Повели Атанасовски
Во Македонија ихтиофауната се одликува со разновидност и распространетост во сите слатководни екосистеми (истечни и застоени води).Систематски рибите се групирани во две класи : р`скавични риби (“Chondrichtyes”) и коскени риби (“Osteichthyes”). Во нашиот македонски воден екосистем сите видови риби се од класата на коскени риби, поточно од нејзината поткласа “зракоперки” (“Actinopterigii”) и надредот “вистински коскени риби” (“Teleostea”).
Имајќи предвид дека кај нас во Македонија народот најчесто ги знае и користи локалните или народните имиња на рибите и притоа не се прави разлика за нивните основни белези и припадност во одредени семејства, често се прават грешки во практиката. Затоа е направен посебен систематско-таксонски преглед на видовиот диверзитет на рибите во Македонија. Како што ќе се увиде и од табелата ихтиофауната на Македонија е групирана во 13 семејства.
1. Пастрмки (“Salmonidae”)
- бр. на таксони -17,
- бр.на видови -11,
- бр. на подвидови - 6,
- % на застапеност на таксони -16,3%,
- статус – загрозени.
2. Штуки (“Ecocidae”)
- бр. на таксони -1,
- бр.на видови - 1,
- бр. на подвидови - 0,
- % на застапеност на таксони -1,0%,
- статус – ретки.
3. Слеѓеви (“Clupeidae”)
- бр. на таксони -2,
- бр.на видови - 1,
- бр. на подвидови - 1,
- % на застапеност на таксони -2,0%,
- /.
4. Крапови (“Ciprinidae”)
- бр. на таксони - 58,
- бр.на видови - 27,
- бр. на подвидови - 31,
- % на застапеност на таксони – 55,7 %,
- статус – зголемена експлоатација.
5. Вретенушки (“Cobitidae”)
- бр. на таксони - 12,
- бр.на видови - 4,
- бр. на подвидови - 8,
- % на застапеност на таксони – 11,0 %,
- статус – ретки.
6. Сомови (“Siluridae”)
- бр. на таксони - 1,
- бр.на видови - 1,
- бр. на подвидови -/,
- % на застапеност на таксони – 1,0 %,
- статус – зголемена експлоатација.
7. Џуџести сомови (“Ameiuridae”)
- бр. на таксони - 2,
- бр.на видови - 2,
- бр. на подвидови - /,
- % на застапеност на таксони – 2,0 %,
- статус – интодруц. од странство.
8.Јагули (“Anguillidae”).
- бр. на таксони - 1,
- бр.на видови - 2,
- бр. на подвидови - /,
- % на застапеност на таксони – 1,0 %,
- статус – загрозени.
9. Гамбузии (“Poecilidae”)
- бр. на таксони - 1,
- бр.на видови - 1,
- бр. на подвидови - /,
- % на застапеност на таксони – 1,0 %,
- статус – интодруц. од странство.
10. Перкии (“Percidae”)
- бр. на таксони - 5,
- бр.на видови - 3,
- бр. на подвидови - 2,
- % на застапеност на таксони – 4,8 %,
- статус – прекумерна експлоатација.
11. Сончарки (“Centrarchidae”)
- бр. на таксони - 1,
- бр.на видови - 1,
- бр. на подвидови - /,
- % на застапеност на таксони – 1,0 %,
- статус – /.
12. Камењарчиња (“Blenoidae”)
- бр. на таксони - 1,
- бр.на видови - 1,
- бр. на подвидови - /,
- % на застапеност на таксони – 1,0 %,
- статус – /.
13. Пешови (“Cottidae”)
- бр. на таксони - 2,
- бр.на видови - 2,
- бр. на подвидови - /,
- % на застапеност на таксони – 2,0 %,
- статус – /
Вкупно: бр. на таксони -104 ,
бр.на видови - 56,
бр. на подвидови - 48,
% на застапеност на таксони – 100,0 %.
Како што се гледа македонската фауна се одликува со извонредно богатство од таксони од кои досега целосно проучени се 122 таксони со 53 вида и 49 подвидови. Од биолошко и генетско значење на одделните таксони за биодиверзитетот на Македонија посебно се битни три семејства и тоа : саламонидни, краповидни риби и перкии.
Семејство на пастрмки (“Salomonidae”)
Во нашите акватични екосистеми и во рибниците од ова семејство се застапени 11 видови и 6 подвидови и тоа:
- “Salmo trutta” (слатководна пастрмка) со 2 подвида: “Salmo trutta fario L” (поточна пастрмка) и “Salmo trutta lacustris L” (езерска пастрмка);
“Salmo trutta fario L” (поточна пастрмка)
- “Salmo letnica Kar.” (Охридска пастрмка) со 4 подвида : “Salmo letnica tipicus” (зимска или пештанска пастрмка), “Salmo letnica balcanicus” (струшка пастрмка), “Salmo letnica aestivalis” (летна пастрмка) и “Salmo letnica liomi” (речна пастрмка);
- “Salmo farioides Kar.” (радичка [по р. Радика ]или мавровска пастрмка);
- “Salmo montenegrius Kar.” (гарска пастрмка);
- “Salmo pelagonicus Kar.” (пелагониска пастрмка);
- “Salmo peristericus Kar.” (пелистерска пастрмка);
- “Salmo balcanica Kar.” (балканска пастрмка);
- “Salmo marmoratus Cuv.” (главатица);
- “Salmo gairaneri Rich” (калифорниска пастрмка);
- “Salmothymus ohridanus Stein.” (охридска белвица, мекоуста пастрмка) и
- “Salmothymus fontinalis Mit.” (поточна златеста пастрмка).
Семејството на краповидни риби (“Cyprinidae”)
Во ова семејство се 7 подфамилии со 58 таксони, 27 видови и 31 подвид.
Подсемејството на кленовидните риби (“Leuciscinae”) опфаќа 35 таксони со 15 видови и 20 подвидови. Од нив македонски ендемити се:
Leuciscus cephalus albus (бел или охридски клен)
- “Leuciscis cephalus albus Bon” (бел или охридски клен), “Leuciscis cephalus macedonicus Kar” (струмички клен) и “Leuciscis cephalus vardarensis Kar” (вардарски клен);
- “Rutilus rutilus dojranensis Kar” (дојранска црвеноперка);
- “Rutilus rubilio ohridanus Kar” (охридски грунец) и “Rutilus rubilio prespensis Kar” (преспански грунец);
- “Rutilus utilus pigus virgo Ne” (платица);
- “Rutilus utilus macedonicus Steind” (мермур);
- “Pachychilon pictum Heck.& Kner” (моранец);
- “Phoxinus phoxinus L” (пиор);
- “Phoxinellus minutus Kar.” (охридско грунче);
- “Phoxinellus eroticus prespensis Kar.” (преспанско гунче);
- “Scardinius erythrophtalmus L.” (писа) со подвидови: “Scardinius erythrophtalmus scardafa Bon.” (охридска писа) и “Scardinius erythrophtalmus dojranensis Kar.” (дојранска писа);
- “Ctenopharyngodon idella Val.” (бел амур);
- “Alburnus alburnus alburnus L.” (белвица), “Alburnus alburnus alborela de Fill.”(охридска плашица, белвица), “Alburnus alburnus macedonicus Kar.” (дојранска белвица), “Alburnus alburnus belvica Kar.” (нивичка, преспанска белвица) и “Alburnus alburnus strumicaе Kar.” (струмичка белвица);
- “Alburnoides bipunctatus Bloch.” (вардарска плиска), “Alburnoides bipunctatus ohridanus Kar.” (шлунец) и “Alburnoides bipunctatus prespensis Kar.” (преспански шлунец);
- “Vimba vimba melanops Heckel” (попадика, легла) и “Tinca tinca L.” (линиш).
Подсемејството пак на скобусти (“Chondrostominae”) е застапено со 5 таксони (еден вид и 4 подвидови) и тоа
- “Chondrostoma nasus nasus” (скобуст), “Chondrostoma nasus ohridanus Kar.” (охридски скобуст), “Chondrostoma nasus prespensis Kar.” (преспански скобуст) и “Chondrostoma nasus vardarensis Kar.” (вардарски бојник).
“Chondrostoma nasus ohridanus Kar.” (охридски скобуст)
Подсемејството на мрени (“Barbinae”) е застапено со 8 таксони (4 вида и 4 подвидови). Од нив наши ендемити се:
- “Barbus barbus macedonicus Kar.” (македонска мрена);
- “Barbus cuclolepis strumicae Kar.” (источна мренка);
- “Barbus prespensis Kar.” (преспанска мренка);
- “Barbus meridionalis Pet.” (поточна црна мрена) и “Barbus meridionalis rebelli Koell.” (охридска мрена).
Подсемејството на кркушки (“Gobionianae”) е застапено со 6 таксони (1 вид и 5 подвидови).Од нив наши ендемити се:
Gobio gobio ohridanus
- ”Gobio gobio lepidolaemus Kes.” (ќупка) и ”Gobio gobio ohridanus Kar.” (охридски мренец);
- ”Gobio uranoscopus Agas.” (тенкоопашеста кркушка);
- ”Gobio kessleri Dyb.” (кеслерова кркушка) и ”Gobio kessleri kessleri Dyb.” (источна говедарка).
Подсемејството на плоски (“Rhodeinae”) е застапено со 4 таксони (1 вид и 3 подвида). Наши ендемити се: “Rhodeus sericeus meridionalis Kar.” (платиче) и “Rhodeus sericeus sericeus f. strumicae Kar.” (пласкун).
Семејството на вретенушки (“Cobitidae”) е застапено со 12 таксони (4 вида и 8 подвидови). Наши ендемити се:
- “Noemacheilus barbatulus sturanyi Stei.” (охридска вретенушка) и “Noemacheilus barbatulus vardarensis Kar.” (вардарска вретенушка);
- “Noemacheilus angorae bureschi Dren.” (струмичка вретенушка);
“Cobitus taenia ohridana Kar.” (охридска штипалка)
- “Cobitus taenia vardarensis Kar.” (вардарска штипалка), “Cobitus taenia meridionalis Kar.” (преспанска штипалка), “Cobitus taenia ohridana Kar.” (охридска штипалка) и “Cobitus taenia strumicae Kar.” (струмичка штипалка) и “Cobitus aurata balcanica Kar.” (златеста балканска штипалка).
Семејството на перкии ( “Percidae”)
Перкиите се застапени со 5 таксони, 3 вида и 2 подвидови. Наши ендемити се:
- “Perca fluviatilis macedonica Kar.” (дојранска перкија), “Stizostedion lucioperca L.” (смуѓ) и “ Zingel streber balcanicus Kar.” (балкански вретенар).
Од останатите семејства покарактеристични се овие видови риби :
- “Anguilla anguilla L.“ (јагула),
- “Gambusia affius Bair. Ginard” (гамбузија, живоротка),
- “Blennius fluviatilis Asso” (камењарче, мренка),
- “Cottus gobio L.” (еш) и други.
Распространетост на рибните популации во Македонија
Рибите во Р. Македонија се распространети во сите слатководни екосистеми – во водотеците, езерата, блатата и мочуриштата. Тие исто така се распространети и во вештачките акомулации и рибниците.
Табеларно распространетоста на рибните таксони по водните екосистеми на Р. Македонија изгледа вака:
1. Вардарски слив – 44 таксони, 42, 3 % застапеност на таксони, загрозен статус;
2. Струмички слив – 25 таксони, 24,3 % застапеност на таксони, загрозен статус;
3. Црнодримски сл.- 23 таксони, 22,1 % застапеност на таксони, загрозен статус;
4. Охридско езеро - 32 таксони, 30,7 % застапеност на таксони, зголемена експлоатација;
5. Преспанско ез. – 30 таксони, 27,8 % застапеност на таксони, зголемена експлоатација;
6. Дојранско езеро - 26 таксони, 25,0 % застапеност на таксони, зголемена експлоатација;
Вкупен диверзитет – 104 таксони
Во акомулациите и блататат видовиот диверзитет е сличен на тој во реките на кои се оформени, т.е речните проширувања и езерските забалтени терени. Нивниот видов состав често се менува бидејќи концесионерите форсираат улов на комерцијална риба и внесуваат во водните објекти таков вид риба. Во рибниците најчесто се одгледуваат комерцијални видови риба, најчесто калифорниска пастрмка, крап, амур, тестолобил (главаш).
Единствено во рибниците во Вруток и тој кај Македонски Брод се одгледува автохтона поточна пастрмка со која се порибуваат горните текови на реките.Останатите делници поради загаденост на водите не се подесни за развој на оваа риба.
Битно е да се напомене и следното. Внесувањето на некои видови риби од странство во македонските води има негативно влијание. Такви се примерите со несовесното внесување на калифорниската пастрмка во Охридското езеро (од територијата на Р. Албанија), но и особено “случајното” внесување (посредно) на американското и канадското џуџесто сомче во Тиквешкото Езеро (преку реката Блашница), а од таму потоа и во Црна Река и Вардар со притоките. Тие досега му нанесоа огромни штети на рибниот фонд на нашите македонски автохтони видови риби.