ке видме ајде, во сабота одам сабајле рано. монтирав на 5 м. телескоп 13-ка влакно горила, 17-ка јадичиња фудо од тие црвенките и 5 оловца од по 9 грама на растојание околу 2 см. едно до од друго, детално се прочитав по форумов и мислам дека тоа е тој "убиствен" сетап.
))))
ке ловам на француско а за прихрана ке користам сега за сега обичен леб.
во недела исто така одам со истиот сетап али во недела ке пробам на пченица бидејки читам дека и на пченица мавала, па ке видиме, ке споделам резултати.
Ако ставиш 5 оловца по 9 грама имаш сетап за фаќање на сом а не на црвеноперка. Дури и ако ставиш 5 оловца по 0.9 грама пак користиш тапа од 4.5 грама што ти е многу за црвеноперка. Е сега ако ставиш 5 оловца од 0.09 грама (што се користат за фино подесување на тапата) фаќаш со тапа од 0.4 грама што е доста осетливо за велешко. Јас за црвеноперка користам тапи од 0.5 до 1.5 грама на Велешко, во зависност од длабочината и типот на тапата.
ПС: Според мене, за на нашево езеро 13-ка влакно ти е многу за оваа риба..користам 10-ка Даива, (150 метра 150 денари мислам дека беше од продавницата кај стар мост - да не користам имиња за да не излезе рекламирање)
Бистро