МОЕ ИСКУСТВО И ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ОВИЕ ЈАДИЦИ......
Јас сум човекот што на Аки и Кирца им докажав на терен да видат со сопствени очи дека овој тип и модел на јадици на Мустад мене лично не ми одговараат за лов на сом....... Зошто ????
Значи, јас немам ништо против фирмата Мустад или против нивните производи.....напротив јас лично користам нивни јадици но не секои.....
Еве дел од мојата палета нивни јадици......
Но да бидеме јасни........Задоволен сум од сите останати типови освен од последниот тип.
Таа јадица има многу остар врв, што е многу битно при ловот на сом, знаејки дека сомот има вилица тврда како камен, и може без проблем да ги пробие тврдите чешли, но не ми се допаѓа нивната мекост. Значи телото на јадицата се витка лесно и се извитоперува што воопшто не е добро.Барем овие што јас ги имам......и 100% знам дека и кирцаск ги има.Еве еден пример кој си го чувам до ден денес а ми се деси да се извитка во Демир Капија најверојатно закачена на карпа при влечење да ја откачам......
Врвот верујте не се иступи арно ама и тој се извитка....
Го чувам ова пакување кое брои 12 парчиња, и откако едната ми се извитка веќе ниедна немам врзано....
Можеби оваа пратка била таква, или јас многу сум запнал
но моментално бев разочаран.
Е сега од истата марка сум презадоволен од овој тип на јадици, ги имам купено во Велес на враќање од риболов и коштаа отприлика 12-15 денари парче
И овие јадици кои ми се донесени од Грција и коштаат 50 центи по комад или 30тина денари и се врв од јадица што имам купено до сега. Ковани, со крупно тело и нежно закосени на една страна....
Нека ми извинат сите што не се согласуваат со мене, тоа е моето искуство!!!
За истиот проблем имам разговарано и со Зоки од Рибарски приказни, и човекот беше зачуден
!!!
Да повторам, не ја кудам фирмата, едноставно не сум задоволен од овој тип јадици зошто при еден мој риболов ме разочараа.....
Да ги чујам вашите коментари.......
Поздрав и Бистро
(извинете за квалитетот на сликите, сликано е со мобилен телефон)