РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Продолжен викенд, петок како создаден за по риба. Со Емил тргаме во 04:30 од Струга (доцниме, во 05 е веќе дење).
Стигаме на Радика и веднаш се симнуваме на истите позиции каде што го одржавме првото коло од мушичарскиот куп, да провериме што нудат позициите на слободен риболов.
Рибата од сабајле беше активна, извадивме по неколку парчиња по 25-26 см на мојата и на Јулио позицијата. Емил продолжи да ја лови на Перун позицијата, а јас се качив на позицијата на Цакуле. Само што почнав да ловам, слушнав викање “Филип, доаѓај, килајка е“
Ете го Емил се бори во брзакот со убава и здрава пастрмка, додека стигнав до него низ река, па да извадам телефон, успеав да го снимам само крајот на борбата. Убаво радичко парче, вагата покажа 1.255 грама. После таа риба, нагоре по реката имавме едно саат време пауза, па по некое рипче, па од кај 12 до 16 штама (многу беше топло и спарно), за после 17 да извадиме по уште неколку парчиња. На стемнување пробавме на сува, имав 7-8 удари, но сите беа промашувања Здравје до следното одење
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум