www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 19, 2024 10:21 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS3132333435ELLIPSIS119»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 10, 2012 11:56 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Прашање до Васил Костов:

Зошто цената на годишната дозвола на “ревирот ШУМ“ со кој раководите вие, е 6000 денари? Дали сметате дека вреди повеќе од Маврово, или намерно ја имате ставено толку високо за да се зголеми цената на републичката дозвола од 6000 на 12000 денари?



Филип
прашањето е во основа некоректно и некои работи треба да се разјаснат.

Прво, јас не раководам со "ревирот Шум". "Рекреативната зона Шум" (акумулационото езеро Шум) си има свој концесионер и нема никаква врска ниту со мене лично, ниту со МРФ. За илустрација, врската е идентична како и со "Рибар 2011". Дури и помала, ако се има во предвид дека на основачкото собрание на "Рибар 2011" присуствував, а на здружението од Шум тоа не го сторив. Ако ве буни мрестилиштето Шум кое е сопственост на Институтот, каде сум директор, тогаш да ве информирам дека и тоа се две различни работи. Езерот не е на Институтот, би сакал да е тоа така, ама не е.

Второ. Предлог цена на дозволата дава концесионерот на риболовната вода, а ја одобрува Министерот на МЗШВ. Ниту јас, ниту МРФ, ниту некое друго здружение има право и можност да ја предлага или одредува цената. Ова би требало да ви е познато до сега.

Трето. Цената на државната дозвола се формира и одредува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (Министерот на МЗШВ или одговорно лице не сум сигурен како стои согласно измените на Законот), но никако во МРФ.

И на крај, интерес и настојување цената на државната дозвола да биде повисока имаат Државата (Буџетот) и риболовните здруженија. Тоа нема никаква врска со МРФ. Со државната дозвола МРФ нема ама баш ништо. Распределбата на средствата, согласно Законот за рибарство и аквакултура е 70% за Буџет на РМ и 30% за риболовното здружение од кое е лицето кое ја вади дозволата. Тоа значи дека најголем бенефит има државата па здружението. На пример, ако дозволата чини, како што велите 12.000 денари, во здружението ќе се уплатат 3600 денари, а остатокот во Буџет на РМ. Повторувам со ова ниту МРФ, ниту јас имаме нешто. Парите одат на друго место.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 12:04 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Баџо НапишиCOLON
Dali ke ima nekoj malce posovesen pa da postavi sliki od RIBOLOV na sajtot od MRF!
Tamu osven osven sliki za dodeluvanje na pehari, razni gozbi i sredbi NEMA NIKAKVI DRUGI SLIKI ZA RIBOLOV, EKOLOGIJA, PORIBUVANJE? Zarem toa ne e vo agendata na MRF?

Баџо
Секако дека има и многу други работи освен доделување пехари. Погледајте подобро. Впрочем, многу прашања кои овде ги поставувате и се за многумина нејаснотија таму се наоѓаат во различни облици од правни акти, преку информации до фотографии.
Поздрав


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 12:10 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
spiro_jas НапишиCOLON
а каде можи да се најди на сајтот на МРФ извештај од НАДЗОРНИОТ одбор како и колки сретства
и кај се распределени --ете за тие што неможат да присуствуваат на годишните собранија на МРФ -барем да видиме кај се сливаат парите од легитимациите и т.н :?:
"Спиро"
Согласно измените и дополните на Законот за здруженија веќе е обврска на здруженијата извештаите за финансиското работење јавно да ги објавуваат. Тоа ќе мора да го направат сите риболовни здруженија во Македонија, па и МРФ. Завршната сметка ќе биде официјално поставена на сајтот на МРФ по верификација на седницата на Собрание.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 12:20 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
STO IMATE UU PROGRAMA MRF ZA 2012 GOD,, moze mala prezentacija za kolegite,,samo ne, natprevar kup ovoj kup onoj..

nesto vo stilot zastita krivolov inspektori :D itn,,malku po komotni u prezentacijata bez ona spored clen toj,i toj, ;) ;) ;)

a i zimovo fanaa li 1 apas inspektorive vasi ili cekaat nekoj so trska da go :?: :?: :?:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 12:37 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
RadovanOhrid НапишиCOLON
Пред две години изработив програма за работа на комисија за информирање. Во неа покрај друго се предвидува член на комисијата да присустува на седниците на управниот одбор за да може да се информира членството за работата на Федерацијата и да помога за изработка на веб сстраната на МРФ. Досега таа програма не разгледувана и одобрена од Управниот одбор на Федерацијата. Претседател на таа комисија беше Димитар Михајловски од Битола , по него можеби сум назначен јас но немам таква одлука. Но тоа не е толку битно . Ако сум треба да сум информирам за сите збиднувања и одлуки во Македонска риболовна федерација за да ја известам јавноста и цленовите. Но не сум поканет да учествувам на ниту еден состанок на Управниот одбор на МРФ. Инаку накратко она сто го слушам како и Вие , Федерацијата е блокирана околу милион денари без камата за обврски направени во 2010 за одржување на Балканското првенство на езерото Треска во Сарај. Така да многу пари од легитимациите ќе заминат на друго место. Годинава како и лани ќе нема натпревари, освен со котизации но се виде како функционира тоа минатата година кога немаше скоро ниту еден натпревар. Годинава е планирано да се одржи Балканско првенство во Охрид но поради немање на средства вероватно нема да се одржи. Нема да се учестува на светски и други меѓународни првенства. Нема да се плати чланарина во ЦИПС и ке не исклучат и потоа ке не примат под ФИРОМ. Толку од неформираната комисија за информирање. (хаха) Бистро !

Поздрав за Радован
И овде има неколку работи, па ајде по ред.

За таква "програма за работа на комисија за информирање" прв пат слушам. До мене и до УО на МРФ такво нешто не е стигнато.

Второ. На седница на УО на МРФ може да присуствува секој кој сака. Седниците се секогаш отворени и јавни. Од моментот кога сум претседател, до денешен ден, секој кој сакал да присуствува не седница на УО, можел да присуствува без никаков проблем. Така да не знам зошто треба некаква посебна покана или дозвола за да присуствува член на Комисијата за информирање. Ако не се лажам, Радоване, мислам дека имате присуствувано на седници на УО.

Трето. Информацијата дека сметката на МРФ е блокирана е точна. Изгубивме судски спор од 2009 година и решението е конечно и извршно. Не тужеше градежната фирма која ги изведуваше работите во подготовката на патеката за одржување на Балканското првенство во 2009 година. Накратко, активностите требаше да ги плати Агенција за млади и спорт. Тоа таа не го стори па обврската беше префрлена на МРФ. Ние се жалевме и судевме веќе три години и на крај го изгубивме спорот. Сумата е 590.000 денари плус судски трошоци, а не како што пишувате "еден милион без камата".

Четврто. Јадранско-подунавски Куп или како што милуваме да го нарекуваме "Балканско Првенство" во Охрид секако ќе се одржи. Кандидатурата е поднесена и прифатена така да од тоа нема бегање. Ако не се лажам, во последните разговори кои ги водевме, беше прифатена вашата понуда, вие лично и локалното здружение (СВ. Апостол Петар) да земете учество во организацијата и логистиката од локално ниво.

Петто. Членарина за ЦИПС секогаш била плаќана и пак ќе биде платена. Тоа во ниту еден момент не било доведено и нема да биде доведено во прашање. А околу насловувањето на државата и покрај сите притисоци од страна на грчката и француската федерација останавме со името под кое сме примени во ЦИПС.

Мислам дека е доволно

Поздрав и повели на седница на УО. Ке го задолжам секретарот посебно да те информира за терминот и дневниот ред.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 12:38 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Bev edno vreme otsuten i gledam deka povtorno ima aktivni clenovi od MRF sto mnogu me raduva.
Bi sakal samo da zamolam, konstruktivno i kulturno odnesuvanje.
Na golem del od prasanjata sto se postavuvaat veke ima odgovori vo temava, pa bi zamolil prvo da se procita od pocetok pa posle da se postavuvaat prasanja.
Uste ednas bez nedolicni zborovi.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 12:52 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
spiro_jas НапишиCOLON
луѓе се виде нивното а и допрва ке гледаме од нивните ангажирања околу риболовот
само не знам шо мислат дека прават со ова што не се уклучваат
изгледа ги оштрат ножиците -- ке има нова тура стрижење на овци
Прескокнав неколку коментари, не сметам дека се неумесни, но искрено немам коментар. Има работи кои држат и оправдано е што како риболовци чувствувате револт.
Немојте да мислите дека тој револт е само кај вас. А и ова со стрижењево не е за коментар, ама ај.....


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 1:15 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
zdravo Vasil ocigledno i kaj vas ima revolt pa ako e taka togas kako nasi predstavnici pred vlasta sto ne probate da gi soberete drustvata i da probame nekoj da gi slusne nasite maki (dali toa ce bidat prestavki ili baranje za priem pred ministerstvo za vsa ili duri i eden miren protest itn), da im kazeme deka neodgovorno se odnesuvaat ,dve godini ne d...t so koncesii ,ne gi cuvaat vodite,inspektorite im sedat vo kancelarii,godisnata ja napravija vip a vodite im se prazni,itn..

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 1:28 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
ico baits НапишиCOLON
nezadovolstvoto e zajko i nepoverenjeto pregolemo kon niv, veke i malite deca znaat, se raboti za 20000sporski i rekreativni ribolovci koj sakaat da uzivaat u ribolovot ,, ovde e problem sto nikoj do sega ne se svrtel protiv niv, prvoto vrtenje ke bide kobno za niv,,

jas ne se nerviram za mrf,poveke za koncesionerite sto gi ebaa vodite, i za niv ke imna crven karton, vo narednata godina, poloitikata ke odlucuva se, pa i za ribarite,,

Поздрав Ицо
Овде се линкував, но коментарот ке се однесува на повеќе твои и некои други коментари.

Не сакам да се правдам ниту себеси, ниту МРФ и УО затоа што во оваа констелација на односи повеќето коментари во кои се искажува револт и недоверба се оправдани. Не се само луѓето од форумот револтирани. Станува збор за 20.000 луѓе и веќе 50 риболовни здруженија. Револтирани се многу од нив, од состојбите и од индиферентниот однос на релевантните фактори. Што треба повеќе да се направи за да им се укаже на надлежните во министерствата дека оваа работа околу риболовот и риболовните води е во нивни раце и најпосле треба сериозно да ја сватат и да дозволат да се стават работите во ред. Десетици официјални обраќања има и од МРФ и од здруженијата до министертвата. Секој втор ден некоја катастрофа, помор, кражба се објавува на тв. Пазарите се полни со крадена риба. Сите гледаат и сите знаат се, а завршница на покренатите спорови нема. Денес го добив официјалниот извештај од Државната Риболовна Контрола на МРФ. Еден куп акции, еден куп пријави и сеуште ниту една не е решена судски. Замислете ги тие луѓе кои одат во акции цела година. Каков е нивниот морал и ентузијазам кога после цела година по терени почнуваат да се влечкаат по судници низ цела земја и на крај сторителите заминуваат неказнети. Тие се револтирани, па им паѓа моралот, па потоа ги фаќа инат и пак одат на терен и се борат со рибокрадците. Многу често без надокнада и материјална корист. И на крај најстрашно е кога ќе се појави некој паметњакович, кој не мрднал од кревет и од зад компјутер и ќе каже "ништо не се прави", "тие са вакви или такви" или "да сум јас таму ќе направ ова или она".

Пријатели риболовци, тоа што не се обајвуваат активностите на вашиот сајт не значи дека ништо не се прави. Се прави и има многу ентузијасти во земјава. Апсурдно е да сметате дека сите чесни и искрени риболовци се приклучени само на овој сајт и се наоѓаат во вашето здружение. Ги има многу во земјава и секој на свој начин, како и вие, се обидува да даде свој придонес кон подобрување на сосојбите. Но бидете реални, покрај се што ни се случува во земјава и опкружувањето рекреативниот риболов е ставен на маргините.

Многу се расприкажав. Подобро сега да прекинам затоа што многу нешта може да кажам.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 11, 2012 1:41 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Vasil toa sakav da kazam ,nekoi luge ne placaat struja pa ce zaprat edna raskrnica i op ..ce im pustat struja ..
dali ne mislite deka treba da se nastapi pobezobrazno zatoa sto samo toa pali vo ovaa drzava.

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS3132333435ELLIPSIS119»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum