www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 19, 2024 5:25 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS5960616263ELLIPSIS70»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 25, 2017 6:41 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 7:16 pm
МислењаCOLON47
ico baits НапишиCOLON
Da ovoj post I.negoviot neka stojat..pisav ja so treba.samo.ona.KE SE SRETNEME,.me asocira deka ke.me tepa :D
Jas sto imav da kazam - kazav.
Drugoto...Koga ke se sretneme.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 27, 2017 7:47 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Дек 05, 2016 2:05 pm
МислењаCOLON113
Vie ne ste arni:)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 28, 2017 11:01 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Да бевме арни немаше рибари да бидеме :lol: :lollol:

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 28, 2017 8:12 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Aпр 12, 2012 3:42 pm
МислењаCOLON605
Зашто пак никој не напише што се случуваше,како,зашто итн.Кога не бевме удостоени пред светско барем после истото да прочитаме некое искуство

_________________
Carp fishing...i love it !


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 28, 2017 9:21 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Imame inoformacija deka se sprema eden opsiren izvestaj.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 29, 2017 4:16 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Извештајот или освртот на Предарг го имате во другата тема која е заклучена, па ја користам приликата и обврската, најповеќе заради дечките кои беа на стаза да надополнам.
Убеден сум дека ќе имавме подобар пласман ако не се случија две организациски грешки, пропусти или утки, или како сакате крстете ги.
Во секторот Ц, на нашата позиција Ц1 изгубивме најмалку 3 -4 часа од натпреварувањето, бидејќи боксот не беше подготвен за нормално ловење (немаше воопшто простор за зафрлување). Па така 2 часа по почетокот на натпреварот се сечеше шума 3-4 големи стебла и сите грмушки околу нив. Тоа создаде нервоза кај момците, но ете се потрудивме да имаме разбирање и за организаторот. Меѓутоа, со тоа не се решија проблемите и во текот на целиот натпревар имамвме судии, делегати и капитени на "гости" во нашиот бокс. На крај дојдоа и два члена на главната жири комисија (таа е над сите судиски органи и донесува конечни одлуки) кои и самите увидоа дека е направена грешка со поставувањето на боксовите на позициите 1, 2 и 3 во Ц секторот. Келнериве од Велс (како што ги нареков во една расправија натпреварувачите од Велс ) секој ден испраќаа по 5 судиски постави дневно и по скоро исто толку ноќе. Грешката не беше нивна, но уште помалку наша што аксијалните простори за ловење се судираа т.е. сечеа. Па така, наместо да ловиш риба се расправаш со судии, капитени, делегати и натпреварувачи 50% од ловното време. Убеден сум дека ќе бевме најмалку пред Русите (трети, а можеби и втори во подсекторот од Ц1 до Ц13. Од тие, а и од тактички причини ги замолив Аце и Велијан да ловат што по лево со цел да се избегнат мрсењата конци (изгубивме 3 убави риби заради тоа) и од причини да се оттргнеме од Романците на Ц3, кои ловеа скоро на иста линија со нашите (романците покажаа со резултатот и фреквенцијата на удари дека имаат многу подобра бојла и прихрана и успеваа да излезат некој метар понапред). Сите улови и удари на Ц1 беа на Pacifik tuna, топива, но многу поспоро од романската. Уште еднаш честитки за Аце (голијат) и Велијан кои машки се изборија со сите проблеми и успееја да го завлечат резултатот нагоре.
Секторот А (Васко и Предраг), по мене беше најтежок за ловење од неколку аспекти. Прво, комшии Романците (ранеа со кобри на 150, а ловеа на 170 м-ова е и снимено и потврдено и не е преувеличување). Поквалитетната брзо топива бојла и подалеку зафрлањето резултираа со една наша уловена 3 нивни. И се носевме првите денови, но подоцна дојде до израз притисокот од Цапан (десно од Романците беа русите) и Романците почнаа да одат се полево (кон нашите). За жал, боксовите беа оддалечени едвај 15м. еден од друг (снимено) и кога почнаа со приговори за повредување на аксијалниот ловен простор на над 150 м. далечина, одлучија да не заградат и тоа го направија успешно. Така да, по мое мислење, мислам дека во такви околности Васко и Предраг извадија максимум.
Секторот Б беше посебна приказна. Јас како прв капитен, назначен 3 дена пред тргање имав став да го кажам моето мислење, а одлуките остануваа на натпреварувачите и договорот со Сергеј. Момците имаа тактика да хранат на максимална далечина на која можат континуирано да работат (околу 120 м.), а да ловат некој метар повнатре (125-130 м.). Нахранија солидно (имаше многу силен ветер првиот ден, ноќ и следниот, втор ден). Очекуваа удар (Словенците од десно на 40 м. растојание еден од друг со нашите, веќе имаа две риби од кои едната испадна најголема на СП (18 кгр и нешто). Словенците ловеа некој метар повнатре, но мислам дека тоа не беше одлучувачко. Немоќта да излезат подалеку резултираше со тоа што Марјан се пожали на болки во грбот и побара да биде заменет. Следниот ден ја направивме замената и на негово место влезе Јовче (од тимот CO2 од Вардар) кој имаше веќе покажано дека може да фрли подалеку. Ниту тоа не вроди со резултат. Јас мислев дека треба да се направи и некоја промена на тактиката на ловење (иако ловеа сите со pacifik tuna, иако се пробаа и многу други мамци), да се проба и на поблиску со микро хранилишта, сингл мамци и само со PVA, но дечките останаа со надежта дека таму каде што 2 дена и ноќи е хрането, надежда да ја добиеме таа една проклета риба е токму таму. Јовче излезе и подалеку. Добивме 15-20 м. плус во далечина. Но удар немаше. Останува да ме гризе совеста што требаше да се обрне посебно внимание на струењето на водата во лево (спротивно од ветерот кој нон стоп дуваше во десно), но како што кажав одлуката беше нивна. Последниот ден и таа една риба не менуваше нешто во бодовна смисла (освен некој покрупен примерок од над 12-15 кгр).
Како заклучок се наметнува подобрениот пласман од претходните години. Треба да се поработи сериозно на далечинското ловење, на меѓисебните односи, трпението и толеранцијата. Сепак сите имаме иста цел.
Мое мислење.
Според моменталните состојби во МК, во крапскиот натпреварувачки риболов тимот:
1. Предраг и Кременадла
2. Аце и Јовче и
3. Тафта и Младен
е тим кои има предиспозиции за подобар резултат. Повторувам, мое мислење според сегашните состојби. Но да не заборавиме дека се е релативно и дека до Ада Циганлија 2018-та година, има цела една година и дека има простор некои дечки, со упорен тренинг и посветеност да можат да го сменат оваа мислење.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 29, 2017 6:17 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Убаво објаснето Мајсторе,секоја чест.Не бие и некој малер,мора да се скрши....дали циганка,дали зејтин во црква :D
Не сум воопшто навлезен во крапскиот риболов,не можам да се правам паметен,не ги знам процедурите ама ме интересира на пример за фрлањето во далечина...Сите зборат дека е пресудна....Зашто на пример не се направи еден вид конкурс да се пријават рибари кои мислат дека можат да фрлаат далеку и да се тестираат дечките....Можеби има скриени таленти,кои би вршеле работа на првенства во исфрлање во далечина?!

Пак ке кажам,не се разбирам како одат работите со првенствата,можебо тропам глупости....ама дали е изводлив еден таков кастинг тест и дали некој што може да фрли над 130-150 метри да може да влезе во тимот?

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 29, 2017 6:34 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 15, 2012 11:28 am
МислењаCOLON2075
ЛокацијаCOLONKumanovo
200mt da frlame na nas ni e dzabe .... u globala sekoja godina se naogja nesto zasto sme megju poslednite ....

P.S..Cestitki do ucesnicite i do osvoenoto mesto .

_________________
BISTRO

Vremeto tamu mi e dragoceno za da si go gubam izigruvajci deka sum Stevo Karapandza

Alliance Carp Team

Предупреден


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 30, 2017 9:19 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Само како додаток.
Претходните сознанија за ревирот се од големо значење и имаат пресудни влијанија. Тињата беше едno од тие сознанија кои наведоа на избор на чод или хелихоптер системи иако мноштвото репрезентации ловеа со стандардни safety системи. Не видов некој да лови со inline систем. Проблемот е во целта да се подтигне далечина на ловење, а тињата е противник на таа цел бидејки се користат longcast олова. Нашите пробаа со некои плочкасти олова но имаа проблем со далечината, па се вратија на чодот или хелихоптерот.
Карактеристики на ловењето на Деседа на ова СП:
Стекнавме информации и видовме многу репрезентации како ловат. Најуспешните (Украина) воопшто и не сондираа, туку веднаш ги зафрлија мамците и прихраната. Добивме инфо дека лигата ја одржале токму на Деседа (не знам колку е точно). Истото го направија и Французите, а само некои од Романците.
Србите сондираа, но не длабочина, туку само дно.
Тимот на Србија кој беше во А2 сектор (Милорад и Добрица) победија во овој подсектор. Од она што го видовме и од разговорот со Мики дознавме дека тињата е различна по дебелина и густина. На некои 125 м. далечина имаше прелаз на потенок слоj во подебел, погуст слој тиња ("Запело нам олово за сондажу дна на 125м., заклипали и почели хранити на даљини 125-130 м., а рибу смо добијали на 135 м.). Колку е за верување не знам но Милорад се истрча и кажа дека ловеа на М1 бојла (во основа зачинска). Ова е само еден пример. Деседа немаше екстремни длабочини и сите го знаеа тоа.
Кај овој тим (остави посебен впечаток) приметивме како клипаа на 160-170 и на 135 м. Зафрлаа на 170м, отклипуваа и повлекуваа на 135 м. И имаа убави риби и голем број повлекувања. Ова како пример за комшиите да се фатат на мамката да забегаат на 170 (таму немаа удари).
Во Ц секторот Србите се обидоа и со zig-rig, но немаа некој резултат.
Предраг одлично забележа дека сите скокови на риби на почетокот не дадоа резултат. Најдобар пример беа Грузија во нивниот потсектор на топ позиција А26. Имаа ред високи трски по должина на десен брег и риби им се искршија од рипање на почетокот. Завршија со една риба од 1.930 гр. Иако третиот ден кај Васко и Предраг повторно зарипаа риби на 15 м. од брегот, немаа ниту еден удар иако Васко хранеше континуирано 3 дена на тоа место. Рибата не земаше блиску. Според сознанијата и информациите од сите сектори 90% ударите беа далеку. Кој подалеку повеќе успех.
Има толку многу да се пишува, но основното е дека овој спорт влезе во атлетски води. Се бара далечина, сила, издржливост, топ опрема и по мене најважно прав избор на мамци и прихрана. Сите веќе ловат далеку. Хрватите можеби најдалеку иако веќе се сомневам во тоа. Романците оставија најсилен впечаток. На почетокот некоја ракетка и толку. Продолжија само со кобри и бојли. Квалитетна топлива бојла од 24-26 мм (очигледно) која ја собра рибата и квалитетен мамец (A сектор 10 риби=40 кгр; B сектор 16 риби=81 кгр; Ц сектор топ 37 риби = 184 кгр.)
Ада Циганлија е поблиску, а е многу слична на Деседа (иако нема толку многу тиња). Моментално е празна и нема риби, освен некој редок примерок. Како ќе биде динамиката на порибување, никој не знае. Но ако не се искористи близината и не се посети доволно за целосна слика, пак ќе имаме проблеми. Да потсетам дека Украина лигата ја правеше на Деседа и станаа светски прваци. Затоа, оние кои планираат и организираат, по мое мислење, треба да го имаат ова во предвид. Најдобронамерно. :D

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 30, 2017 9:57 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
http://media.rtv.rs/sr_ci/cari-ribolova ... mment12274

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS5960616263ELLIPSIS70»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum