Па нормално дека сакам да се опробам, ти за што се пријавуваш ако се пријавуваш? Сакам и да сум во првите 3 места, кога сме веќе на тој муабет, не само да учествувам. Тоа со “важно е да се учествува“ е за алиби во случај на неуспех
А кон мојата пријава допринесе и тоа што бев испровоциран од “елитизмот“ кој се ширеше од одредени риболовци кои се декларираат како спинерџии. Нешто слично како твојот прв коментар во темава
За да се опробаш, за да научиш или слични работи што ги напиша Борис , треба да дојдете на некоја спин дружба или највише куп а не во лига, затоа што лигата го одвојува рекреативниот од спортскиот риболов и тука нема лутање туку би требало секој да се насочи во својата дисциплина и нормално таму да го даде својот максимум.
Според мене а мислам дека и Сергрј напиша во лига, не само спин и не само риболов, треба да се пријават учесници кои имаат слободни средства(читај пари) и слободно време и истите се спремни да ги потрошат за сопствена надградба во својата дисциплина, со купување и обновување на опрема и одење на меѓународни куп натпревари кои се слични на светскиот куп.
Свиѓало на некој или не,само ува носи успех на светски купови и ова е фер пристап спрема останатите натпреварувачи, а пошто се претендира да се биде репрезентативец - фер е и спрема државата.
Вашево одење во лига од тоа што си испровоциран, исфрустриран, искомплексиран и сл., е погршен пристап и девалвирање на лигата уште не почната.
Знам дека спинерџиите ви се трн во око, ама па тоа не е разлог да ја заебете и лигата.
И за ова да ти реплицирам затоа што вадиш погрешни заклучоци....
Прво - Пред да напишеш “треба да дојдете на некоја спин дружба или највише куп а не во лига“ треба да знаеш дека кога зборуваме за претставување на Македонија надвор треба да има натпреварување од сите спинерџии во Македонија и тие што ги знаеш/знаеме и тие што не ги знаеме и тие што се на форумов и тие што не се и тие со кои си пиел кафе и тие што никогаш не си ги видел и тие што се од Рибар и тие што се од други клубови. Ако некој е спинерџија од ЗСР Брегалница и си лови во свои краишта и далеку му е Маврово да доаѓа на спин дружба не значи дека тој е полош спинерџија од нас. Можеби некој не доаѓал заради далечина, некој заради тоа што Рибар не му се допаѓа, некој не ни знаел. Значи треба да прифатиш дека има спинерџии кои може не ни ги знаеш, а сепак постојат и кои си прават нивни дружби на кои ни ти не си присуствувал, твојата или мојата спин дружба не е ништо поважна од нечија друга спин дружба.
Второ - Спин дружбите кои нашето здружение ги организираше на Мавровско езеро во изминатите години станаа помалку посетувани, на прашањето зошто најверојатно има различни одговори и секој кој бил на првата или првите, а потоа не си има свој одговор. Јас лично ќе ти го кажам она што сум го кажувал и внатре и интерно сум се борел со години да Спин купот или дружбите на Рибар да шета на различни локации низ Македонија. Притоа како два главни аргументи сум ги нудел 1. Дека секој спинерџија ако сака да биде подобар треба да лови, да се проба, да вежба и да се натпреварува на различни води и во различни услови (да беше ова вака досега дружбите на Рибар сигурно ќе прошетаа и на некоја река, но некој упорно и тврдоглаво се држеше до Мавровско езеро, за да денес Сашо напише дека само Давор и уште еден имале биле спремни за на река
не бе дечки, има многу спинерџии кои ловат по реките, но ете не дошле или нејќеле да дојдат на Мавровско, не дека не се спремни. 2. Мавровско сепак е локација која не им е блиску баш на Штипјани, Струмичани, Кавадарчани, Кочанчани, Виничани и останатите од тие краишта, затоа е добро за ширење на спин дружбата, меѓусебно запознавање и поврзување на спинерџиите спин дружбите да појдат и на водите во другите краеви на Македонија. НО, Јас ги тантарав овие работи неколку години борејќи се купот да биде на различни води во Македонија, но за мене несватливо бев надгласуван од спинерџии внатре во здружението кои упорно се држат до Мавровско езеро како единствен центар на спинот во светот. Мојата борба продолжи со отворен бојкот на дружбата на Мавровско мислејќи дека ќе пробам и така да го сменам мислењето, сега гледам дека тоа воопшто не го сменило мислењето, сосема напротив се осетив исклучен од збиднувањата, кафињата и сл.дешавки, па дури и омаловажуван од спинерџии од мојот клуб.
Значи да заклучам, кога ти, јанко, петко и станко ќе седнете во кола и ќе појдете на дружба на Мавровско, е исто како јас, кременадла, велко, станко ќе седнеме во кола и ќе појдеме на дружба на друга вода, тоа што ти не ме гладаш дента или со репортажа, не ме прави помалку спинерџија и обратно, јас ако не те видам тебе нема никогаш да си помислам дека Ненад е помалку спинерџија или нешто заостанува.
Конечно за последната реченица од твојот пост мислам дека треба да се подразмислиш, па можеби и извиниш, ако јас, филип, тафта или кој и да е пуштил некоја иронија не ти дава за право да ме ставаш во некоја група која нешто сака да заебе или дека некој ми е трн во око....мислам дека се познаваме до толку, си ги познаваме заложбите и не е во ред така да се пишува, ние не сме на различна страна, на иста сме...Со такви ставови ништо добро не се добива. П.С Тафта знам дека практикува спин од пред 15-20 години и ден денес иде на спин кога ќе може, вакви луѓе е богатство да се имаат во натпреварувањето, дружбата, а не да се квалификуваат безвезно,да се откажуваат и да се добива впечаток дека некои луѓе навистина имаат незаменливата желба за учество на светско, макар и газејќи преку луѓето од својот клуб кои од кога постои и форумов и здружението и било какви порибувања или збиднувања поврзани со спин биле тука и активно учествувале во се.
Размислете и сменете го пристапот малку, тешко е да се изградат врските, а многу лесно се раскинуваат