Gospodine Vasil do sega temava MRF ima 47 strani i neznam kolku mislenja, od koi 90% e revolt i omraza- sto mislite zosto e toa taka i ako mozete da kazete do koga ke ostane so vakvi komentar
Интересен коментар. Почитуван, доколку сметав дека темава е револт и омраза јас немаше да бидам тука.
Меѓутоа, моето лично мислење е дека станува збор за непознавање на работите (без намера некого да увредам) и недоволна комуникација. Затоа и се обидувам да ви ја предочам комплексноста на сите активности поврзани со рекреативниот и спортскиот риболов, неговата организација, поставеност на работите, интересите на различните субјекти кои се инволвирани. Токму тоа е улогата на федерацијата. Сите различности и спротивности изразени во различни интереси и гледања да ги искоординира и вклопи во одреден систем кој треба да функционира и да овозможи што повеќе чинители да ги остварат своите интереси. Не сте само вие и вашите интереси и гледања. Постојат рекреативци, спортисти, концесионери, здруженија, клубови, риболовни, спортски, еколошки, "тапари", "крапчии", мушичари, блинкераши, сеирџии, екологисти, маанџии, коментатори, заљубеници во природата, фати-пушти рибари, "месари", трговци, провокатори, сите имаат свои ставови, свои интереси, свое влијание. Со сите нив некој треба да се справи.
Се надевам дека барем малку ви ја предочив реалната состојба.