Колеги риболовци,
Според законот, секој што сака да извади било каква риболовна дозвола (дневна, месечна, годишна), мора да поседува Легитимација за рекреативен риболов, која ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација).
И годинава легитимациите ќе чинат 400 денари.
Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2011), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои прв пат во животот ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика.
Е сега, сите оние кои сакаат да извадат легитимација, а планираат тоа да го сторат преку нашето здружение РИБАР 2011, доволно е да ми испратат порака на форумов со следните податоци:
ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2011
- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА
- ЕМБГ (Матичен број)
ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА
- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА)
Нашето здружение ќе ги извади легитимациите групно за сите, а откога ќе ви ги доставиме, ќе уплатите/ќе ни дадете по 400 денари.
Податоците може да ги пратите на приватна порака, или на
contact@ribar.com.mk (сликите обавезно на е-маил)
Ве молиме, доколку навистина сакате да извадите легитимација преку нашето здружение, податоците да ги доставите во наредните неколку дена.