Откако заради нашата болест, и риболовен излет ке се напнете и натоварите како магаре, и од активностите и нервозите при риболовот немате време да изедете ништо повеќе од калоричен рибарски сендвич сместен во пола леб, нормално следи надополнување на желудочната празнина пред почеток на Велигденските пости со еден омлет a la $DARE$ ......
Потребни состојки......
1. 150гр пресувана солена сланина
2. 50гр овчо сирење
3. 4 јајца (3 леви и едно десно)
4. Неколку печурки
5. 1на кисела краставичка сечена на тркалца
6. Оригано
7. Маслинки
8. Пиперка со павлака
Додека сланината, краставичката и печурките се пропржуваат на тавче за палачинки, во еден подлабок сад ги матиме јајцата со сирењето и ориганото. Кога се пропржени печурките, сланината и краставичката прелеваме со јајцата и оставаме да се запече па преклопуваме на пола и сервираме со пресечена пиперка со павлака и неколку маслинки. Изгледа отприлика вака..........
Еве малку од поблиску само заради визуелен ефект.....За вкус ке морате или да ми се најавите на гости или да пробате дома
И нормално на крај надомест на изгубениот шекер заради доживеаните адреналински шокови
(да бидеме јасни................од слаткара е )
Поздрав