www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 5:28 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Јадранско-подунавски куп Џетиња 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 1:33 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Од 10-13.05.2018 се одржа 9-тиот Јадранско-подунавски куп во мушичарење на реката Џетиња кај Ужице, Србија. На натпреварот имаше 21 екипа, односно 63 натпреварувачи. Од Македонија учество зема една екипа, согласно резултатите од Државната мушичарска лига на Македонија, во состав Јулио Божиновски, Зоран Трајковски и Александар Цветановски (Цакуле) како натпреварувачи и јас како четврто пласиран за резерва. Со оглед на тоа што Цакуле доби принова два дена пред тргање, до последен момент не се знаеше дали ќе дојде или не. Утрото на 13.05 не извести дека сепак нема да дојде и јас го заменив како натпреварувач. За логистика ги земавме Пепи и Емил, требаше да бидеме тројца во позадина, но останаа само тие двајца.
Во четвртокот стигнавме до Ужице, се сместивме, прошетавме малку и на спиење. Во петокот станавме во 05:00, прво на доручек и после на тренинг. За тренингот бевме исто поделени во три дела каде што нема да се натпреварува, па Јулио остана во градот, Пепи и Зоки на среда, а јас и Емил отидовме на горниот дел на реката. Сите имавме улови на тренингот, видовме отприлика на што ќе ловиме на натпреварот, заврши официјалниот тренинг, не вратија во градот и ние правец на река да “дотренираме“. Фативме уште по некоја риба, ги дефиниравме мушиците и отидовме на свечено отворање, дефиле, кратка закуска, па на крај состанок на капитени, влечење позиции, комбинации итн. Вечерта се спремивме, се наместивме и во сабота станување во 05, доручек, собирање надвор и разнесување со комбиња по сектори. Јулио во А, Зоки во Б и јас во Ц.
Реката е релативно мала, како Сатеска и на некои делови малку поголема од Сатеска. Има поточара, младица и липљан (младицата и липљанот се дополнително порибени). Пастрмките што се ловеа беа генерално 20-25/6 см, а липљаните 25-35 см. Младица нормално не се улови.
Во прво коло се упишавме сите (тоа ни беше целта на сам почеток, да немаме нула во било кое коо/сектор) и после прво коло бевме на 7-мо место.
После тоа не собраа комбињата, отидовме на некое излетничко место каде што имаше ручек за сите учесници на отворено, за после ручекот веднаш да се упатиме на стаза. Второ коло, јас во А, Јулио во Б, Зоки во Ц. И во второ коло се запишавме сите, а во генерален пласман се искачивме едно место погоре, 6-ти.
Вечерта во хотел со Зоки направивме дополна на мушиците, па на спиење, во неделата повторно будење во 05, доручек и на стаза за последно 3-то коло. Јас бев во Б, Јулио во Ц и Зоки во А. И во трето коло се запишавме сите тројца и тоа допринесе да се качиме уште едно место погоре во генерален пласман и да завршиме на високото 5-то место од 21 екипа, оставајќи ги позади себе дури и црногорците од Колашин кои лани беа прваци, а преклани вице-шампиони. Тргнавме без високи очекувања, познавајќи добар дел од натпреварувачите и нивниот квалитет, но очигледно и ние сме напреднале, па се пласиравме доста добро.
Во оваа прилика сакам посебно да го пофалам Зоки кој придонесе за добриот пласман со неговото прво место во сектор во трето коло, кога сите имаа 0, 1 или 2 риби, а тој беше прв со 6 уловени риби во мерка. Зоки, иако релативно неискусен во однос на другите, се покажа како одличен риболовец кој допрва ќе прави добри резултати.
На натпреварот се уловија и многу риби под мерка, а судиите не прогледуваа низ прсти ни за милиметар. Мене во прво коло не ми бодуваа пастрмка која беше 198 мм.
Организацијата имаше доста пропусти, малку неорганизирано беше одењето по позиции, судиите не ги почитуваа во целост договорените насоки, во некои сектори имаше мерење за време на натпревар што беше договорено да нема поради простор за манипулации, Емил имаше среќа како супервизор да биде заборавен на крај на стаза и да се враќа пешки после прво коло едно 2 км низ планина, а од другата страна на стазата заборавија натпреварувач од Словенија кој 2 часа чекал некој да го земе (во кањонот немаше мобилна мрежа) и така...
Во секој случај, добар натпревар со одлични екипи од 8 земји и уште едно искуство плус за нас.
Малку фотографии за крај, редуцирав колку можев :)

[ img ]

Се “брендиравме“ пред тргнување

[ img ]

Разгледување на реката во 6 наутро

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Официјалниот плакат на натпреварот

[ img ]

Прв ден, петок, тренинг и фотки по пат.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Свечено отворање, дефиле итн.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Последни консултации пред прво коло..

[ img ]

Неколку фотографии од реката, позициите и дел од натпреварувачите

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Заеднички ручек на отворено, па заминување за второ коло како жути мравки

[ img ]

[ img ]

Дел од уловите за време на натпреварот

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

И секако, неизоставниот дел од дружењето :)

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Екипни резултати после прво, второ и трето/последно коло

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Поединечни конечни резултати

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Поздрав и бистро од FF тим Македонија :fishing:

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 1:41 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Браво одличен резултат :ok_ok: .....одлично претставување на државата MACEDONIA ...сеуште ... :ok_ok:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 1:51 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aвг 25, 2012 12:20 pm
МислењаCOLON255
ЛокацијаCOLONSkopje
Браво за постигнатиот одличен успех се гледа дека напредуваме во овој спорт и покрај силната конкуренција (повеќето ако не и половината од натпреварувачите се репрезентативци на светски првенства). :thumbs_up:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 1:54 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
:~~ :~~ :~~ :~~ :~~ :~~ :~~ :~~ :~~ :~~

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 3:11 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aвг 22, 2011 9:47 pm
МислењаCOLON130
Bravo momci,odlicen rezultat


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 3:20 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
БРАВО, секоја чест. :shake_hand:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 4:06 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Браво
Догодина уште подобри
:~~ :~~ :~~ :~~ :~~


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 6:30 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON1119
ЛокацијаCOLONАеродром
Bravo i cestitki za postignatiot uspeh. :~~ :~~ :~~

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 14, 2018 9:12 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
chestitki mastori pozdrav od mene za dugo sechanje i bistro :mrgreen:


_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 15, 2018 9:37 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jун 10, 2011 5:18 pm
МислењаCOLON359
ЛокацијаCOLONSkopje -Ilinden -
Одличен пласман, чиста 5-ка за пето место ...Macedonia forever...
:~~ :~~ :~~

_________________
Риболовот не е хоби - тоа е животeн стил...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum