www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 10:09 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 29, 2018 1:53 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ова е конечната верзија на Правилникот за Спин лига 2018, кој треба да помине на УО на МРФ сега во среда (31.01.2018)

ПРАВИЛНИК
ЗА НАЧИН И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО ДИСЦИПЛИНАТА “ЛОВ НА ГРАБЛИВИЦИ СО ВЕШТАЧКИ МАМЦИ ОД ОБАЛА“

ВОВЕД

Овој правилник го регулира организирањето, начинот и правилата во дисциплината лов на грабливци со вештачки мамци од брег. Целосното име на оваа дисциплина е:
Лов на грабливици со вештачки мамци од брег, во понатамошниот текст “натпреварување“

Натпреварувањето е службена дисциплина во ЦИПС конфедерација, односно ФИПСед Федерација за слатководен риболов. Спаѓа во составен дел на дисциплини кои ги организира и спроведува МРФ.Овие правила се применуваат на сите натпревари што се одржуваат во Република Македонија во организација на Македонската Риболовна Федерација (вонатамошниот текст МРФ), нејзините членки спортско-риболовни здруженија или клубови (во натамошниот текст РЗК), и сите други организации кои имаат право да организираат натпревари во спортски риболов, било да се првенствени или
пријателски, со учество на домашни екипи и натпреварувачи или меѓународни


(1) Со овој правилник како посебен дел се опфатени:
- Правила за организирање и спроведување на натпреварувањето.
- Прибор (опрема)
- Бодување и утврдување на резултатите од натпреварувањето
- Организација на службени натпревари и избора на репрезентација на Р.Македонија
- Службени лица на натпреварувањето
- Обврски на службените лица на натпреварувањето
- Казнени одлуки
- Преодни и конечни одлуки

ПРАВИЛА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Член 1.

(1) Натпреварувањето се организира поединечно. Бројот на сектори зависи од бројот на натпреварувачи во екипите.
(2) Минимална должина на стартната позиција “натпреварувачки бокс“ во понатамошниот текст (бокс) изнесува10-20 метри. Ширината на боксот од водата према брегот е по слободен избор и ја сочинуваат слободни препреки и појас до кај што смеат да се приближуваат гледачи, новинари и останати посетители .
(3) Бројот на стартни позиции е двојно поголем од бројот на натпреварувачи. Пример: кога се натпреваруваат 12 натпреварувачи, секторот, односно стазата за натпреварување се дели на 24 стартни позиции. Секторите и стартните позиции се поставуваат од број 1 до број 24 нагоре од течението независно да ли е екипно или поединечно натпреварување.
(4) Во случај на пријавени повеќе натпреварувачи од минимално пропишаните во спин лигата, поеднинечното натпреварување може да се одржи во два сектора, а таквата одлука ја носат членовите на натпреварувачка комисија и истата ја објавуваат на ВЕБ страната на МРФ, 15 дена пред почетокот на натпреварувањето.

Член 2.

(1) Пријавените натпреварувачи задолжително се пријавуваат на зборното место, односно зоната за натпреварување, најдоцна 30 минути пред поочеток на натпреварувањето. Во тој рок се врши извлекување на стартниот редослед, разгледување на стазата и проучување на позициите.

Член 3.

(1) Во случај кога поединечното натпреварување се одвива во два сектора, тогаш диригирано натпреварувачите извлекуваат сектори, само на првото коло од лигата, да не се најдат во истиот сектор, на начин да во А сектор биде поглоем број ако истиот е непарен “3+2=5“. После тоа останатите по редоследот на извлекување извлекуваат сектор и на крај за секој сектор се извлекува редослед на излегување на стаза.

ПРОЦЕС НА ОДВИВАЊЕ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Член 4.

(1) Првиот сигнал означува почеток за преглед на стазата и стартните позиции, кој ги разгледуваат натпреварувачите.
(2) Вториот сигнал означува крај на прегледувањето на стазата и стартните позиции, и означува натпреварувачите да се вратат во централниот бокс во рок од 15 минути.
(3) После разгледувањето на стазата и стартните позиции главниот (секторски) судија ги повикува натпреварувачите кои по веќе одреден редослед на извлекување, “од шеширот“ извлекуваат редослед за излегување на стаза по однапред одредена табела која е направена од страна на главниот судија.
(4) Третиот сигнал означува почеток на натпреварувањето кое трае четири сата и е поделено во четири рунди од по 45 минути и паузи од по 10 минути помеѓу рундите. Почетокот и крајот на секоја рунда го означува главниот судија на јасен и гласен начин.
(5) Пласманот се утврдува за секоја рунда посебно према бројот на уловени риби, додека за финалниот пласман на колото се собираат резултатите од секоја рунда.

Член 5.

(1) Натпреварувачите го започнуваат натпреварувањето на начин така што секој излегува на стаза по извлечениот редосле и завзема стартен бокс кој му одговара и го чекаат знакот за почеток на рундата. После означувањето на почетокот на рундата секој натпреварувач може да менува бокс, при што во еден бокс може да биде само еден натпреварувач.
(2) Кога еден натпреварувач ќе тргне во избирање на стартен бокс, следниот натпреварувач тргнува со задоцнување од 30 секунди. Во тек на избирањето на стартниот бокс нема претрчување се додека претходниот натпреварувач не влезе во еден од слободните боксови. Секој натпреварувач има свој судија-волонтер кој го прати и го бележи неговиот улов, и заедно се враќаат во централниот бокс на крајот од секоја рунда.

Член 6.

(1) Натпреварувачите го започнуваат натпреварувањето на одбраниот стартен бокс. Во случај кога двајца натпреварувачи истовремено влезат во ист слободен бокс, предност има натпреварувачот кој се движи од боксот што има помал реден број.
(2) Секој натпреварувач има свој судија-волонтер кој го прати и го бележи секој негов улов и за секој остварен улов му доделува по еден купон со кој натпреварувачот подоцна го потврдува остварениот улов.

Член 7.

(1) Во случај на различен број на запишани риби и издадени купони од страна на судијата, ке биде изречена усна опомена за судијата а на натпреварувачот ке му биде признаен помалиот број на уловени риби.

Член 8.

(1) На натпреварувањето се бодуваат сите уловени риби-грабливки кој живеат во таа област/вода кај што се одржува натпреварувањето, а од претходно дефинирани од страна на натпреварувачката комисија и концесионерот

Член 9.

(1) Натпреварувачот е должен уловот да го прифати со кеп (црпалка,мрежа) да го покаже на судијата и по одобрување на судијата, рибата внимателно да ја ослободи додека е во кепот и со кепот да ја врати назад во вода.
(2) Додека натпреварувачот ја ослбодува рибата, натпреварувачот не смее да го спуштикепот на земја додека рибарата е сеуште внатре.
(3) Натпреварувачот може да ја ослободи јадицата од рибата со рака или со соодветна клешта (пеан)
(4) Судијата го бележи уловот и на такмичарот му доделува купон.
(5) За улов на несоодветен начин и несоодветно прифатен улов истиот не се признава:
- ако рибата се привлече на копно, ја извлече на копно или ако рибата падне на земја.
- ако рибата е прифатена со рака во вода.
- ако рибата е прифатена на гради.
- ако рибата е прифатена со кепот додека е во воздух, над земја.
- ако натпреварувачот ја уловил рибата во соседниот бокс или сектор.
- ако натпреварувачот проба да ја ослободи рибата во кепот пред да ја покаже на судијата.

(6) Натпреварувачот мора самостојно без помош од друго лице да ја извлече и да ја навлече рибата во кепот или во спротивно уловот нема да се бодува.
(7) Ако ја даде рибата на увид кај судијата и притоа рибата падне на земја или во вода, уловот нема да се бодува.
(8) Ако рибата е правилно улувена за уста и не може да се се ослободи без да се оштети, што е судијска проценка, конецот(најлон,плетеница) мора да биде прекинат а рибата заедно со мамецот да се врати во вода. Таквиот улов се бодува!
(9) Во ситуација кога е крај на рундата за уловот да се бодува, мора да биде во кепот и надвор од водата пред знакот што означува крај на рундата.
(10) За време на натпреварувањето натпреварувачот не смее да влегува во вода ниту пак да лови од вода, сепак смее да ги користи природните препреки кој се наоѓаат во водата под услов водата да не преминува преку истите, односно да се споени со брегот. (на пример: камења покрај брегот, корења, стебла и др.)
(11) Доколку на одредено место конфигурацијата на брегот е таква да не може квалитетно да се лови или не е возможно да се лови без да се влезе во вода, таквите локации мораат да бидат обележани со траки и да се одреди точно до каде е дозволено влегување. Таквите локации се претходно дефинирани од главниот судија.
(12) За време на натпреварувањето е забрането користење на мобилен телефон и други уреди за комуникација.
(13) Забрането е секаков вид на комуникација и контакт со лицата кој не се натпреварувачи или службени лица додека трае рундата.
(14) Натпреварувачот може да ангажира лице кое ќе го надгледува натпреварувањето или одреден натпреварувач придржувајќи се до правилникот. Секаков вид на информации/забелешки кое лицето ќе ги даде не се признаваат без видео запис. Забранета е било каква комуникација со било кој од натпреварувачите. Во спротивно ќе биде одстранет од страна на организаторот.
(15) Кепот за прифаќање на рибите во секое време додека трае натпреварувањето мора да биде надвор од вода со целата своја должина, освен кога натпреварувачот ја прифаќа рибата.
(16) Мамецот се смета за неисправен/нерегуларен кога има повратни куки и повеќе од две еднокуки или две трокраки јадици.
(17) На натпреварувачот не му е дозволено да лови надвор од границите на боксот во кој се наоѓа.
(18) На натпреварувачот не му е дозволено да лови надвор од секторот во кој се наоѓа.


ОПРЕМА-ПРИБОР

Член 10.

(1) Потребен прибор за натпреварување и тоа:
- Стап (трска) по слободен избор со максимална должина 2.75м (9 стапки)
- Машинка по слободен избор
- Конец или струна (пластичен, силиконски, ПЕ, свилен) по слободен избор
- Кеп (подметнувач)

(2) Секој натпреварувач може да поседува резервна опрема ( стап, машинка, кеп), но за времетраење на натпреварувањето истиот мора да се наоѓа во централниот бокс. Натпреварувачот за време на натпреварувањето со себе смее да има само еден стап, еден кеп, торба, прслук или ранец со мамци.
(3) За време на натпреварувањето, натпреварувачите кој од одредени причини мораат да го заменат својот прибор, не смеат во текот на започнатата рунда да земат туѓ прибор, ниту пак да заменат стап-машинка освен во случај на лом. Ако тоа се деси во неговиот бокс, додека врши замена на прибор било кој натпреварувач може да лови од тој бокс.
(4) Не е дозволено помош од други лица. Било каква помош од друго лице (носење на опрема, мамци) резултира со исклучување од натпреварувањето
(5) Управување на конецот со користење на рака е забрането, едната рака мора да биде на машинката а другата на стапот.

Член 11.

(1) Дозволени мамци се: метални, имитација на риби од дрво и пластика и силиконски мамци по слободен избор.
(2) Јадицата мора да биде “гола“, а исклучок се јадиците кој имаат перлици или пластичен бужир. Строго е забранета употреба на јадици кој на себе имаат влакна, перје или волна.
(3) За отежнување на силиконските мамци исклучиво се користи џиг јадица, на која отежнувањето е фиксирано на јадицата, или јадица со флексибилно отежнување. Мамецот не смее да биде фиксиран т.е неговото вадење од јадицата не смее да биде оневозможено од лепило или слични материјали. Дозволен начин на монтирање на силиконските мамци и отежнување е прикажано на сликата подолу.

[ img ]

(4) Не е дозволено користење на дополнително отежнување на најлонот или користење на било каков сигнализатор за удар. Најлонот мора да биде “гол“
(5) Стартниот судија е должен да ја провери исправноста на јадицата и да ли рибата е уловена во склад со правилникот. После секоја уловена риба ако мамецот не е исправен уловот не се бодува. Ако натпреварувачот лови на истиот мамец и не го менува а притоа на него вади риби, не треба после секоја уловена риба истиот да се проверува од страна на стартниот судија затоа што му смета и му одзема време на натпреварувачот.

Член 12.

(1) Организаторот е должен да ја пориби стазата со по 5 до 7 риби во секој бокс.

БОДУВАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Член 13.

(1) Секоја уловена риба преставува еден бод. Уловот се признава само ако јадицата е закачена за уста или помеѓу устата и градните пераи или помеѓу устата и шкргите. Секое друго закачување не се признава и резултира со непризнавање на уловот. Поради полесно пратење на резултатите, главниот судија после секоја рунда а пред почеток на новата рунда на табла ги запишува уловите поединечно за секој натпреварувач.
(2) Поединечнииот пласман, односно поединечниот пласман за секој сектор се утврдува према освоените бодови во секоја рунда. Што повеќе уловени риби преставува подобар пласман во таа рунда. Пласманите преставуваат бодови од секој натпреварувач. На пример, 1 место, 2 место, 3 место значи освоени 1,2,3 бода. Секоја рунда се бодува одделно на начин да се одредува пласман во секоја рунда врз основа на остварените бодови.
(3) Доколку двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број на уловени риби, нивниот број на бодови се утврдува со делење на пласманите. На пример: првопласираниот натпреварувач има уловено 6 риби, второпласираниот 5 риби а наредните три натпреварувачи имаат уловено по 4 риби. Нивниот пласман се утврдува со делење на пласманите. Тоа се натпреварувачите од 3то до 5то место. Тогаш нивниот број на бодови се утврдува на следните начини:
3+4+5=12, 12/3=4 или 3+5=8, 8/2=4 што би значело дека секој натпреварувач има освоено по 4 бодови.
(4) На крајот после завршени четири рунди, редослед на колото или натпреварувањето, се утврдува со собирање на освоените бодови (пласмани) по поединечни рунди на колото.
(5) На крајот на сите кола во лигата, редоследот се утврдува со собирање на освоените бодови (пласмани) по поединечните кола во лигата.
(6) Во ситуација кога двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број на бодови, предност во пласман или подобар пласман има натпреварувачот кој има уловено повеќе риби во текот на сите кола.
(7) Во ситуација кога двајца или повеќе натпреварувачи имаат и ист број на бодови и ист број на уловени риби, тогаш се гледа кој има повеќе уловени риби во последната рунда. Доколку и тогаш резултатот е изедначен, тогаш ќе бидат рангирани врз основа на тоа кој има помалку казнени бодови во една од четирите такмичарски сесии(рунди)
(8) Во иста ситуација (точка 8) на друштвени, куп или друг вид на натпреварувања, главниот судија го применува истиот начин на рангирање со цел да се добие победник на натпреварувањет
(9) (10) Во екипен пласман за редослед на екипите одлучувачки е збирот на секторски пласмански бодови по рунди. Пример, ако во екипата ловат 5 натпреварувачи се собриаат нивните остварени пласмански бодови за тој ден и се собираат со бодовите остварени наредниот ден. Редоследот се одредува према остварен помал збир на секторски бодови.
(11) За на секој натпреварувач во спин лигата да му бидат признаени и верифицирани резултатите, он оправдано може да одсуствува само две кола.
(12) Секое неоправдано одсуство на натпреварувачот на две кола од лигата или акумулирани два жолти картони му се доделуваат максимален број на негативни бодови за тоа коло и плус еден бод повеќе.
(13) Во случај кога натпреварувачот е дисквалификуван после завршување на натпреварувањето или собирањето на резултатите, наредно пласираниот натпреварувач го задржува својот пласман. Пример: ( Х натпреварувач кој е пласиран на 8мо то место е дисквалификуван, наредниот натпреварувач го задржува својот пласман и добива 9 поени, наредниот 10 итн.
(14) Натпреварувачите без остварен улов ке добијат казнени бодови еднакви на просечниот број непропишани казнени бодови. Пример: 13 натпреварувачи, 8 се рангирани од 1во до 8мо место со казнени бодови во распон од 1 до 8. На наредните натпреварувачи треба да им се внесат (9+13)/2 = 11 казнени бодови. Доколку постои само еден натпреварувач без остварен улов или има еден или повеќе одсутни натпреварувачи ке добие негативни поени колку што изнесува вкупниот број на натпреварувачи.Пример: 13 натпреварувачи од кој 12 имаат остварен улов а еден нема, тогаш натпреварувачот без улов добива 13 негативни поени.
(15) Натпреварувачот кој нема да се појави на натпреварувањето добива негативни поени колку што има натпреварувачи + 1 казнен поен. Пример: 15 натпреварувачи учествувале, а натпреварувачот кој не се појавил или се откажал добива 15+1 казнени поени и жолт картон.


ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЛУЖБЕНИ НАТПРЕВАРИ И ИЗБОР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА Р. МАКЕДОНИЈА

Член 14.

(1) Се формира спин лига на Р.Македонија во риболов на грабливици со вештачки мамци од брег.
(2) Спин лига на Р.Македонија се организира како поединечна лига од најмалку две првенствени кола, ако се исполнети условите со пријавување на најмалку од 6 (шест) натпреварувачи, а кој мора да се одржат во тековната година за да репрезентацијата истата година ја претставува Р.Македонија на меѓународни и Светски натпреварувања.
(3) Најдобро пласираните натпреварувачи во спин лигата на Р.Македонија стекнуваат право на настап во состав на репрезентацијата на Р.М на светски и меѓународни настапи под покровителство на ФИПС-ед организацијата.
(4) Надзор (грижа) за организирање, број на кола, домаќини на натпреварување и спроведување на натпреварувањето води натпреварувачката комисија на МРФ.

Член 15

(1) За спин лига на Р.М натпреварувачите се пријавуваат по распишан оглас/пријава од страна на МРФ. Со пријавување, плаќање на такса за учество (котизација) и добивање на правиликот, ги прифаќаат сите прописи и услови регулирани со овој правилник. Сите натпреварувачи, мораат да бидат регистрирани спортски риболовци и да поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните натпреварувачи немаат право на настап во тековната година.
(2) Котизација се уплаќа на жиро сметка од МРФ најдоцна до 15 дена пред почетокот на лигата за тековната година, па се насочува за одржување на натпреварувањето. Поради неможност и откажување од натпреварувањето котизацијата не се враќа. МРФ е должна засебно да води сметка и анализа на трошоците посебно за спин натпреварувања.
(3) Висината на котизацијата, кој ја уплаќа и на кој начин ја утврдува УО на МРФ врз основа на предлог на судиска и натпреварувачката комисија.
(4) Во случај од овој извор да останат непотрошени средства на сметката на МРФ, тие средства се прфрлаат(пренасочуваат) за помош на спин репрезентацијата на Р.М за меѓународни натпревари и Светско првенство.
(5) Кога ќе се исполнат услови, официјалните натпреварувања во оваа дисциплина можат да се организираат и како:
- Друштвени натпревари
- Регионални натпревари
- Државни натпревари-спин лига
- Отворено првенство на Р.М
- Куп на Р.М

Член 16.

(1) Првопласираните 4 натпреварувачи од спин лигата на Р.М остваруваат право за настап во репрезентацијата на Р.Македонија за меѓународни натпревари под покровителство на ФИПС-ед асоцијација. Резервата се бира од страна на селектор/тренер со тоа што истите мораат да бидат учесници во сите кола од спин лигата во тековната сезона од која се избира репрезентација за оваа година.Идеалниот број на членови за меѓународни натпревари и Светско првеснство е седум (7), а го сочинуваат: селектор/тренер, капитен и натпреварувачите 4+1 резерва. Репрезентацијата може да биде и побројна ако постојат сретства за финансирање.
(2) Во случај некој пласиран натпреварувач да не може да настапи за спин репрезантацијата на Р.М, селекторот/тренерот има право да избере замена од натпреварувачите кој ловеле спин лига
(3) Секој член на спин репрезентацијата на Р.М во годината на настап на репрезентацијата на меѓународни натпреварувања, мораа таа сезона да се натпреварува и биде натпреварувач на сите кола или во спротивно нема право на репрезентативен настап.
(4) При изборот на репрезентативци за настап и работа со репрезентацијата, одговорност сноси именуваниот селектор/тренер на репрезентацијата.

Член 17.

(1) Натпреварувачката комисија на МРФ го утврдува првенствениот календар, местата на одржување на првенствата (спин лига кола) води грижа за потврдените натпреварувања, а го потврдува УО на МРФ.

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Член 18.

(1) Службени членови на напреварувањето ги именува Натпреварувачката и судиската комисија на МРФ врз основа на судски ранг и изразен квалитет а тоа се:
- Делегат во име на МРФ
- Главен судија, го именува судиска комисија на МРФ
- Секторски судии
- Стартни судии, волонтери ги доделува домаќинот во зависност од бројот на натпреварувачи

Член 19.

(1) Судскиот колегиум го сочинуваат:
- Главен судија
- Секторски судии, двајца именувани по пат на извлекување (ждреб)
- Еден стартен судија

Член 20.

(1) Жири комисијата е составена од:
- Делегат на натпреварувањето
- Главен судија
- Секторски судија на третиот сектор, или именуван по пат на извлекување
- Натпреварувач со стартен број “5“
(2) Приговор кон жири комисијата се најавува 15 минути после прогласување на резултатите, а писмена рекламација се доставува во наредните 15 минути со уплата од 1500 денари кауција кај секретарот на натпреварувањето, која ке биде вратена ако се утврди дека приговорот бил оправдан или во спротивно кауцијата се уплатува во благајната на МРФ.
(3) Во случај кога натпреварувачот или капитенот на екипата се незадоволни со одлуката на жири комисијата, можат да положат на Натпреварувачката судиска комисија на МРФ и да бараат од Делегатот истата да биде впишана во извештајот. “Оштетениот“ натпреварувач или екипа се должни во рок од три (3) дена после завршување на натпреварувањето да поднесат жалба со детално образложение преку писмена или електронска форма на адреса на Судиска комисија.Судиската комисија е должна да ја разгледа и да одговори на жалбата во рок од седум (7) дена.
(4) Во случај натпреварувачот или екипата да не се задоволни со одлуката на Судиската комисија имаат право да поднесат жалба до Управниот Одбор на МРФ како второстепен орган во постапка на решавање на жалби и приговори за натпреварувања, резултати, регуларност на натпреварувањата и прекршувања на овој правилник. Одлуката на Управниот Одбор е конечна и против истата нема право на жалба.
(5) Во случај на прекин на натпреварувањето поради временски непогоди или други услови кој не се исполнети, Делегатот на натпреварувањето во консултација и соогласност со Главниот судија мора да направат записник и да ги утврдат причините за прекин или не одржување на натпреварувањето, кој ке итно ќе биде предаден на натпреварувачката комисија која мора да ги утврди сите факти и по потреба да го дополни извештајот, да донесе конечна одлука за не одржување на натпреварувачкото коло и истите да ги објави на ВЕБ порталот и ФБ профилот на МРФ. (6) Во случај на неодржување или одложување на едно или две кола од натпреварувањето, Натпреварувачката комисија на МРФ, ги известува сите натпреварувачи по пат на СМС порака, Е-маил, ВЕБ порталот, или ФБ профилот на МРФ.
(7) Судското жири може да го скрати натпреварувањето за една или повеќе рунди поради непредвидени околности (невреме, демонстрации и тн) исто така може да се пролонгира почетокот на натпреварувањето или одредена рунда најмногу за 1 сат, а рундите да не бидат скратени за повеќе од 15 минути или времетраењето на натпреварувањето да не биде пократко од 2 часа. Во спротивно натпреварувањето не е валидно.

ОБВРСКИ НА СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Член 21.

(1) Домаќинот на натпреварувањето после добивање на службеното известување од страна на МРФ за одржување на натпреварувањето или поединечно коло е должен сите свој обврски потпишани со протоколот кој го направил со Комесарот на лигата на време и без одложување да ги спреми и изврши.
(2) Домаќинот на натпреварувањето е должен да ги прати сите услови за натпреварување и на време да го извести Комесарот за промена на условите (поплава, невреме и тн.) за истиот да може правовремено да реагира према останатите учесници на натпреварувањето.

Член 22.

(1) Обврската на делегатот на натреварувањето е вршење надзор на изведувањето на сите фази на натпреварувањето, се до прогласување на резултатите и врачување на признанијата. Заседава со жирито а должен е на Управниот одбор на МРФ да поднесе детален извештај како поминало натпреварувањето и доделување оцена на Главниот судија за квалитетот и начинот на судењето.

Член 23.

(1) Главниот судија е службено лице на натпреварувањето кое по пат на судски тим, го организира, спроведува правила и успешно го води натпреварувањето. Внимателно ги следи сите случувања на натпреварувачката стаза и околу неа, интервенира во случај на потреба, ги советува секторските судии, ги решава евентуално настанатите проблеми и заедно со секретарот на натпреварувањето ги смета и проверува пресметаните резултати пред официјалното прогласување на истите.
(2) По завршување на натпреварувањето Главниот судија ги објавува резултатите а е должен заедно со секретарот, Натпреварувачката комисија на МРФ да поднесе извештај со приложување на дневникот од натпреварувањето и оцените на секторските судии, кој приложуваат оцени од стартните судии ако биле именувани на натпреварувањето.

Член 24.

(1) Главниот судија на лигата е судија од највисока категорија, кој се грижи за организација и административни обврски на натпреварувањето. Го именува Натпреварувачката комисија на МРФ и мора добро да ги познава правилата и водењето на административните обврски. Должен е да ги собира апликациите на учесниците, да го организира извекувањето (ждребот), да изработи стартни листи, да ги впише натпреварувачите во натпреварувачкиот дневник да ги пресмета и впише постигнатите резултати и пласмани на натпреварувачите, да води записник доколку е одржан состанок од страна на судскиот жири и истиот да го комплетира да го достави до Натпреварувачката комисија на МРФ. Главниот судија мора да носи видно истакната акредитација (2) Пред почетокот на натпреварувањето е должен заедно со домаќинот да припремат Протокол за меѓусебни обврски помеѓу домаќинот и МРФ, да утврдат термин, да ја обележат стазата, да осигураат стартни-контролни судии и медиумски да се огласат. Протоколот мора да се достави до Натпреварувачката комисија поради запознавање на истиот од страна на Управниот одбор на МРФ за обврските кој ги превзел со истиот. Терминот за одржување на натпреварувањето со објавува на ВЕБ порталот и ФБ страната на МРФ најмалку 10-15 дена пред почетокот на натпреварувањето.

Член 25.

(1) Секторскиот судија, ако се работи за екипно натпреварување ги има сите оперативни работи во секторот, како Главниот судија на натпреварувањето под Член 23 точка 1. и за време на натпреварувањето тесно соработува со останатите секторски судии и Главниот судија.

Член 26.

(1) Стартниот или контролниот судија мора добро да го познаваат лигашкиот правилник.Одговара за впишаните риби во дневникот за улов по рунди. Во случај на неисправен мамец, контра јадица, перје, конци или друг вид на неисправност, мора да ја одземе од натпреварувачот и да ја донесе-предаде на главниот судија. Изрекува усмени опомени и после завршување на рундата пријавува кај главниот судија, запишува во дневникот со заверен потпис од натпреварувачот.
(2) Главниот судија или Комесарот доделува упатства на стартните судии пред почетокот на натпреварувањето.
(3) Стартни судии можат да бидат и службените лица на натпреварувањето (главен судија, комесар и делегат).

Член 27.

(1) Капитенот на екипата-тимот во име на истите ако е тимско натпреварување учествува на состанокот на капитени, извлекува редослед и излегувања и присуствува на состанок со жирито ако е разгледување на приговор од страна на неговата екипа. Ако е поединечно натпреварување тогаш како и во екипно има право со натпреварувачот да излезе во преглед (обиколка) на стазата а за време на натпреварувањето има право со вербални совети да му помага на натпреварувачот од централниот бокс. Било каква помош за време на натпреварувањето (додавање на опрема,мамци итн) се казнува со ДИРЕКТЕН ЦРВЕН КАРТОН и казна од +1 пласмански бод за натпреварувачот во тоа коло од спин лигата.

Член 28.

(1) Натпреварувачот е должен да го познава овој правилник за натпреварување и до истиот да се придржува. Непознавање на одредбите од овој правилник не повлекува санкции за евентуални грешки.
(2) Натпреварувачот е должен да се придржува до сатницата за натпреварувањето, која мора да ја добие 10 дена пред одржување на натпреварувањето од страна на Натпреварувачка комисија. Во случај на задоцнување од оправдани причини должен е да ја извести Натпреварувачка комисија преку СМС порака или е-маил.
(3) Забрането е консумирање на алкохолни пијалоци и користење наркотични сретства на сите учесници (делегат, судии, капитени и натпреварувачи)

КАЗНЕНИ ОДЛУКИ

(1) СО УСМЕНА ОПОМЕНА, се казнува натпреварувачот кој ќе ги прекрши одредбите:
- Член 10. став 5
- Член 13. став 1
(2) СО ЖОЛТ КАРТОН, се казнува натпреварувачот кој ќе ги прекрши одредбите:
- Член 9. став 2, 5, 7, 10, 12, 13, 15, 17 и 18.
- Член 11. став 4
(3) За време на натпреварувачката сезона, жолтите картони се акумулираат, што значи ако некој натпреварувач добие втор жолт картон губи право на настап во следното коло а бодовите/пласманите му се пресметуваат по Член 14. став 12. Пример: Натпреварувањето е составено од 5 кола, на првото и второто коло натпреварувачот добива по еден жолт картон, истиот натпреварувач се казнува со забрана за настап на третото коло а продолжува да лови во наредните две кола. Овој начин на добивање на два жолти картони не се смета како добиен црвен картон.

(4) СО ЦРВЕН КАРТОН/ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА се казнува натпреварувачот доколку ги прекрши одредбите:
- Член 9. став 16
- Член 10. став 1, 2, 3 и 4
- Член 11. став 3
- Член 28. став 3
(5) Верификувањето на црвениот картон од страна на жири комисијата или по жалба на Натпреварувачката комисија на МРФ, автоматски значи добивање на максимален број на негативни поени +1 за тоа коло од спин лигата. Да ли натпреварувачот ќе го продолжи натпреварувањето во наредните кола од лигата зависи од тежината на направениот прекршок, а одлука ќе донесе Жири комисијата или Натпреварувачката комисија.

Член 29.

(1) Судскиот колегиум ги верификува жолтите, а Жири комисијата ги верификува црвените картони.

Член 30.

(1) За некоректно судење, стартниот и секторскиот судија можат да добијат опомена, да се исклучат од тековното натпреварување и забрана за судење ако:
- Дозволува натпреварувачот да ги крши правилата,
- Дозволува неконтролирано движење по стазата,
- Дозволи влегување во вода за време на натпреварувањето,
- Ако додели купон/тикет без остварен улов и
- Ако коментира или ги советува натпреварувачите за изборот на мамци со кој во тој момент се остварува најдобар улов на стазата.

Член 31.

(1) Казнените мерки и опомени ги изрекува секторскиот на стартниот судија и Главниот судија на секторскиот судија. Сите прекршоци, дисквалификации, црвени картони ги верификува судскиот колегиум а ги потврдува Натпреварувачката комисија на МРФ во согласност на правилникот за дисциплински мерки со кој се регулирани сите права и обврски на натпреварувачите за време на натпреварувањето.
(2) Во согласност со одредбите на Правилникот за дисциплинска одговорност, за кршење на овој правилник во првостепената постапка жалби се поднесуваат до Натпреварувачката комисија на МРФ, а ако се работи за жалби и поплаки за работата на судиите кој ги повредиле одредбите на овој правилник, жалбите се поднесуваат до Судската комисија на МРФ. Во второстепената постапка жалби на одлуките на Комисијата од првостепената постапка се поднесуваат до Управниот одбор на МРФ. Одлуката на Управниот одбор на МРФ е конечна и против истата нема право на жалба.

Член 32.

(1) Делегатот и Главниот судија се дожни заверените дневници за натпреварувањето и извештаите за одржаното натпреварување да ги достават во канцеларијата на МРФ во рок од 5 (пет) дена по завршување на натпреварувањето.


ПРЕОДНИ И КОНЕЧНИ ОДЛУКИ

Член 33.

(1) Составен и неопходен дел на овој Правилник се и унифицирани документи:
- Пријавен лист- Пријава за натпреварување “СПИН 1“
- Дневник за натпреварување “СПИН 2“
- Севкупен дневник по поединчни кола на лигата “СПИН 3“
- Табела со редослед на излегувања “СПИН 4“
- Дневник по поединечни рунди “СПИН 5“
- Извештај од Главниот судија “СПИН 6“
- Извештај од Делегатот “СПИН 7“
- Дневник за собирање на надоместоци за пристап-членарина, лиценцирање на натпреварувачите за тековната година, натпреварувачки книшки “СПИН 8“

(2) Документот “СПИН 8“ го утврдува финансиската комисија на МРФ и задолжително се применува во обилк каков што е предвиден за секоја година, а мора да се достави до канцеларијата на МРФ. За Дневникот “СПИН 8“ одговорен е Комесарот на лигата, а дневникот “СПИН 8“ за секое коло задолжително го заверува Делегатот на натпреварувањето.

Член 34.

(1) Главниот судија е должен за секое одржано коло да достави Дневник на натпреварување и краток писмен извештај до МРФ во рок од пет (5) дена и истите во рок од 24 часа да ги достави до администраторот на ВЕБ страната на МРФ со додатни образложенија и фотографии од натпреварувањето за да можат да бидат објавени на ВЕБ страната и ФБ профилот на МРФ.

Член 35.

(1) Уловите и изборот за настап на Македонската спин репрезентација на меѓународни натпреварувања ги утврдува Управниот Одбор на МРФ, врз основ на утврдени критериуми и приоритети.
(2) Овој ПРАВИЛНИК, како и сите други документи потребни за спроведување на спин натпреварување ќе бидат бесплатно испринтани на А4 формат.

Член 36.

(1) Спин лигата на РМ, со цел на популаризација и рекламирање може да има сопствено лого-амблем кое задолжително мора да се користи заедно со логото на МРФ. Може да има и личен ФБ профил со цел за промовирање на овој начин на натпреварување.

Член 37.

(1) Толкување на овој Правилник извршува и дава Натпреварувачката комисија на МРФ. За време на натпреварувањата толкувањата ги извршуваат службените лица: Делегат и Главен судија.

Член 38.

(1) Овој Правилник стапува на сила веднаш по неговото усвојување

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 29, 2018 2:51 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON684
Значи кепање на риба како на 23:30 во едукативното видео подолу, нема да се бодува. :saso:


_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 29, 2018 4:38 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
"Управување на конецот со користење на рака е забрането, едната рака мора да биде на машинката а другата на стапот."


Na sto se misli?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 29, 2018 4:43 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Да не го влечеш со рака конецот како фрчкалистиве што прават ;)

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 29, 2018 5:36 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Maј 09, 2013 7:14 pm
МислењаCOLON703
Po isfrlanjeto rakata mora da bide na masinka i vodenjeto na mamecot isklucivo so masinka.
Zabraneto e vodenje na mamecot so povlekuvanje na konecot so raka kako sto go vodat musicarite so povlekuvanje na snjurot


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 19, 2018 3:54 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Неколку дилеми во однос на лигава и правилата...

Теренот каде се планира патеката не е баш на 200 метри и теренот не е баш едноставен, планински, со снег, со дрва, препреки, шума, со одење горе на патот, со симнување и качување до бокс и нагоре на патот и сл. 20-те бокса кои мора да ги има по правилникот, ако се постават на соодветни места кои во најголем дел задржуваат риба ќе бидат поприлично оддалечени. Е сега....според правилников за секој натпреварувач треба да има судија волонтер, т.е 10 натпреварувачи 10 судии волонтери. Засега по моабетот со Сашо има само 4-5 луѓе такви и најверојатно секој таков волонтер судија ќе треба да покрива по пример 5 бокса и по неколку натпреварувачи. Пр. Судијата Х треба да ги покрива боксовите 1, 4 и 5 на кој влегле натпреварувачи, а од 1 до 5 не е баш блиску ниту едноставно брзо да стигне. Имам дилема како ќе се успее да се испочитуваат некои одредби од правилникот како што се овие подоле, доколку останат 4-5 луѓе волонтери судии.

Прва дилема

(2) Додека натпреварувачот ја ослбодува рибата, натпреварувачот не смее да го спуштикепот на земја додека рибата е е сеуште внатре.
(5) За улов на несоодветен начин и несоодветно прифатен улов истиот не се признава:
- ако натпреварувачот проба да ја ослободи рибата во кепот пред да ја покаже на судијата.

Значи кога би уловил риба треба да ја држам во кеп, закачена, да не го спуштам кепот на земја и да се дерам по судијата кој во клисурата може да биде отиден во четвртиот бокс од мојот кој е пример на 150 метри позади цела планина (тука клисурата постојано врти) и прво човекот ќе има проблем да ме чуе, второ може ќе му требаат 5-10 минути да стигне до кај мене и кога ќе стигне додека види, додека евидентира, додека ја пуштиме рибата, додека ми даде купон и ред др.работи, јас можно е да изгубам ефектни 10-15 минути со една риба, која патем може и да цркне додека ја држам надвор .... Во однос на побрзо најавување улов може да се размисли да се земат свирчиња за сите натпреварувачи.

Втора дилема
Ако во случај одберам бокс 19 тоа значи дека најверојатно ќе треба да пешачам 15 минути да стигнам до тој бокс. Ако таму ми се деси “ЛОМ“ за да заменам опрема ја ќе треба да се вратам назат до централното место, а потоа пак назат до боксот, сумарно отиде пола саат ако си во оддалечен бокс, т.е боље да се спакувам и да ја пропуштам таа рунда.

Дилема ми е зошто пример резрвна машинка, шунла или трска да немаме со нас ?
Второ што е дефиниција на “ЛОМ“ .....крешење само, или заглавување на машинка, умрсување на цела шпунла и сл.проблеми

(2) Секој натпреварувач може да поседува резервна опрема ( стап, машинка, кеп), но за времетраење на натпреварувањето истиот мора да се наоѓа во централниот бокс. Натпреварувачот за време на натпреварувањето со себе смее да има само еден стап, еден кеп, торба, прслук или ранец со мамци.
(3) За време на натпреварувањето, натпреварувачите кој од одредени причини мораат да го заменат својот прибор, не смеат во текот на започнатата рунда да земат туѓ прибор, ниту пак да заменат стап-машинка освен во случај на лом. Ако тоа се деси во неговиот бокс, додека врши замена на прибор било кој натпреварувач може да лови од тој бокс.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 19, 2018 4:08 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
Nekoi raboti ke treba da se promislat od pochetok lichno nego imam cel prochitano i naucheno pravilnik ama spored ova shto go napisha dovolno e da se zaprashaat natprevaruvachite za povekje raboti a i spored toa shto vchera go vidov na radika prikaznata e takva...

Realno dokolku ulovish pastrmka i dremesh so nea vo kep dodeka dojde sudijata ima golemi shansi i da umre taa riba bidejki znaeme kolku e nervozna i netrpi zarobenishtvo...
Drugo shto terenot e golem,dolg i tezhok za idenje i nelesno se pristapuva do bilo koj boks treba bash akcija za da se stigne...

Sea nevikam deka natprevaruvachite bigo pravele toa ama dokolku nema koj da gi prati mnogu lesno e da vlezat vo iskushenie i ribolovat so jadici na koi ima kontra bidejki mnogu polesno ribata se otkachuva koga jadicite se goli shto i sam go uvidov toa na vcherashniot ribolov i mnogu lesno e da se pravi taa prevara...ke fakja so vobler so kontri ke mu mavne,keja izvadi,ke smeni vobler bez kontri i keja zakachi poftorno a nikoj nema da primeti...

Za rezerven pribor istotaka mozhe sekoj da protne barem mashinka rezervna ili shpunla u ranec a da neprijavi i pak nikoj da neprimeti ili ke treba site detalno da se pretresuvaat shto neli e i neprijatno i nedolichno za obete strani i pomislata za nefer natprevaruvach...

Jas ako se prasham najrealno e pozadi sekoj natprevaruvach da se ima po eden sudija koj ke ja prati celata situacija i da bide dozvoleno da se ima rezervna oprema do natprevaruvachot...bidejki neja gledam poentata koja e ako smee da otide do baza i da zeme druga oprema zashto istata da ne e donego samo nepotrebno da se koplicira rabotata...

Dokolku terminot sum sloboden i zhiv i zdrav jas eve bise prijavil ushte eden sudija volonter plus so cel da sve se realizira kako treba i ferski maksimum i do sam kraj !

Vchera go shetav terenot i zborovite na kolega boro se bash kako shto kazhuva jas na shala vikav za ovdeka ke treba so vespi da bidat sudiite za da postignat odma toa sve brzo da se pristignuva do patot na pozicijata so shto pak ke treba planinarski i spreten sudija za da stigne od pattot do reka a sve toa bide brzo i efikasno...

pozz i bistro !

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 19, 2018 5:20 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Ne sum spinerdizja ne sakam da se mesam ama mene ova nikako ne mi ide u glava, :)

Член 13.

(1) Секоја уловена риба преставува еден бод.


Go slusnav na sostanokot na UO i mi bese epten cudno, kako moze isto da se boduva da kazeme riba od eden kilogram i riba od 100 grama?

Postoi li logicno objasnuvanje ?

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 19, 2018 6:10 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Pravilnikot e spored Fipsed pravilnikot za spin rbolov.
Se lovi brzo i aktivno. Celta e sto poveke ribi vo site 4 cetvrtini od koloto. Biten e ulovot vo sekoja cetvrtina.

Ke bide atraktivno i interesno.
Samo vremeto barem malku da ne posluzi.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРАВИЛНИК ЗА СПИН ЛИГА
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 19, 2018 6:13 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Aki, si ima glaven sudija negovi pomosnici i ,,volonteri sudii,,.
Dokolku bi bilo ova svetsko, pozadi sekoj natprevaruvac bi bil po eden volonter sudija, a bidejki ne e ke gledame da sobereme 4-5 ,, voloteri sudii ,, koj ke pokrivaat po 3-4 boksa i koj ke delat kartoncinja za ulov.

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum