Вака, ова го пишувам за сите оние што имаат мислење дека „Штуката“ како риба е напаст, т.е. дека истата го истребува рибниот фонд:
ВО ГОЛЕМА ЗАБЛУДА СТЕ!!!!
Штуката е инаку многу сродна на семејството на „salmonidni“ видови на риби како: лососот и групата на различните видови на пастрамката. Многу е ценета во западна европа и Скандинавија, а за Канада и САД да не зборувам (постојат цели индустрии кои изработуваат риболовна опрема, токму за Штуката). Инаку, истата се храни исклучиво со мали рипчиња, т.е риби, за кои јас имам податоци дека се со различни аномалии и повреди, па заради тоа Штуката во некои земји ја нарекуваат и „риба хирург“. Незнам од кои причини кај нас во Македонија досега не беше порибено со неа,но браво за оние ентузијасти кои имаат пуштено по некое парче во нашите води. Луѓе нема потреба од страв дека рибниот фонд ќе биде истребен од Штуката, тоа може да го направи само „ЧОВЕКОТ“.
ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ШТУКАЏИИ
Каков коментар секоја чест. Штуката е МНОГУ СРОДНА СО СЕМЕЈСТВОТО НА SALMONIDNI ВИДОВИ НА РИБИ КАКО: ЛОСОСОТ И ГРУПАТА НА РАЗЛИЧНИТЕ ВОДОВИ НА ПАСТРМКАТА. КАТАСТРОФА. Споредба меѓу црно и бело. Штуката прво припаѓа на фамилијата Esocidae, род Esox i вид Esox Lucius која е најзастапена во Европа но не и кај нас. Во семејството на пастрмката или salmonidae, има повеќе видови, калифорниска, поточна, македонска, мекоусна и други видови и точка. Штуката за жал кај нас ја нема, прекрасна спортска риба ама ја нема, со исклучок на река Струмица која припаѓа на вливот на Струма. Таа не е автохтона риба со што би значело секое нејзино пуштање во нашите води ќе се наруши екосистемот во средината. Таа не е миграторна риба и мигрира само под одредени околности, недостиг на храна, големи климатски промени. Нашите риби не ја препознаваат штуката немаат одбрамбени механизми не бегаат од неа и стануваат лесен плен. Плодноста не е многу голема во споредба со другите риби, но издржливоста и растењето повеќе и побргу од другите видови и дава предност во преживувањето. Играњето господ со носење на штука во наши езера и реки од така наречени ентузијасти е катастрофа, имаше и коментари ако се носи во Водоча тоа било затворена вода нема каде да оди, а ако ја фатат други ,,ентузијасти,, и ја однесат, на друго место. И пак за жал ја нема кај нас, ама ја нема, нема и други видови на риби Бас, Деверика, Младица, Плотица, Буцов. Овие риби ги има во соседството и таму може да се фаќаат колку сакаме ама не и да се носат во нашиве води кои и онака се за жалење. ова е мое лично мислење и немам ништо лично спрема штуката како таква земена у глобала.