Оригинален начин за закачување на глањата на најлинот , патент на FOX кои некои производители го копират. Ако одберете свингер со ваква глава , побарајте од купувачот да ви презентира безпроблемно откачување на главата од најлонот.
Зошто безпроблемно, главата се прицврстува на таков начин со помош на една мала копча(ако може така да ја наречам) и ако не е направено како што треба при контрирање може да ви се случи род подот да го дигнете во воздух.
Второто кое прави впечаток е оној дел од свингерот кој се поставува под сигнализаторот.
На горните две фотографии е прикажан ист деталј но сум одбележал на вториот колку е ослабена плочката која сигурно многу брзо ке пукне.
На што ли штедат производителите Господ знае.
Проблемот со НЕ откачивање на најлонот го нема кај овој модел , дали ке одберете светлосен или обичен си е личен избор. Може да поставите и beta light ампули и во наредните десетина години ке имате светлечки свингери.
Регулирањето на двете штипки кои се закачуваат на најлонот се врши со шрафче кое се наога од долната страна на главата.
Ако сте решиле да купувате хенгери гледајте барем да имаат метална глава. Хенгерите со пластични глави на повисоки надворешни температури со сигурност ке ви го упропастат риболовниот излет со честото самооткачување.