Извештајот или освртот на Предарг го имате во другата тема која е заклучена, па ја користам приликата и обврската, најповеќе заради дечките кои беа на стаза да надополнам.
Убеден сум дека ќе имавме подобар пласман ако не се случија две организациски грешки, пропусти или утки, или како сакате крстете ги.
Во секторот Ц, на нашата позиција Ц1 изгубивме најмалку 3 -4 часа од натпреварувањето, бидејќи боксот не беше подготвен за нормално ловење (немаше воопшто простор за зафрлување). Па така 2 часа по почетокот на натпреварот се сечеше шума 3-4 големи стебла и сите грмушки околу нив. Тоа создаде нервоза кај момците, но ете се потрудивме да имаме разбирање и за организаторот. Меѓутоа, со тоа не се решија проблемите и во текот на целиот натпревар имамвме судии, делегати и капитени на "гости" во нашиот бокс. На крај дојдоа и два члена на главната жири комисија (таа е над сите судиски органи и донесува конечни одлуки) кои и самите увидоа дека е направена грешка со поставувањето на боксовите на позициите 1, 2 и 3 во Ц секторот. Келнериве од Велс (како што ги нареков во една расправија натпреварувачите од Велс ) секој ден испраќаа по 5 судиски постави дневно и по скоро исто толку ноќе. Грешката не беше нивна, но уште помалку наша што аксијалните простори за ловење се судираа т.е. сечеа. Па така, наместо да ловиш риба се расправаш со судии, капитени, делегати и натпреварувачи 50% од ловното време. Убеден сум дека ќе бевме најмалку пред Русите (трети, а можеби и втори во подсекторот од Ц1 до Ц13. Од тие, а и од тактички причини ги замолив Аце и Велијан да ловат што по лево со цел да се избегнат мрсењата конци (изгубивме 3 убави риби заради тоа) и од причини да се оттргнеме од Романците на Ц3, кои ловеа скоро на иста линија со нашите (романците покажаа со резултатот и фреквенцијата на удари дека имаат многу подобра бојла и прихрана и успеваа да излезат некој метар понапред). Сите улови и удари на Ц1 беа на Pacifik tuna, топива, но многу поспоро од романската. Уште еднаш честитки за Аце (голијат) и Велијан кои машки се изборија со сите проблеми и успееја да го завлечат резултатот нагоре.
Секторот А (Васко и Предраг), по мене беше најтежок за ловење од неколку аспекти. Прво, комшии Романците (ранеа со кобри на 150, а ловеа на 170 м-ова е и снимено и потврдено и не е преувеличување). Поквалитетната брзо топива бојла и подалеку зафрлањето резултираа со една наша уловена 3 нивни. И се носевме првите денови, но подоцна дојде до израз притисокот од Цапан (десно од Романците беа русите) и Романците почнаа да одат се полево (кон нашите). За жал, боксовите беа оддалечени едвај 15м. еден од друг (снимено) и кога почнаа со приговори за повредување на аксијалниот ловен простор на над 150 м. далечина, одлучија да не заградат и тоа го направија успешно. Така да, по мое мислење, мислам дека во такви околности Васко и Предраг извадија максимум.
Секторот Б беше посебна приказна. Јас како прв капитен, назначен 3 дена пред тргање имав став да го кажам моето мислење, а одлуките остануваа на натпреварувачите и договорот со Сергеј. Момците имаа тактика да хранат на максимална далечина на која можат континуирано да работат (околу 120 м.), а да ловат некој метар повнатре (125-130 м.). Нахранија солидно (имаше многу силен ветер првиот ден, ноќ и следниот, втор ден). Очекуваа удар (Словенците од десно на 40 м. растојание еден од друг со нашите, веќе имаа две риби од кои едната испадна најголема на СП (18 кгр и нешто). Словенците ловеа некој метар повнатре, но мислам дека тоа не беше одлучувачко. Немоќта да излезат подалеку резултираше со тоа што Марјан се пожали на болки во грбот и побара да биде заменет. Следниот ден ја направивме замената и на негово место влезе Јовче (од тимот CO2 од Вардар) кој имаше веќе покажано дека може да фрли подалеку. Ниту тоа не вроди со резултат. Јас мислев дека треба да се направи и некоја промена на тактиката на ловење (иако ловеа сите со pacifik tuna, иако се пробаа и многу други мамци), да се проба и на поблиску со микро хранилишта, сингл мамци и само со PVA, но дечките останаа со надежта дека таму каде што 2 дена и ноќи е хрането, надежда да ја добиеме таа една проклета риба е токму таму. Јовче излезе и подалеку. Добивме 15-20 м. плус во далечина. Но удар немаше. Останува да ме гризе совеста што требаше да се обрне посебно внимание на струењето на водата во лево (спротивно од ветерот кој нон стоп дуваше во десно), но како што кажав одлуката беше нивна. Последниот ден и таа една риба не менуваше нешто во бодовна смисла (освен некој покрупен примерок од над 12-15 кгр).
Како заклучок се наметнува подобрениот пласман од претходните години. Треба да се поработи сериозно на далечинското ловење, на меѓисебните односи, трпението и толеранцијата. Сепак сите имаме иста цел.
Мое мислење.
Според моменталните состојби во МК, во крапскиот натпреварувачки риболов тимот:
1. Предраг и Кременадла
2. Аце и Јовче и
3. Тафта и Младен
е тим кои има предиспозиции за подобар резултат. Повторувам, мое мислење според сегашните состојби. Но да не заборавиме дека се е релативно и дека до Ада Циганлија 2018-та година, има цела една година и дека има простор некои дечки, со упорен тренинг и посветеност да можат да го сменат оваа мислење.
So seta pocit kon tebe i kako licnost pred se i kako kolega,ke te zamolam da mi objasnis od kade taa sloboda da predlagas luge za nareden sampionat,a pri toa da vrsis diskriminacija vrz nekoi koi se mozebi pouspesni iili vo kraen slucaj potencijalni natprevaruvaci vo liga 2018g.
Moe mislenje (znaco potenciram..licno moe mislenje),deka so vakvite vasi viduvanja na nastanite i predlozi za ekipa koja ke ne pretstavuva na ADA 2018,ke stvorite revolt kon onie koi mozebi veke se spremaat za liga 2018 a so samoto toa se i potencijalni reprezentativci za 2018.
Neznam kako ja napravi ovaa selekcija i nemam nisto protiv deckite koi se staveni na listata (osven predrag),no mislam deka sekoj ima pravo da se natprevaruva naredna godina i dokolku izbori plasman za ucestvo vo reprezentacija,toa pravo nikoj ne moze da mu go odzeme (barem od dosegasna praksa).
Dokolku si inkognito naznacen za selektor za 2018 ,se ova pogore napisano...mozes da go ignoriras.
pozdrav