www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 19, 2024 11:50 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS4243444546ELLIPSIS119»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 16, 2012 9:33 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Јан 18, 2011 11:04 am
МислењаCOLON720
ЛокацијаCOLONSkopje
Едно прашање до МРФ а воедно и до господинот Васил во врска со забрана за риболов поради мрест, во изминатите години до 2010 имаше комлетна забрана за риболов од датум до датум.
Во новите дозволи забраната за риболов поради мрест е напишана по видови на риба и нема целокупна забрана за риболов. Дали е ова новиот начин по кој ке се заштитува рибниот фонд и ке бидат во даден временски период забранети само одредени риби а останатите ке можат слободно да се ловат.
Благодарам за информацијата однапред


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 17, 2012 10:59 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Едно прашање до г-дин Васил,кога ќе им забранат на сепарациите да испуштаат со тони тиња,која ги покрива икрите во време на мрест а со тоа се уништува подмладокот како единствено нешто што го обновува и онака осиромашениот рибен фонд,бидејќи самите концесионери не знаат што е тоа порибување,како да се организираме за овој проблем еднаш за секогаш да се реши,повторно да го видиме Лепенец со бистра вода,што е сега вистинска реткост и не се знае кога последен пат се родила некоја риба во него,а во минатото во него имаше и речни ракови.На оваа река постојат неколку сепарации кој немилосрдно работат ден и ноќ,седум дена во неделата,празници и делници без престанок.Како МРФ мозете да покренете една иницијатива до министерство за екологија,за земјоделие или влада,сепарациите да почнат да испуштаат бистра вода а за тоа е потребно сепарациите да изградат неколку талозници,кој веќе им се изградени но не ги користат.Во Македонија постојат многу вакви реки кои се загадуваат од сепарациите кои го менуваат целосно речното корито и зивиот свет во него.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 17, 2012 12:32 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Да надополнам гоце што кажа иста приказна е и со пчиња односно делот што го вукаат "шупли камен" ретко е кога сепарацијата не работи секогаш е матна водата јас колку време одам таму по риба и до сега дали 2-3 пати ја имам видено бистра.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 18, 2012 12:10 am 
Отсутен
Молчалив

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 12:06 am
МислењаCOLON4

Можеби треба малку поинаку да почнеме да размислуваме. Дали е проблем ако некоја концесијата е земена за бизнис?
Дали во основа концесионерството не подразбира бизнис? Зошто се даваат под концесија рудни богатства, паркинзи, пасишта, ниви, земјиште, ископи, вода, патишта, аеродроми, ловишта? Зошто државата распишува тендери и пропишува услови? Зарем не е се заради бизнис? Кој би зел да стопанисува со рудник, паркинг, аеродром и уште што не друго ако нема економски бенефит? “ В.Костов

Г-дине Костов овој став држи вода кога ке ве викнат во Стопанската комора на РМ па таму објаснувајте од кои мотиви и екеномсски логики сте го направиле тоа што сте го направиле ! На овој форум како и воопшто во “фотељата “ на РФМ сте за да ја подобрите состојбата во која се наогаме сите ние кои сакаме да излеземе на вода,кој рекреативно кој такмичарски.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 18, 2012 10:02 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Eве уште едно конструктивно прашање до г-дин Васил,извадив дозвола од зср Вардар за Вардар 6 област,во неа ми дадоа извадоци од законот,за забрана на лов на пооделни видови на риба за време на мрест, кои се со различно време траење во различен период од месеците,тоа значи нема да има целосна забрана како што беше до сега од 15 април до 15 мај,ме интересира кој ќе води сметка за изловот на одредена врста во време на забрана што треба да се контролира секој дневно 24 часа ,кога концесионериве не беа способни да ја спроведат целосната забрана од 30 дена до сега.Инаку за информација на колегите пастрмка и сом е дозволено само за викенд и празници.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 18, 2012 11:17 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Prasanje do Vasil
Eden del od nasite reviri se direktno povrzani so akumulacii cija zadaca e proizvodstvo na el.energija.
Dali ima nekoja spogodba,zakon,dogovor so ELEM za ispustanje na vodata?
Primer Treska 3 nema koncesioner.Kako sto znaeme koncesijata se izdava za da moze da se pravi biznis.Vo ribolovnite osnovi e opisana kako visokoatraktivna salmnidna voda.E sega na primer bi dosol eden stranski investitor(koncesioner),ja gleda gleda Treska i mu se dopadja,pravi biznis plan(kolku ribolovni denovi X dnevni dozvoli......) i naodja nekoja logika da ja zeme pod koncesija.Koga ke vidi deka mu ja pustaat rekata koga sakaat,vo koja kolicina sakaat.....ke mu stukne pamet i ke mu propadnat site planovi.
Za nas ribarite da ne zborime.nie sme veke gradjani od 3 red.Nemame sansi da se bunime za regulacija na vodata.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 18, 2012 11:33 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... ако е така дека немат целосна забрана, Фала му на Господ шо му дал на некого ум да ги напрајт забраните по врстата на Рибата а не целосна забрана. Конечно нешто паметно.

Како можело бре Луѓе целосна забрана во еден даден период, па јас не земам годишна дозвола за 9, 10 или 11 месеци :evil:

Најправилно е да се забранит риболов на Риба која се мрестит ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 18, 2012 11:56 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
ilija НапишиCOLON
Prasanje do Vasil
Eden del od nasite reviri se direktno povrzani so akumulacii cija zadaca e proizvodstvo na el.energija.
Dali ima nekoja spogodba,zakon,dogovor so ELEM za ispustanje na vodata?
Primer Treska 3 nema koncesioner.Kako sto znaeme koncesijata se izdava za da moze da se pravi biznis.Vo ribolovnite osnovi e opisana kako visokoatraktivna salmnidna voda.E sega na primer bi dosol eden stranski investitor(koncesioner),ja gleda gleda Treska i mu se dopadja,pravi biznis plan(kolku ribolovni denovi X dnevni dozvoli......) i naodja nekoja logika da ja zeme pod koncesija.Koga ke vidi deka mu ja pustaat rekata koga sakaat,vo koja kolicina sakaat.....ke mu stukne pamet i ke mu propadnat site planovi.
Za nas ribarite da ne zborime.nie sme veke gradjani od 3 red.Nemame sansi da se bunime za regulacija na vodata.
Илија потполно си во право,би го надополнил твојов заклучок со следно прашање до МРФ,кога ќе достават барање до корисниците на водните потенцијали кој произведуваат ел енергија,владата на РМ и останатите министерства кој ја третираат оваа проблематика ,во време на мрест да се обезбеди оптимално количество на вода за да може рибата да се измрести целосно,а не водата да варира горе доле цело време во мрестот на рибата,тоа значи или икрата ќе ја однесе или ќе остане на суво,а со тоа природното мрестење е оневозможено,затоа реките ќе ни бидат се посиромашни со риба.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 18, 2012 2:05 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... во право сте дечки. :shock: Со неконтролирано користење на водата за потребите на ЕВН без да се мисли на животинскиот и растителниот свет, се прави ОГРОМНА Штета :shock: Не знам колку МРФ има тука влијание, но честопати гледам членови на МРФ за време на порибување на ОЕ зо Јагула од ЕВН :o Значи се во добар Контакт и можат некако да влијаат врз оваа проблематика.

Вештачките езера се за тоа направени, но што мајка бараат да го користат ОЕ за производство на Струја :x


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 18, 2012 4:46 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 01, 2011 11:07 am
МислењаCOLON297
Треба да сватите дека ние, спортските и рекреативи риболовци сме последното дупче, на шупелката наречена Македонска економија, и тоа не само кај оваа власт туку и кај сите претходни, затоа и дотеравме до ова дереџе :mrgreen:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS4243444546ELLIPSIS119»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum