Oд почеток до крај (освен задните николку часа поради семејни активности) го следев ова Светско првенство и, покрај разочарувањто поради нашата Б екипа сепак сум среќен. По низа години во назад покажавме дека сепак знаеме да ловиме риба и дека има потенцијали во нас.
Расправиите околу лигата и составот на Репрезетацијата се сувишни. Натпреварувачите, какви и да се и како стигнале таму, сепак ни донесоја радост. Можевме да бидеме и подобри но во секој слќај мрднавме од мртва точка.
Ова би требало да ни биде потик за наредната година уште подобри и по спремни да бидеме. Во наредниот приод, до следното Светско првенство, да ги анализираме успесите на конкурентските екипи и нашите недостатоци. Тоа - Јас сум подобар, . . . Јас ова, Јас она, Овој имаше среќа, Јас немав среќа . . . Заборавет. На овој или оној начин, секој што учествувал, имал прилика и шанса да покаже што знае. Вчера е минато. Утре е иднина. ДЕнеска треба да работиме и да се подготвиме за иднината, а минатото никојпат нема да го смениме.
БРАВО за нашата РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА и следна година да бидеме УШТЕ ПОДОБРИ