Филип
прашањето е во основа некоректно и некои работи треба да се разјаснат.
Прво, јас не раководам со "ревирот Шум". "Рекреативната зона Шум" (акумулационото езеро Шум) си има свој концесионер и нема никаква врска ниту со мене лично, ниту со МРФ. За илустрација, врската е идентична како и со "Рибар 2011". Дури и помала, ако се има во предвид дека на основачкото собрание на "Рибар 2011" присуствував, а на здружението од Шум тоа не го сторив. Ако ве буни мрестилиштето Шум кое е сопственост на Институтот, каде сум директор, тогаш да ве информирам дека и тоа се две различни работи. Езерот не е на Институтот, би сакал да е тоа така, ама не е.
Васил,
Јас не гледам ништо некоректно, некако ми беше чудно “езерото“ кое се наоѓа на колку, 100, 200, 300, 500 метри од мрестилиштето во с. Шум, по некоја случајност да стане дел од риболовните основи кои по некоја случајност ги изработи тимот на чело со Васил Костов, па да се нарече “атрактивна рекреативна зона за риболов на пастрмка“ и да има највисока цена на годишна дозвола, по некоја случајност одобрена од МЗШВ. Премногу случајности за некое си таму здружение, наводно оформено од некои локалци од село Шум. Јас сум запрепастен и понатаму...