www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 3:21 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 4:06 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
После доолго време промашување и договарање конечно успеавме со имењакот да споиме една заедничка екскурзија. Триста комбинации и крв давање за денови, за конечно да споиме 3-4 дена за една крапска кампања. Се мислевме помеѓу Глобочица и Козјак...се решивме за второто. Подготовки на највисоко ниво....времето не многу убаво ама што е битно кога почнува да работи рибарскиот адреналин за тргање по риба.

Петок сабајле ја и имењакот веќе бевме на пат за Козјак.
[ img ]

[ img ]


Врвовите бели, пирка некое мало ветре, езерото во магла, извадивме дозволи и правец на локација. Таму веќе инсталирани две екипи, ОК одиме на друга. На другата нема баш пат за до езеро, ама што има везе, кога адреналинот работи, а рибар, а магаре исто ти е. Ајдееее истовар цела кола и симнување надоле со триста маки и со куп повторувања.
[ img ]
Додека се наместивме, измаркиравме, накрмивме и фрливме веќе пладне стигна.

Дојде оној убав дел од првиот ден кога после пола ден работа ќе седнеш на стол и си гледаш во езерото...Безценето
[ img ]

[ img ]

Во таква глетка полека сонцето падна, а ние се зафативме за прицврстување на тендата со камења и по некое јаженце и на инсистирање на Борче ставање и церада врз шаторот, демек потопло да било, а башка временска најавуваше и некое ветре и дожд вечерта. Ја да се прашував ни тоа немаше да ставам. :?

Средивме и тоа и седнавме да замезиме од даровите на есента :P
[ img ]

[ img ]

Мезалаци и убавини....сигнализаторите тивки....ветре некое мава ама подносливо.

Влеговме во шатор околу 10-11, претходно фрливме уште по некој камен за појачување зашто прогноза кажуваше дека накај 12 ќе почне некој ветер со брзина од 10, 12, 13 км на час и си легнавме. Брзо не совлада сонот, но брзо се појави и ветерот.

Почна да ги распафтува церадите, да тропа, да фучи....едно време станав накај 12-01 дигнав што паднало и почнав да ставам нови и поголеми камења прицврстувајќи ја тендата и церадата што беше ставена врз нашиот шатор и пак влегов демек на спиење. Имењакот и он вознемирен од ветрот ама мирен. Гледаме пак временска гледаме зголемува на 16км на час и некој чудни ознаки како во стилот ќе зголемува ама временска незнае колку :o

Едно време околу 01 часот по полноќ почнаа да титкаат сигнализаторите сите со ред, стандард кога се јавува голем ветер, ветерот зголеми јако и наеднаш, башка и промени страна, почнаа да се пафтаат церадите, почна јако да бучи од горе од во планината и да се спушта накај нас, слушаш, држиш шаторот и чекаш што прво ќе попушти, ама си викаш добро се укотвивме ќе издржи кампот. Луѓе тоа што следеше тешко се опишува со зборови, јас сум бил на ветер на риболов, сум држел тенди, церади и шатори.... ама ова уште не сум го доживеал. Ветерот почна да зема се со себе. Наеднаш испопаѓаа сите трски и родподи, железната тенда се урна скроз, ветерот ја сомле, ја извитка, ја искрши, искина платното :shock: , чамчето за крмење кое беше врзано го немаше и тоа летнало :o , искочивме да се соочиме со невремето...незнаеш од каде да почнеш и што да спасуваш .....додека гледаш што се случува ветерот те бутка и тешко се стои во место.... Хаос невиден.
[ img ]
Бропотезно со имењакот собравме трските, собравме што беше останато од тендата, легнавме све на земја од опремата, врз неа една церада, врз церадата куп камења да залепиме на земја и брзо кај шаторот да појачуваме за да се спремиме за уште полошо и за дожд. Цела вечер тајфуни дуваа, почна и дожд, ветерот постојано појачуваше, а ние од внатре многупати ги придржувавме шипките од шаторот кој исто така се оштетија. За да ви доловам колку дуваше еве што вика прогнозата за таа ноќ
[ img ]

Дали некој имал прилика да доживее вакво невреме на отворен и бришан простор без дрва незнам. Временска најавуваше најмногу 16км на час, а всушност невремето дигнало на 41км на час :shock: Немам други слики да ви доловам што ни се исподеси затоа што во такви моменти на крај памет ти е да сликаш, едноставно се мразиш себеси што воопшто си тука во такви ср..а и гледаш поскоро да се избавиш.

Ваквото невреме значеше дефинитивен крај на нашата кампања. Едвај дочекавме сабајлето малку да се подсмири и веднаш стартувавме со собирање на парталите. Еден ден претходно од планираното, убиени од невремето, неспани, нова голгота и 5 саати качувавме опрема по тоа козјачките угорници. Филинг невиден, нозете како жаби бевме
[ img ]
[ img ]

Кога веќе се утоваривме за назат отидовме и да го побараме чамчето што го однесе ветрот и го најдовме на километар-два од местото каде што бевме ние, и тоа не во вода, ветерот го дигнал и фрлил 50 метри нагоре на копното.

Веќе кога се прибравме кај Зоки-Шинде на рампа успеавме и да каснеме нешто, а подоцна и да заминеме. Сумарно тоа беше нашата голгота.

Очигледно оваа репортажа нема риби, ниту некоја рибарска убавина затоа што скоро и да немаше риболов, имаше само штета, мачење и залудно потрошени денови и средства. Сепак ја пишувам како порака и школо до сите други да научат од нашата мака - Кога ќе ве фати рибарското лудило, пробајте да мислите трезвено, следете временска прогноза и не одете ако гледате најава за ветер посилен од 10км на час, се друго е ризик за голема штета и екстремно лоши рибарски моменти.

Поздрав од Борче и Борче


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 4:19 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
poucna reportaza...
e bas taka, izgleda site go imame krkano od nevreme. gledas ne go biva i pak odis :fishing:


p.s. a zosto si otidovte, steta jako meze :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 4:22 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Зашто немавме камп и што е поважно ветерот само стиши малку сабајлето, а потоа продолжи да дува, не со интензитет како ноќта, но сосема доволно да немаш никакви услови за фаќање и прогноза најавуваше дека така и ќе продолжи


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 4:34 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Уфф...ускрено многу ми е жал за ова што сте го доживеале.
Потполно ве разбирам, сум бил во слична ситуација на Глобочица каде ветарот ми искрши 1 трска и 2 сигнализатори буткајќки го цел родпод.

Другпат ќе размислуваш како паталец, не гаталец.

Битно вие сте добри и на крај сте побогати со едно искуство кое ќе го памтите до крај.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 5:06 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 30, 2012 7:40 pm
МислењаCOLON583
ЛокацијаCOLONСкопје
Лошо место сте одбрале за овој период Борис...
И да сте останале,лошо ќе сте поминеле (со риба)...тука е многу плитко сега и водата секој ден паѓа...
Подолу еден км. е друга прикаска...12 метра длабочина :fishing:

_________________
[ img ]
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 5:13 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Spaiva НапишиCOLON
Уфф...ускрено многу ми е жал за ова што сте го доживеале.
Потполно ве разбирам, сум бил во слична ситуација на Глобочица каде ветарот ми искрши 1 трска и 2 сигнализатори буткајќки го цел родпод.

Другпат ќе размислуваш како паталец, не гаталец.

Битно вие сте добри и на крај сте побогати со едно искуство кое ќе го памтите до крај.


Да , тоа беше незаборавна вечер на Глобочица ... наместени на ачил , на бришан простор ... ветерот носеше се пред себе и единствено ни остана да седнеме во кола и да чекаме да помине .

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 5:15 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 12, 2013 5:17 pm
МислењаCOLON222
ЛокацијаCOLONСкопје
CTS-klen НапишиCOLON
poucna reportaza...
e bas taka, izgleda site go imame krkano od nevreme. gledas ne go biva i pak odis :fishing:


p.s. a zosto si otidovte, steta jako meze :)
Дефинитивно,од овој рибарски излет најубавиот момент беше вечерта,мерак ми беше со Имењакот да дегустираме и благи работи (слатко од смокви берени на море,три леќе,милка чоколада со цели лешници,домашен сок,мислам дека не е Се во алкохолот и маснотиите),но здравје Боже некој друг пат,инаку како ни се останувашееее :eusa_snooty: :eusa_snooty: :eusa_snooty:

Со Имењакот секогаш има релакс муабет :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 5:30 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 12, 2013 5:17 pm
МислењаCOLON222
ЛокацијаCOLONСкопје
Spaiva НапишиCOLON
Уфф...ускрено многу ми е жал за ова што сте го доживеале.
Потполно ве разбирам, сум бил во слична ситуација на Глобочица каде ветарот ми искрши 1 трска и 2 сигнализатори буткајќки го цел родпод.

Другпат ќе размислуваш како паталец, не гаталец.

Битно вие сте добри и на крај сте побогати со едно искуство кое ќе го памтите до крај.
Спаива,само разум сака,кејфот некогаш многу не чини и нема никаков лезет,барем сега се модерни времинја со интернетот,ретко се промашува прогнозата,самооо разууммм.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 7:13 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
На тој ветер да сте раширеле јакна како дронови имало да летате... :D Шала на страна,нема играње со мајка природа,ама нагонот риболовен не тера некогаш да одиме сами против себе...Битно живи,здрави,има што да раскажувате на деца,внуци авантури :fishing:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Однесени од виорот
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 30, 2017 9:46 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jун 10, 2011 5:18 pm
МислењаCOLON359
ЛокацијаCOLONSkopje -Ilinden -
Леле леле оваа ми звучи познато, но до овој степен небеше
У сред бел ден на уливот од никаде се појави виулица и силен ветер, превертување гумењакот и се што имаше у него отиде у езеро.
Штета за опремата што ви настрадала другото останува за спомен... Бистро

Послато са E560 уз помоћ Тапатока

_________________
Риболовот не е хоби - тоа е животeн стил...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 13 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum