пристигнавме на водата на 24/ти Април, вечерта преспавме, а утрината не разбуди прекрасно сонце и плус 25 степени.
Такво време се задржа до крајот на нашата риболовна вантура па ние поминавме со уловени повеќе од 600 кг риба за 5 дена, од кои 80% беа уловени во првите 2-3 дена додека не си се здосади, такаречено па почнавме дури и стапови да вадиме од вода за да можеме да одмориме малку, а за разлика од нашите колеги од кои 80% остаа без улов.
Крапот бил Мрљав на почеток на сезона ? Толку Мрљав што зима само ситен мамец, комбинација од една 20 мм и една 16 мм боила. Бил пребирлив и не сакал "тешки" боили, да така е нашите беа супер лесни.
Frankfurter Sausage, Shellfish-Strawberry, Monster Crab - Skopex, комбинации напоени со рибино масло и дип на маслена база, подуени од аминокиселински додатоци на месна база, со повеќе од пола месо во миксот, беа едни од најловните комбинации, а се неверојатно "лесни" боили од кои што може само да ти се поврати ако ги мириснете а па камоли да ги пробате.
Уште верувате во гореспоменатата теорија ? Јас лично не! _________________ САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!
|