Јас на ова ќе фаќам
и секако силикон
ДЕЛ ОД ПРАВИЛАТА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ
* Управување на конецот со користење на рака е забрането, едната рака мора да биде на машинката а другата на стапот.
* Додека натпреварувачот ја ослбодува рибата, натпреварувачот не смее да го спуштикепот на земја додека рибарата е сеуште внатре.
* За улов на несоодветен начин и несоодветно прифатен улов истиот не се признава:
- ако рибата се привлече на копно, ја извлече на копно или ако рибата падне на земја.
- ако рибата е прифатена со рака во вода.
- ако рибата е прифатена со кепот додека е во воздух, над земја.
- ако натпреварувачот ја уловил рибата во соседниот бокс или сектор.
- ако натпреварувачот проба да ја ослободи рибата во кепот пред да ја покаже на судијата.
*Ако ја даде рибата на увид кај судијата и притоа рибата падне на земја или во вода, уловот нема да се бодува.
*За време на натпреварувањето натпреварувачот не смее да влегува во вода ниту пак да лови од вода, сепак смее да ги користи природните препреки кој се наоѓаат во водата под услов водата да не преминува преку истите, односно да се споени со брегот. (на пример: камења покрај брегот, корења, стебла и др.)
*За време на натпреварувањето е забрането користење на мобилен телефон и други уреди за комуникација.
*Забрането е секаков вид на комуникација и контакт со лицата кој не се натпреварувачи или службени лица додека трае рундата.
*Кепот за прифаќање на рибите во секое време додека трае натпреварувањето мора да биде надвор од вода со целата своја должина, освен кога натпреварувачот ја прифаќа рибата.
*На натпреварувачот не му е дозволено да лови надвор од границите на боксот во кој се наоѓа.
*На натпреварувачот не му е дозволено да лови надвор од секторот во кој се наоѓа.
*Не е дозволено користење на дополнително отежнување на најлонот или користење на било каков сигнализатор за удар. Најлонот мора да биде “гол“
*Мамецот се смета за неисправен/нерегуларен кога има повратни куки и повеќе од две еднокуки или две трокраки јадици.
*Потребен прибор за натпреварување и тоа:
- Стап (трска) по слободен избор со максимална должина 2.75м (9 стапки)
- Машинка по слободен избор
- Конец или струна (пластичен, силиконски, ПЕ, свилен) по слободен избор
- Кеп (подметнувач)
*Секој натпреварувач може да поседува резервна опрема ( стап, машинка, кеп), но за времетраење на натпреварувањето истиот мора да се наоѓа во централниот бокс. Натпреварувачот за време на натпреварувањето со себе смее да има само еден стап, еден кеп, торба, прслук или ранец со мамци.
*За време на натпреварувањето, натпреварувачите кој од одредени причини мораат да го заменат својот прибор, не смеат во текот на започнатата рунда да земат туѓ прибор, ниту пак да заменат стап-машинка освен во случај на лом. Ако тоа се деси во неговиот бокс, додека врши замена на прибор било кој натпреварувач може да лови од тој бокс.
*Не е дозволено помош од други лица. Било каква помош од друго лице (носење на опрема, мамци) резултира со исклучување од натпреварувањето
*За отежнување на силиконските мамци исклучиво се користи џиг јадица, на која отежнувањето е фиксирано на јадицата, или јадица со флексибилно отежнување. Мамецот не смее да биде фиксиран т.е неговото вадење од јадицата не смее да биде оневозможено од лепило или слични материјали
*Забрането е консумирање на алкохолни пијалоци и користење наркотични сретства на сите учесници (делегат, судии, капитени и натпреварувачи