www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Сеп 20, 2024 11:30 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2526272829ELLIPSIS81»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 8:43 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
:lol: :!: Да,за ова треба дефинитивно магионичар :lol: :lol:
Ова е ,,САКАМ КАЖАМ НЕЗНАМ РЕЧАМ,, ;)

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 11:49 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Vo dnevniot vesnik "Vecer" objaven konkurs za koncesii za rekreativen ribolov za ribolovni reviri, akumulacii i prirodni ezera. (via fb)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 11:59 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Еве го конкурсот:

http://www.mzsv.gov.mk/files/%20%D0%BE% ... 032012.pdf

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 12:06 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 1:56 pm
МислењаCOLON678
Филип НапишиCOLON
aj neka ni je ajrilija konkursive jas bi sakal da ni go dodelat globocicko ezero( ;) ;) ;) akomulacija) mozda i taa zelba ce mi se ostvari posto i zasluzuvame da ni go dodelat bar taka jas si mislam :lol:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 12:09 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Tasim НапишиCOLON
Филип НапишиCOLON
aj neka ni je ajrilija konkursive jas bi sakal da ni go dodelat globocicko ezero( ;) ;) ;) akomulacija) mozda i taa zelba ce mi se ostvari posto i zasluzuvame da ni go dodelat bar taka jas si mislam :lol:
Da se prashuvaat ribarite ke se znae odma koj kade da raboti, ama ....
Da bi bil jas odma so dve race ke potpisham za vaseto drushtvo da ja zemi koncesijata, oti malkumina znaat kakvo bese Globocica-pred i kakvo e sega-se razbira vo pozitivna smisla na zborot.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 12:10 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Врз основа на член 42 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 07/08, 67/10, 47/11 и 53/11) и Одлуката за распишување на јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони бр. 51-7989/1 од 27 декември 2011 година (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 23/12) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

Јавен конкурс
за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони

I ПРЕДМЕТ

1.1. Предмет на јавниот конкурс е давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на следните риболовните ревири и рекреативни зони:

а) Риболовни ревири по сливови

- Слив на Река Вардар-горно течение
1.1.1. Риболовен ревир “Вардар 3”– ги опфаќа водите на реката Вардар и тоа од вливот на Улеверичка Река до вливот на реката Бистрица вклучително и притоките: Пена, Лешочка Река и Бистрица, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа и
1.1.2. Риболовен ревир “Вардар 4” – ги опфаќа водите на реката Вардар и тоа од вливот на река Бистрица до дрвениот мост во близина на с. Радуша со притоките: Босилечка, Габровчица, Љуботенска Река и Горанечка Река, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа.
- Слив на Река Вардар-средно течение
1.1.3. Риболовен ревир “Вардар 5”- ги опфаќа водите на реката Вардар од дрвениот мост над с. Радуша до влив на река Треска, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа;
1.1.4. Риболовен ревир “Тополка” – го опфаќа целото течение на реката Тополка со притоките, од изворот до вливот во река Вардар, како и сите мели и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа и
1.1.5. Риболовен ревир “Бабуна 1”- го опфаќа течението на реката Бабуна со притоките од изворот до вливот на реката Изворчица, вклучувајќи ја и неа.
- Слив на Река Вардар-долно течение
1.1.6. Риболовен ревир “Вардар 9” - го опфаќа течението на река Вардар од влив на Црна Река до браната на термоелектраната “Неготино”, вклучително со реките: Ваташка (Луда Мара), Слатина, Пепелишка, Брусничка, Дисанска Река и сите останати притоки, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа;
1.1.7. Риболовен ревир “Вардар 11” - го опфаќа течението на реката Вардар од влив на Љуткова Река до влив на Кованска Река вклучувајќи ги: Стара Река, Анска Река , како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа и
1.1.8. Риболовен ревир “ Река Луда Мара - Богданци”- го опфаќа целото течение на реката реката Луда Мара и нејзините притоки , како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа.
- Слив на Река Треска
1.1.9. Риболовен ревир “Треска 2” – опфаќа дел од Треска од мостот на патот кој води од Кичево до с. Пласница (мостот е граница) до вливот во акумулацијата Козјак – до вливот на Беличка Река (Велешница) со сите притоки на реката Треска во тој дел, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа и
1.1.10. Риболовен ревир “Треска 3” – опфаќа дел на реката Треска од браната на акумулацијата Матка до вливот на Треска во Вардар со сите притоки на р. Треска во тој дел , како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа и
- Слив на Река Пчиња
1.1.11. Риболовен ревир “Крива Река 1” - го опфаќа течението на Крива Река од изворишниот дел до мостот кај село Туларево со сите притоки во целото свое течение кои се вливаат над „Коњушкиот мост” , како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа.
- Слив на Црна Река
1.1.12. Риболовен ревир “Црна Река 4”– опфаќа дел од Црна Река од влив на р. Сатока до влив во акумулацијата “Тиквеш” со сите притоки , како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа и
1.1.13. Риболовен ревир “Црна Река 5”– опфаќа дел од Црна Река од браната на акумулација “Тиквеш” до влив во Вардар, вклучително и сите притоки на Црна Река и нивните притоки на овој дел, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа.
- Слив на Река Брегалница
1.1.14. Риболовен ревир “Брегалница 1” - опфаќа дел од течението на реката Брегалница од изворите до с. Разловци вклучувајќи ги и сите притоки од текот на реката Брегалница во овој дел, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа;
1.1.15. Риболовен ревир “Брегалница 2” - опфаќа дел од течението на реката Брегалница од с. Разловци до влив во акумулацијата “Калиманци” вклучувајќи ги сите притоки од текот на Брегалница во овој дел, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа;
1.1.16. Риболовен ревир “Брегалница 3” - опфаќа дел од течението на реката Брегалница од браната на акумулацијата “Калиманци” до с. Истибања, вклучувајќи ги сите притоки од текот на Брегалница во овој дел, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа и
1.1.17. Риболовен ревир “Злетовска Река- го опфаќа течението на реката Злетовска Река од изворот до вливот во реката Брегалница, вклучително и сите притоки, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа. На овој риболовен ревир се додава рекреативната зона “Пишица”.


- Слив на Река Струмица
1.1.18. Риболовен ревир “Струмица 1” – опфаќа дел од течението на реката Струмица од изворишниот регион до вливот на реката Турија вклучително и реката Турија и сите притоки во тој дел од текот, како и делот на реката Водочица од браната на акумулацијата Водоча до вливот во реката Струмица, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа вклучувајќи ги и рекреативните зони “Маркова Брана” и “Дрвошка” и
1.1.19. Риболовен ревир “Струмица 2” – опфаќа дел од од течението на реката Струмица од вливот на реката Турија до Македонско-Бугарската граница, вклучително со Моноспитовско блато и со сите притоки со исклучок на реката Водочица и нејзините притоки, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа вклучувајќи ги и рекреативните зони “Иловица” и “Новоселска”.
- Слив на Река Црн Дрим
1.1.20. Риболовен Ревир Река Радика – Го опфаќа течението на реката Радика од вливот на Гарска река во Радика (местото наречено “Бошков Мост”) низводно до вливот на Радика во акумулацијата Шпиље, 500 метри низводно од мостот за с. Долно Косоврасти.
- Слив на Преспанско Езеро
1.1.21. Риболовен ревир “Слив на Преспанко Езеро” го опфаќа течението на река Исток, Голема Река (или Стара Река), Преторска Река, Кранска Река, Брајчинска Река како и сите притоки кои се вливаат во Преспанското Езеро и во горе наведените водотеци, како и сите мали и микроакумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа.

б) Рекреативни зони

1.1.22. Рекреативна зона “Охридско Езеро” - е целата брегова линија на Охридското Eзеро која е на територијата на Република Македонија со исклучок на изворите кај Св. Наум и просторот на потегот од локалитетот “Вељапеш” до локалитетот “Вели Даб”, а вклучувајќи го каналот “Студенчишта”
1.1.23. Рекреативна зона “Преспанско Езеро” е целата брегова линија на Преспанското Eзеро која е на територијата на Република Македонија и растојанието не поголемо од 200 метри од бреговата линија.
1.1.24. Рекреативната зона “Дојранско Езеро” – од крај на паркингот кај Хотел Гранит до границата со Репубика Грција према отворена вода и бреговата линија од Хотел Гранит до македонско – грчката граница и линијата на македонско – грчката граница, како и целата брегова линија на езерото на територијата на Република Македонија, освен потегот каде се определени риболовни зони со мандри и локациите за плажи.
1.1.25. Рекреативна зона “акумулација Водоча” - ја опфаќа цела површина на акумулацијата;
1.1.26. Рекреативна зона “акумулација Козјак” - ја опфаќа цела површина на акумулацијата освен во деловите кои припаѓаат на резерватот “Јасен”;
1.1.27. Рекреативна зона акумулација Калиманци - ја опфаќа цела површина на акумулацијата освен во деловите предвидени за аквакултура;
1.1.28. Рекреативна зона “акумулација Конче 1 и 3” - ја опфаќа цела површина на акумулациите;
1.1.29.. Рекреативна зона “акумулација Турија” - ја опфаќа цела површина на акумулацијата;
1.1.30. Рекреативна зона “акумулација Мантово” - ја опфаќа целата брегова линија освен во деловите предвидени за аквакултура;
1.1.31. Рекреативна зона “акумулација Шпилје” – ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1..1.32. Рекреативна зона “акумулација Глажња” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.33. Рекреативна зона “акумулација Глобочица” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.34. Рекреативна зона “акумулација Матка” – ја опфаќа целата површина на акумулацијата и делот на река Треска кој се наоѓа меѓу браната Св. Петка (Матка 2) и вливот на реката во вливот на акумулацијата Матка;
1.1.35. Рекреативна зона “акумулација Мавровица” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.36. Рекреативна зона “акумулација Младост” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.37. Рекреативна зона “акумулација Лисиче” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.38. Рекреативна зона “акумулација Липково” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата, делот на Липковска река кој се наоѓа меѓу браната Глажња и вливот во акумулацијата Липково, како и малата акумулација на овој дел од реката;
1.1.39. Рекреативна зона “акумулација Стрежево” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.40. Рекреативна зона “акумулација Слатино” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.41. Рекреативна зона “акумулација Ратево (Беровско Езеро)” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата и
1.1.42. Рекреативна зона “акумулација Паљурци” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;
1.1.43. Рекреативна зона “Крушевско езеро” ги опфаќа водите на микроакумулациите “Крушевско езеро”, “Борино 1” и “Борино 3” и
1.1.44. Рекреативна зона “Рекреативно езеро Треска” - ја опфаќа целата површина на акумулацијата;

1.2. Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони се даваат на концесија за организирање на рекреативен риболов за период од шест години.

II ПРАВО НА УЧЕСТВО

2.1. Право на поединeчно учество на конкурсот имаат:
A. риболовни здруженија кои ги исполнуваат следните услови:
- имаат минимум 50 члена,
- имаат најмалку еден вработен или ангажиран рибочувар и
- имаат склучено договор за порибување со регистриран репроцентар.
Б. Правни лица кои ги исполнуваат следните услови:
- да бидат регистрирани за дејност рибарство,
- имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки (рибарство) или договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството и
- располагаат со минимум опрема потребна за вршење риболов утврдена во риболовната основа.

III ВИСИНА НА НАДОМЕСТ

3.1. Концесионерите плаќаат надомест за рекреативен риболов во висина од 10% од цената на издадените дозволи.

IV ПОСТАПКА И КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР

4.1. Постапката за јавен конкурс за давање на рибите на концесија ја спроведува комисија формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
4.2. Постапката за избор на најповолен понудувач ќе се спроведе и доколку на конкурсот конкурира само едно правно лице.
4.3. Критериуми за избор на најповолен понудувач се:
- број на членови/минимум опрема потребна за вршење
риболов 25 бодови,
- број на рибочувари 25 бодови,
- предлог план за организирање рекреативен
риболов 10 бодови,
- висина на вредноста на договорот за
порибување (планирани количини за порибување) 40 бодови

Начинот на бодирање на критериумите за избор ќе биде содржан во тендерската документација.
4.4. Комисијата ја подготвува тендерската документација во рок од седум дена од денот на објавување на јавниот конкурс и истата ќе може да се подигне од архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со исклучок на риболовните основи.
Риболовните основи за одделните риболовни води кои се составен дел на тендерската документација ќе бидат објавени на веб – страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
4.5. Заинтересираните понудувачи кон понудата на овој конкурс треба да ги поднесат писмените докази за исполнување на условите од дел II точка 2.1. на овој конкурс и потребната документација утврдена во тендерската документација.
Понудите кои не ги содржат бараните писмени докази и потребната документација ќе се сметаат за некомплетни и нема да бидат предмет на разгледување..

V НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

5.1. Понудите заедно со потребната документација се доставуваат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Потребната документација се доставува во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
5.2. Понудата се доставува во еден оригинален примерок заверен со официјален печат на правното лице и потпишан од одговорното лице на понудувачот.
5.3. Заинтересираните правни лица понудата ја доставуваат во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул. Јуриј Гагарин број 15 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден од 9,00 до 15,00 часот.
На предната страна на пликовите во горниот лев агол треба да пишува “НЕ ОТВОРАЈ”, а во средината “ЗА ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДАВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ НА РИБОЛОВНИТЕ РЕВИРИ И РЕКРЕАТИВНИ ЗОНИ”. На пликовите не смее да има никаква друга ознака и/или податоци. Пликовите на кои ќе има било каква друга ознака и/или податоци, освен горе наведените, нема да се разгледуваат.


VI РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

6.1. Јавниот конкурс трае 52 дена од денот на неговото објавување вклучувајќи го и денот на објавувањето.
6.2. Крајниот рок за доставување на понудите е 52 дена од денот на неговото објавување вклучувајќи го и денот на објавувањето. Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се одржи три дена од денот на завршувањето на рокот за доставување на понудите. На јавното отворање на понудите може да присуствуваат лица со полномоштво за присуство од правното лице понудувач.
Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
6.3. Јавниот конкурс ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија”, во најмалку две јавни гласила и на web – страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Бр. _________
од _________ 2012 година
Скопје
МИНИСТЕРТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО,ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 12:42 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:11 pm
МислењаCOLON819
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
aj airlija neka e rabotava poleka poleka ke kinisa :mrgreen:

_________________
www.ribar.com.mk


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 4:49 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
konecno

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 7:28 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Airlija trgna i dolgo ocekuvanata koncesija , da ne bideme vise krivolovci.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: koncesii 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 22, 2012 9:17 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Ако биде до крај на јуни,на коњ сме.... :P

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2526272829ELLIPSIS81»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum