nezadovolstvoto e zajko i nepoverenjeto pregolemo kon niv, veke i malite deca znaat, se raboti za 20000sporski i rekreativni ribolovci koj sakaat da uzivaat u ribolovot ,, ovde e problem sto nikoj do sega ne se svrtel protiv niv, prvoto vrtenje ke bide kobno za niv,,
jas ne se nerviram za mrf,poveke za koncesionerite sto gi ebaa vodite, i za niv ke imna crven karton, vo narednata godina, poloitikata ke odlucuva se, pa i za ribarite,,
Поздрав Ицо
Овде се линкував, но коментарот ке се однесува на повеќе твои и некои други коментари.
Не сакам да се правдам ниту себеси, ниту МРФ и УО затоа што во оваа констелација на односи повеќето коментари во кои се искажува револт и недоверба се оправдани. Не се само луѓето од форумот револтирани. Станува збор за 20.000 луѓе и веќе 50 риболовни здруженија. Револтирани се многу од нив, од состојбите и од индиферентниот однос на релевантните фактори. Што треба повеќе да се направи за да им се укаже на надлежните во министерствата дека оваа работа околу риболовот и риболовните води е во нивни раце и најпосле треба сериозно да ја сватат и да дозволат да се стават работите во ред. Десетици официјални обраќања има и од МРФ и од здруженијата до министертвата. Секој втор ден некоја катастрофа, помор, кражба се објавува на тв. Пазарите се полни со крадена риба. Сите гледаат и сите знаат се, а завршница на покренатите спорови нема. Денес го добив официјалниот извештај од Државната Риболовна Контрола на МРФ. Еден куп акции, еден куп пријави и сеуште ниту една не е решена судски. Замислете ги тие луѓе кои одат во акции цела година. Каков е нивниот морал и ентузијазам кога после цела година по терени почнуваат да се влечкаат по судници низ цела земја и на крај сторителите заминуваат неказнети. Тие се револтирани, па им паѓа моралот, па потоа ги фаќа инат и пак одат на терен и се борат со рибокрадците. Многу често без надокнада и материјална корист. И на крај најстрашно е кога ќе се појави некој паметњакович, кој не мрднал од кревет и од зад компјутер и ќе каже "ништо не се прави", "тие са вакви или такви" или "да сум јас таму ќе направ ова или она".
Пријатели риболовци, тоа што не се обајвуваат активностите на вашиот сајт не значи дека ништо не се прави. Се прави и има многу ентузијасти во земјава. Апсурдно е да сметате дека сите чесни и искрени риболовци се приклучени само на овој сајт и се наоѓаат во вашето здружение. Ги има многу во земјава и секој на свој начин, како и вие, се обидува да даде свој придонес кон подобрување на сосојбите. Но бидете реални, покрај се што ни се случува во земјава и опкружувањето рекреативниот риболов е ставен на маргините.
Многу се расприкажав. Подобро сега да прекинам затоа што многу нешта може да кажам.