Бабуна помеѓу Нижилово и Богомила.На 100 км од Скопје.Патот е добар,сепак патуваш 2 саати.
Со упатства добиени од Ico Baits тргнав да си ја пробам среќата.Целта ми беше да видам каква е оваа река како терен за мушичарење и дали има пастрмка и каква.
Во кратки црти заклучокот е следен:
1 Како терен е добар за мушичкари кој учат да фаќаат на мали реки.Има вегетација ама е висока така да многу поретко ќе "закачува" на гранки
2 Реката е лесно проодна и е веднаш до патот.Нема големи опасности од паѓање во вода и нема незаобиколиви вирови и големи камења.
3 Изразито чиста околина(браво за мештаните).Бојата на дното е темнозелена па затоа и пастрмката е потемна.Има нијанса на индигоплава боја.
4 Добра река за почетници затоа што рибите се гледаат.За првпат гледам пастрмки кој се издвојуваат од дното.Ќе ја видиш па ќе зафрлиш пред неа,и гледаш како го зема мамецот
5 За жал од 6 саати на вода видов само две пастрмки.Со Ico се расправавме затоа што тој ми велеше дека има повеќе но не сум убеден (бар за тоа место).
Еве некоја слика
Едно мало пастрмче
Еве специјално за Naturale да кажам на која мушица ги фатив.Да не мисли дека ги кријам
Подоцна фатив уште едно пастрмче малку поголемо од ова ама снимав видео.Затоа што беше приквечерина видеото е со лош квалитет па не го ставив во репортажава.Ми треба онаа камерата HD HERO @