Да се укинат легитимациите е најдобро нешто што може да се направи за рекреативниот риболов,не поради 400 денари него поради тоа што обичниот човек неможе да си дозволи да лови кога сака.
Не разбирам што те спречува да ловиш кога сакаш (освен забраните за ловостој)
Не зборам за мене и за сите ние кои имаме легитимации,зборам за останатиот народ кој неможе да лови затоа што нема легитимација,или пак доколку сака да ја извади ќе треба месец дена да чека.Нашево наместо да е ХОБИ ,забега во еден друг правец,со легитимации,уплати во банки,и разни други заебанции.
Многу пати сум се нашол во ситуација во која многу пријатели изразиле желба да риболоват со мене на пример но неможат да појдат поради немање легитимација.Многу пати сум сигурно сте и вие сакале да тргнете по риба некаде меѓутоа незнаеш каде да извадиш дозвола или прошло 6 па неможеш да уплатиш во банка.
Мое мислење е дека риболовот мора да биде многу попристапен во однос на тие работи и секако цени на дозволи.
Риболовот не е измислица на 21 век па сега ние да измислуваме легитимации,банки и сл.Се риболовело од памтивек,повеќе иделе по риба и повеќе риба имало во водите.
Околу дозволите,јас би увел да мора да се издава дозвола на лице место...На пример, преку банка т.е. уплатинца нека биде дневна дозвола 200 денари,а на лице место нека биде 250...Така ќе има полесен начин да отидеш по риба,а СИГУРНО ќе има поголема заштита на водите,пошто нели ќе има некој што ќе шета за да земе пари.