www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 1:21 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 27, 2017 7:56 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Maј 09, 2013 7:14 pm
МислењаCOLON703
Од 22 до 24 септември се одржа TROUT CUP 2017 Михалково Бугарија спин куп во лов на пастрмка со вештачки мамки на кој што и ние добивме покана за учество.
Пријавени за учество беа 29 натпреварувачи од Бугарија 4 од Србија и 1 од Македонија
Програмата беше следна:

Петок

Рано тргнав за Софија каде што беше договорено да не чекаат мене и србите и понатака да не однесат до местото Михалково кое се наоѓа на 230 km од Софија.

[ img ]

По неколку часовно возење пристигнавме и директно на стаза каде беше закажан тренинг. Реката Врча релативно мала со низок водостој.


[ img ]

[ img ]

На ревирот е забранет слободен риболов се користи само за натпревари и купови.
Теренот среден очистен за да може слободно да се движиме по стаза. Прво се порибуваше па по еден час започна тренингот.


[ img ]


[ img ]


Се ловеа риби на спинери, кашики, воблери и силикон со нано џиг глави или само со јадици без отежнување.

По завршување на тренингот се упативме кон Еко Чифликот ГАГОВИ НИВИ кое е во сопственост на организаторот и повеќе кратниот бугарски шампион во спин Георги Гетов каде што ни беше обезбеден престој за наредните три дена. Местото на врв на планина на околу 1000 м.н.в. мирно тивко и солидно средено. За изненадување WIFI-то беше одлично.

Како добри домаќини се потрудија да престојот ни го направат уште поубав па пробувавме различни ракии и вина, плескавици подготвени од диво , сирења кашкавали ...
Вечерта помина во убава дружба, влечење позиции за утрешните две кола и рибарски муабети

[ img ]

Сабота
Станување рано доручек, припрема за натпревар па пат до стаза која беше одалечена околу 5 км
Пред секое коло се порибуваше со калифорниска и поточна пастрмка и вкупно беа пуштени околу 1700 риби со просечна големина од 200 гр.
Стазата поделена во два сектори. Во секој сектор по седумнаесет натпреварувачи и по триесетина бокса по сектор.Две бази од каде се тргнува во избор на бокс по редоследот добиен на ждребката.

[ img ]

Главниот судија ги чита натпреварувачите по редослед во размак од 30 секунди за кои секој натпреварувач треба да избере бокс.Наредниот бира од сите неодбрани боксви и така се додека последниот натпреварувач не застане. Со свиреж од судијата започнува натпреварот. секој натпреварувач може да менува колку сака боксови и може да лови во секој слободен бокс. Едно коло се состои од четири рунди по 45 мин и при секоја рунда излезот на такмичарите е со различен ред број така да секој има еднакво право на избор на боксови во текот на колото.

[ img ]


[ img ]

По завршетокот на колото се сумираат резултатите и се впишуваат пласманите
Резултатот е следен

[ img ]

По неколку часовна пауза повторно порибување и почеток на второ коло

[ img ]

[ img ]

Резултатот

[ img ]

Во првото коло во сектор Б завршив на 12 место а во второт во сектор А на 9 место
По сумирањето на резултатите по двете кола бев на 23 место со надеж дека утре во последно коло ќе постигнам подобар резултат и ќе се искачам во горниот дел од табелата

Вечерта исто како и предходната дружби муабети пиење и прекрасно јарешко подготвено во фурна.

Недела

Пристигање на стаза и водата голема. Над река Рача има акумулација па се чекасе да падне водостојот за да се пориби.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Започна и третото коло во кое не ми се остварија желбите. Слаб излез и слаб резултат.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Резултатот 16 место во трето коло со што на крај завршив на 26 место.

По натпреварот следеше прогласување на победниците.

1 место -Тодор Костадинов кој на светско првенство има освоено бронзена медалја
2 место - Петар Лаков кој е освојувач на TUC оваа година
3 место - Дарко Пертот од Србија

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]


За крај, одлична организација, фер судење и многу гостопримливи домаќини.
Се беше во супер. Стекнати нови искуства во спин риболовот.

Благодарност до нашиот Предраг Димитриевски од Босна кој ме воведе, несебично ми ги пренесе неговите знаења и ме запозна со овој тип на натпревари.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 27, 2017 8:08 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Феб 10, 2012 1:25 pm
МислењаCOLON281
ЛокацијаCOLONШтип
Немам зборови, одлична репортажа, прекрасно искуство, би сакал да бидам дел од некое следно натпреварување, па ако може поконкретно на што варки се ловеше


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 27, 2017 8:21 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON1119
ЛокацијаCOLONАеродром
Davor e covek od koj imame site mnogu da ucime, ne samo za ribolovot tuku i za mnogu raboti. Entuzijast so strast za ona sto go saka. Ovaa godina sam navleze vo tip na ribolov za koj povekjeto ribari nemaat poim kako izgleda i sto znaci. Ima dosta sto da ni kaze i pokaze. Iako sum dosta zapoznaen so natprevarot i se sto se slucuvalo tamu, odlicna reportaza i se dadevam deka dogodina nema da bide sam.

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 27, 2017 8:46 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Даце кога ке почне овакви работи да се случуваат и кај нас,ке има од кого да учиме....Капа доле мајсторе,големо искуство се стекнува со самото присуство таму :~~

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 27, 2017 10:09 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Aпр 27, 2016 4:54 pm
МислењаCOLON61
Секоја чест за освоеното место и секоја чест за опширната репортажа. Се надевам дека наредна година ке се организира некој куп и во Македонија да покажеме и ние сме добри домаќини и уште подобри рибари.

БИСТРО до следниот куп!

п.с Се надевам дека нема да ги откриеш "тајните" на овој тип на риболов


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 27, 2017 11:28 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
Bravo za takmicarskiot duh, super izvestaj :ok_ok: :thumbs_up:
Sto bese presudno kaj plasmanot, pokraj mestoto dali izborot na mamki?
Kazi nekoja uspesna varka.

Nego, imame nie ovakvi vodi kaj nas. Mene mi lici deka poleka od mavrosko ke se preflas nakaj ribnicka, nicpur.... :D


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 28, 2017 8:40 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Bravo za Davor.
Ne veruvam deka nekoj drug ribolovec kaj nas tolku navlegol vo tajnite na ultra Light spinningot.
Ubavo e da se vidat nasi natprevaruvaci na megunarodni turniri.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 28, 2017 9:23 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maј 14, 2012 4:06 pm
МислењаCOLON243
ЛокацијаCOLONМаврово
Давор :NotWorthy:

_________________
If i'm not fishing, i'm thinking about it!

www.ribar.com.mk


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 28, 2017 11:00 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Браво Давор .... одлична репортажа и секако одлично искуство :NotWorthy:

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 28, 2017 12:14 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aвг 22, 2011 9:47 pm
МислењаCOLON130
Bravo Davor,
ni dolovi barem malku nesto novo,imame da ucime od tebe,


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum