Ја денес едвај си дојдов при себе од што не бев спан...интересно е кога има риба, кога сите се запишани, кога нема нули, кога има риба на сите позиции и кога има вистински натпревар.... верувам ќе искочат убави репортажи и осврти од многу луѓе кои одлично поминаа.
Јас и Аки не поминавме добро...Аки беше цел отечен од забот и под јаки апчиња за смирување му направи доста проблеми, го буткаше и многу на спиење,...бевме во дел на езерото кој држеше доста мали риби, 12 од 13-те риби што ние беа во мерка беа риби од кило до две и затоа севкупно килажата беше мала, некои екипи со 2 риби имаа поголема килажа од нас во дадени моменти. Ова беше нашата најголема риба од 3.800 ако не се лажам, а останатите беа како тие на сликата подоле
Покрај 13-те риби во мерка имавме и преку 15 други извадени но под мера, немавме серија на поголеми риби кои ќе не качеа нагоре и тоа е тоа. Од левата страна бевме пресечени од екипата на Милчо кои поштено си изработија, доста прихранија и до некаде ја задржаа рибата од таа страна и тоа сигурно влијаеше, дополнително и ние си имавме наши утки пред се во количините на прихрана кои ги земавме и некои други работи и тоа е тоа...во се си има школо па и во овој натпревар.
Најбитно од се е што имаше постојано удари и акција и постојано императив да се работи и тоа по мене е одлика на успешен натпревар. Честитки на сите што учествуваа, а пред се на оние кои беа најдобри и дај боже да има што повеќе натпревари со вака убав улов.
Поздрав до сите