Врска нема од невидливост. Ќе имаш проблем за врзување на јадици, користи супер лепак. ќе имаш проблем со ставање на тапа, ќе ти проклизува на контри. Ставај предвез од флуорокарбон, ама со осмичка, за да можеш нанофилот да го врзеш со дупли паломар (нивниот препорачан чвор што го имаш на опаковката).
Абе Филип, незнам од каде ти са овие информации...за да не може да се врзе на јадица, дека треба ад се лепи со лепак, проблеми со тапата ...итн.
Јас вчера ги зедов двата од сашо што ги имав нарачано, едниот е 0.08 и 0.04.
Пробав да ги врзем на јадица и нема никаков проблем, се врзуваат без многу напор, ни треба да се лепи ни ништо, а истотака пробав и на тапи (во домашни услови), (тука не можем да гарантирам 100%), ни па на тапа се лизга доколку се прицврстува добро, го обележав конецот каде што го поставив тапата и го влечев конецот имповизирајќи контри, но не се помери во ниту еден сличај.
0.04 малку е по тешко да се врзува дека стварно е многу тенок, но повторно се врзува.
Сега сето тоа останува теренски да се проверува.
Првите резултати од моја страна се овие.
Мислим дека нема сериозни проблеми за врзување на јадуца, тапа...итн.