www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 12:47 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS47»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 26, 2011 8:41 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Барав а неможев да најдам текст посветен на ова некогаш мноооогу богато со риба езеро, а доста малце посетено од спортските риболовци. Текстот го пишувам со цел да му посочам на нашите колеги ‘крапари‘ ревир што сега во овој период е доста активен за ловење на крап од обала.Во контакт со неколку други колеги ми кажаа дека таму на потегот од Сирхан до Отешево веќе се редат колегите рибари од Ресен и значи чекаат нешто :lol: , а за тоа дали имаат фатено ќе речат-ниш море неикит! А ранците им мрдаат како вибратори во јавна куќа.Сакам да кажам дека како колеги неможе да се рачуна на нив бидејки воопшто не се културни во риболовот, оди да фаќаш и одма ќе ти дојде некој и ќе рече : абе тоа место е на Спасе, тоа потаму е на Климета...... и така во недоглед, а иначе местата си ги знаеле според бојата на празните шишиња поставени како маркери кои седат од Јуни па се додека не скапат конците во Декември. Наназад стално сме имале проблеми околу тоа кој на чие место фаќа, а инаку се лови претежно само во текот на ноќта и како мамец исклучиво пченка, а за големината на примероците е од 1 кгр па нагоре. АКО ИМА некој од Ресен на форумов се надевам дека ке дополни нешто и секако ќе даде пресна и точна информација за ова наше некогаш богато со риба езеро.За мрежарите и да не пишувам бидејки таму не важат законите на РМ и се фрлаат мрежи кој како сака, каде сака и колку сака.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 27, 2011 2:13 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
badzo jas vo nedelata koga se vrakjav od TRPEJCA pominav tuka kaj SIRHAN
i kolku sto vidov mnogu trska ima
taka da i tie 5-6 mesta po eden dva metra iscisteni niz trskata bea zafateni
od kolegive a cim cekaat izgleda i vadat

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 24, 2012 11:24 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Нова вода го задушува Преспанското Езеро

Водата што се враќа во Преспанското Езеро почнала индиректно да го загрозува рибниот свет во него. Зголемувањето на нивото за 1,80 метар во последниве две години почнало да предизвикува распаѓање на тревата што дотогаш растела на бреговите од кои водата била повлечена. Распаднатите материи во кои се содржани и вештачки ѓубрива и други хемикалии, кои се таложеле со години, сега значително го влошуваат квалитетот на водата, во која с` повеќе има азот и фосфор и други токсични материи. Ваквото влошување најмногу и најдиректно ги загрозува преспанската мрена и поточната пастрмка, но и други ендемични видови риба што постојат само во Преспанското Езеро.

Ендемичните риби ги загрозува и брзото и неконтролираното размножување на рибата која се нарекува сончарка и која е внесена однадвор. Оваа агресивна риба брзо го освојува просторот и ги потиснува ендемските риби, кои ги преместуваат своите живеалишта во деловите на езерото што им припаѓаат на соседите Албанија и Грција. Експертите предупредуваат дека мора да се применат мерки со кои ќе се запре загадувањето на езерото, во кое се слеваат и фекалните води од околните села.

На влошувањето на водите предупреди вчера и информацијата од УНДП во која се најавува скорешно објавување на посебна публикација која детаљно ги обработува рибите на Преспанското Езеро. Според истражувањето, во моментов во водите на езерскиот слив живеат вкупно 23 различни вида риба, од кои 9 се ендемични за Преспа. Познато е дека ова езеро долги години се соочуваше со губење на значително количество вода како резултат на помали дотоци и истекувањето во соседното Охридско Езеро. Последниве две години има процес на враќање на водата, но нивото с` уште е за 4 метри пониско од она што се смета за нормално.

- Езерото веќе станува еутрофно и поминува низ процес на трауматични промени. Тревата и други растенија што останаа на бреговите од кои се повлекла водата не се распадна по природен пат. На неа се таложеа разни хемиски и други материи. Сега, таа е повторно прекриена со вода и почна процес на распаѓање. Овие материи, кои се распаѓаат во езерото, внесуваат материи на кои не им е место во водата. Имаме и двојно цутење на микроскопски алги кои лачат одредени отрови - укажува Зоран Спирковски, раководител на одделението за рибарство и аквакултура при Хидробиолошкиот институт од Охрид.

Инаку, провидноста на езерото, на пример, е за 30-70 отсто помала споредено со мерените вредности од пред 15 години. За период од 20 години, просечните зимски температури на водата се намалиле за околу 4 Целзиусови степени како резултат на спуштањето на нивото на водата.

Истражувањата укажале дека во ова езеро веќе постои големо нарушување на балансот на рибите.

- Рибата сончарка, која потекнува од Северна Америка и за која рибарите велат дека во водата е како плевел, во тревата се размножува многу и веќе ги загрозува другите видови. Нејзиното присуство мора да се намали ако не сакаме да се случи најлошото - вели Зоран Спирковски.

Досега е утврдено дека поради намаленото ниво на водата и наталожениот мил, преспанската мрена почнала да ги напушта местата каде што вообичаено се размножува. За разлика од порано, тие локации сега се подалеку, кон Kоњско и кон Грција каде што има камени подлоги какви што бара оваа риба за да положи икра.

Спирковски објаснува дека штетните материи навлегуваат во организмот на рибите и го оштетуваат.

- Нивото на токсините во рибите с` уште не е опасно за луѓето бидејќи тие се губат при подготвувањето. Но отровите се опасни за организмот на рибите, за нивното натамошно размножување - наведува тој.

Планирање на уловот
Меѓудржавниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа, кој пред две години го потпишаа Македонија, Албанија и Грција, предвидува интегрална грижа за квалитетот на водите и за живиот свет во ова езеро.

- Планот содржи препораки кои треба да го подобрат управувањето и со рибниот фонд на Преспа. На пример, да се воспостави систем на комуникација меѓу трите држави со кој заеднички ќе се планира количеството на рибите што ќе бидат уловени, а не тоа да се прави индивидуално - вели Димитрија Сековски, раководител на проектот на УНДП во Преспа.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 24, 2012 7:12 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Сунчица на преспанско :shock: :shock: :shock: ПИШИ ПРОПАЛО !!!

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 24, 2012 8:16 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... која таа Сунчица или Сончарка? Дан`е оваа:

[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 24, 2012 8:21 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Kako pirana e hahahaha ovaa i amercko ke ostanat kaj nas za nekoja god i ke bidat atrakcija.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 24, 2012 8:43 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Јан 19, 2012 8:26 pm
МислењаCOLON276
ЛокацијаCOLONskopje
Sunccicata na prespansko Ja ima Uste od pre 10 godini , Ova go kazuvam od iskustvo zatoa sto sum fatil I sum gledal kako mestanite Ja vadat od mrezi I posle pravat koftinja od nea!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 24, 2012 10:10 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... иам слушнато дека и во ОЕ ја имало, кун Радожда онаму, ама немам лично уште видено, а често гњурам. Јатна Риба е и ситна е и сакат топли види со многу растенија. Ама да прајт штета не ми е познато, ја имат и ваму во Германија и јас ко ќе фатев, една до две ги носев во Аквариум :mrgreen:

А за Ќофте ја користам оваа Риба http://www.youtube.com/watch?v=GY412xY1Ulc :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 25, 2012 2:12 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
stukata e lek za suncicata.kakvi boi ima prvokativni suncicata,stukata smo nejze ke ja pikira,mislam deka ako se poribi so stuka prespansko edno 50 toni ke bide za nekolku godini raj za stukolovcite i plus krapot i stukata ziveat bez pogolemi problemi.Da im kazeme na grcite da poribat so stuka tie ja imaat za izvoz.

_________________
...?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 25, 2012 4:13 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Jул 11, 2011 3:14 am
МислењаCOLON105
ЛокацијаCOLONVeles
Ja imam sretnato vo reka Topolka a vo velesko ezero ja ima od pred mnogu godini,interesna riba e ne se plasi mnogu da bega koga ke i se priblizis a isto taka stoi vo mesto bez da se pomrdne i e dosta interesna.Mozebi nekoj ke rece stetna riba e zatoa sto e prva do jadicata duri ni kostrezot ne i e ramen ama za voa ima let: taa riba e samo vo plitko a vo podlabogo ne odi :)


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS47»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum