Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON |
Која е поентата на подвез од 5 сантиметри и во кои ситуации би се користел. Нели е тоа премалку и крапот во многу ситуации не би ни можел да ја ушмука јадицата поради тежината на оловото и краткиот подвез ???
Должина на предвез од 5 санитиметри е повеќе од доволна ако знаете дека просечната големина на уловените крапови се движи од 2 до 4 кг.
Крап од 10 килограми или повеќе, ќе го помрдне целиот систем во истиот момент кога ќе проба да се врати во првобитна водорамна положба после вшмукувањето под одреден агол, пред се поради неговиот габарит.
Мал крап со тежина од 2 или 3 кг при должина на систем од 15 цм, ќе треба малку и да прошета лево десно за да успее да го помрдне целиот систем и да се замозакачи.
Со ваква должина на предвези замозакачувањето на риба со наведените димензии е скоро моментално, без многу големи шанси да го исплука во меѓувреме целиот систем.
Многу лесно се приметува поготово на натпревар на води со добра популација на крап, дали системите ви се предолги или не.
Ако имате повеќе лажни повлекувања (титкања) без реализација, тоа е добар знак дека нешто не е во ред со вашата монтажа или начинот на презентација на мамаецот.
Се разбира дека предвез од 5 цм е прекраток за да може крап од 10 кг слободно да ги вшмука и да се закачи, но кога знаете дека популацијата на крупен крап кој можете да го очекувате на еден натпрвар е помала од 5%, тогаш апсолутно нема смисла вашите системи, тактики и техники на презентација да одат во тој правец.
На натпревар на води од типот на Аквариум, Гогомонд и сл, се победува со ситен крап, не со капиталци.