Прашање до Васил во однос на легитимации и дозволи за риболов.
Јас отприлика претпоставувам, но би било фино ако знаеш да ми го објасниш следното...
Ние, кога ќе се формираме како здружение, ќе можеме преку нашето здружение да вадиме легитимации за рекреативен риболов. Тие во моментов чинат 400 денари, од кои 120 одат за државата, 280 во МРФ. Здружението наше би немало ништо од овие легитимации, освен зголемување на бројот на членови, или грешам?
Второ, на кој начин/дали ќе можеме ние да издаваме некакви дозволи за риболов, иако немаме риболовна вода под концесија? Дали ќе треба да склучиме договор со други здруженија кои имаат под концесија поатрактивни (читај најпосетени) ревири, па да направиме некаква си “регионална“ дозвола по урнекот на старите регионални на Вардар, дали ќе имаме право на приход од таа дозвола (логично би требало да имаме најмалку “манипулативни трошоци“) со што би си го помогнале финансирањето на друштвото? Дали, доколку имаме такви финансии, постои строго определена намена како може да се трошат или можеме самите да ги насочиме кон порибување, еколошки акции и сл?
Здраво Филип
Здруженијата кои имаат концесија издаваат дозволи и тоа им е основниот и најголем прилив на средства. Сите здруженија имаат можност да воведат и сопствена членарина. Тоа се средства кои здружението ги користи наменски, на пример за заштита, за порибување или за натпревари.Одлука носи управниот одбор на здружението самостојно.
За здруженијата кои немаат концесија најпожелно е да ја промовираат Годишната државна дозвола. Таа важи на сите риболовни ревири, а дел од средствата за неа одат на сметката на здружението од кое потекнува риболовецот. Концесионерите не ја сакаат оваа дозвола од причина што немаат ништо од неа па дури и ги „убедуваат“ риболовците да не ја вадат или воопшто не им кажуваат дека има таква можност.
Трошењето на средствата на здружението е интерна работа. Сами одлишувате за што ќе ги трошите парите. Концесионерите имаат обврски (порибување, чување-заштита и др.) па треба да ги планираат средствата за тоа.
Поздрав