Од 24.08 до 27.08.2017г. на езерото Суки Лејк ќе се одржи натпревар во крапски риболов 253carpbaits КУП ЛЕТО 2017
Време на одржување 72 часа.
Максимален број на екипи -12
Котизација -300лв од екипа
Прво место -900лв ,пехари,медали
Второ место -700лв,пехари,медали
Трето место - 400лв ,пехари,медали
Најголема риба - пехари ,медали
Учество ќе земат 6 екипи од Бугарија и 6 екипи од Македонија.
Правила:
Екипите се состојат од двајца или тројца по екипа.
Број на трски по екипа - 4
Се Лови на дно со една јадица на систем и сите видови на зиг риг системи.
Задолжително е секоја екипа да има по три сакови ,антибиотик и душек за рибите.
Дозволено е ранење со ракети , спомб,кобри ,лопати и прашкаста.
Навечер е дозволено ранење со кобра и прашкаста.
За прихрана е дозволено бојли ,пелети и топки за прихрана до 70мм.
Дозволено е влегување до колена при кепање на риба.
Во мерка се крапови и амури од 1.500кг па нагоре.
Член на една екипа може да влезе во бокс на друга екипа само со одобрение на членовите од тој бокс.
Забранети се секакви вирбли и спојки кои го спречуваат испаѓањето на олвоото.
Судиите во секое време може да направат проверка на монтажите, прихраната или саковите во кои се чуваат рибите.
При мерење на уловена риба задолжително треба да присуствува натпреварувач со соседниот бокс кој после мерењето се потпишува како сведок на уловот.
Умрена риба во боксот не се мери.При втора умрена риба, освен што не се мери плус се добива казна од 10 казнени поени.
Забрането е ставање на уловена риба во повеќе од еден сак.
Забрането е користење на живи мамки.
Забрането е хранење надвор од сектор.
Забрането е вадење или кепање на риба надвор од сектор.
Забрането е покривање на оловото со пасти и други прихрани
Забрането е користење на друг вид хранилки
Забрането е внесување на дополнителна прихрана и мамци после стартот на натпреварот.
Риба која ќе се заплетка на монтажа или маркер од друг бокс не се мери.
Забрането е правење на галама,трескање на врати ,слушање на силна музика и без причина светење кон водата.
Забрането е движење на автомобилите на учасниците после стартот на натпреварот.
Забрането е влегување со коли во бокс, дозволен е само шатор.
ПРИ ЗАБЕЛЕЖАНА НЕПРАВИЛНОСТ СЕКОЈ УЧЕСНИК ТРЕБА ДА ПРИЈАВИ КАЈ СУДИЈАТА ВО МОМЕНТОТ,
ПРИ ПРВА НЕПРАВИЛНОСТ, ЕКИПАТА СЕ КАЗНУВА СО 5казнени поени.
ПРИ ВТОРА НЕПРАВИЛНОСТ, ЕКИПАТА СЕ КАЗНУВА СО 10казнени поени.
ПРИ ТРЕТА НЕПРАВИЛНОСТ, ЕКИПАТА СЕ ДИСКВАЛИФИКУВА БЕЗ КОМПРОМИСИ