Прашање до Васил:
Зошто и годинава ја задрживте цената на 400 денари за легитимација, наместо 300 како што беше до 2010, кога се доделија концесиите и секако ќе имате поголем прилив од лани? Или и вие како останатите трговци, цените само нагоре, никогаш надолу?
Ова е прво прашање.
Мислам дека веќе зборував за ова, но ајде уште еднаш.
Со измената и дополната на Законот за рибарство и аквакултура, кој го иницираа и направија "пријатели" на риболовците, риболовните здруженија и МРФ, предвидените средства за работа на федерацијата и наменските средства за порибување се пренасочени во средства кои се уплаќаат дирекно во Буџет на РМ. Имено, 30% од вредноста на легитимацијата МРФ го уплаќа во Буџет на РМ.
Тоа значи дека 120 денари, секој рекреативен риболовец уплаќа дирекно во буџет на РМ. За МРФ наместо претходните 300 сега остануваат 280 денари. Соглано ова, цената на легитимацијата не ја покачи МРФ туку некој друг. Треб ада се запрашаме/те, кој го направи тоа и зошто.[/quote]
Дали тоа значи дека од сега ќе порибува владата поточно МЗШВ ???