Драги колеги, продолжува традицијата на новогодишни лицитации на кои во изминатите години собравме доста пари со кои се порибија куп води низ Македонија.
Годинава Рибар 2011 за прв пат е концесионер и редно е да се направи една лицитација за порибување на сопствената вода. Па така парите кои ќе се соберат годинава ќе одат за екстра порибување на реката Треска, Вардар и Лепенец. Притоа овие средства ќе бидат плус од она што Рибар 2011 веќе има во план да го пориби на овие наши води.
-Лицитаците почнуваат од денес и ќе траат еден месец односно до 22 јануари
- Производите кои ќе се понудат на лицитација треба да бидат во исправна состојба
- Секоја тема односно секоја лицитација ќе трае 7 дена и производот го добива оној кој има понудено највисока цена за конкретниот производ
- Секој има право да отвори колку сака лицитации со кликање на “нова тема“ во овој раздел
- Понудената највисока цена по завршувањето на лицитацијата треба да се уплати на сметката на Рибар 2011 кој воедно ќе го извести тој што ја поставил лицитацијата дека уплатата е извршена и дека производот може да му го даде/испрати на тој што лицитирал со највисока сума.
- По завршувањето на секоја конкретна лицитација тој што има највисока сума има рок од 5 дена да изврши уплата, а во спротивно производот ќе се понуди на вториот највисок понудувач.
- Најмала сума на подигнување на вредноста на лицитираниот производ ќе биде 50 денари.
Лицитациите уплаќајте ги на следниов начин:
СО НАЗНАКА ДОНАЦИЈА ЗА ПОРИБУВАЊЕ
БИСТРО И НЕКА ПОЧНАТ НОВОГОДИШНИТЕ ЛИЦИТАЦИИ