ПОВТОРНО ЌЕ ВЕ ЗБУДАЛАМ
Бев и се вратив од Германија, службено, но секогаш се наоѓа време да се посети и некоја риболовна продавница.
Поминав во неколку и секаде ќе се најде по нешто интересно, сепак Fisherman`s Partner во Duesseldorf е нешто посебно.
Ова е една од 40-тина продавници ширум Германија ( ги има и во Австрија, Швајцарија, Словенија, Хрватска и најново во Романија ). Нема идентични производи во секоја продавница бидејки секоја продавница функционира посебно и си набавува роба по сопствена желба. Оваа во Дизелдорф ме изненади со добриот вкус и избор на spin опрема.
Бев два пати во неа, еднаш во понеделникот кога немав доволно време да разгледам се и уште еднаш во петокот кога и дефинитивно ( по неколку премислувања ) решив да ја земам Daiwa Saltiga 3500H.
Интересно беше што на едно место можеа да се видат, провртат и проценат најдобрите машинки од Даива и Шимано.
И нормално тоа и го правев.
Daiwa Saltiga
Daiwa Seagate
Daiwa Exist,Certate, Infinity Q......
Новата Daiwa Caldia ми остави солиден впечаток
Преминуваме на Shimano
Stella, Twin-Power, Aspire ....
Преминуваме кај трските ..... до недоглед
Продавачов беше ептен ОК типче, ништо не го мрзи, трча, покажува, збори, ова е ново, ова не го бива, ова е добро а евтино, а види го ова или она .... знае да ти продаде.
И тука стоп. Тукушто излегоа новите Daiwa Morethan AGS а овие веќе ги имаат. Се одушевив прво од изгледот, направено прецизно како швајцарски саат, топ материјали
Новите AGS проводници или окца се комбинација од титаниум, карбон и силицијум, сите вкупно тежат 4,4 гр.
Нов карбонски материјал Super SVF Compile X страшно лесен, тенок бланк, на трската и дава невидена леснотија.
Многу брза акција, по затресувањето веднаш се враќа во првобитна состојба а при напор работи со целата должина ( како параболик ). Една од најдобрите спин трски што ги имам почувствувано. Арно ама - скапо задоволство.
Се навратив уште еднаш ама сепак преовладува здравиот разум.
Имам јас во план нешто што ќе искомбинирам. УФФФФ. Ама паметот остана на оваа трска.
Воблери, мноооогу воблери....
јапански DUO и IMA
Добар попуст на Storm ( за жал ги немаше Wiggle Wart ).
јапонски Megabass i Maria воблери
Daiwa i Illex ( Jackall Bros ) воблери
Rapala
и уште многу други ....
Малку за сомџии за лов на жив мамец
И за крапџии, да не се осетат запоставени
Е сега, што испазарив, еве една гро план слика
окца, осмици, џиг глави, копчи - од појаките
Олова за влечење, се ставаат и прицврстуваат директно на конецот
Нешто нарачки
и нешто за мене
И најбитното Daiwa Saltiga 3500H и камера GoPro HD HERO2
Еднаш се живее.