КД е измислен за лов најчесто на големи риби. Целата поента е да јадицата лежи на дното.
Најчесто се користат curve shank тешки јадици 2 и 4, но не значи дека неможе ни на 6 и 8 да функционира за помали крапови.
Доколку ставиш поп ап боила, ќе мораш да ставиш и тунгстен или оловце како боилата не би ја кренала јадицата и ја изгуби главната цел, а тоа е јадицата д а лежи на дното. Имам неколку пробно врзани, но никогаш сериозно не сум му дал шанса. Не добил шанса од проста причина што мислам дека не менува многу и е многу мал детаљ кој мислам дека не прави разлика. Најчесто го користат Англичаните по тоа нивните води (али хамиди и компанија).
Овде би го пробал на ненападнати води како Глобочица, Велешко и сл. , каде крапот е есктремно внимателен.
Ефикасноста треба да ја сведеш на качење, не на тоа дека со КД ќе добиеш повеќе риби.
пс. добредојде на форумов, но добро е да ни се претставиш во темава чисто поради чест кон другите членови и форумот.....
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php ... 03#p275603