Оваа тема ја отворив поради тоа што мислам дека е доста интересна, особено за нас мушичарите, затоа што начинот на кој ловиме ни налага постојано да се движиме по реките, а со самото тоа и доста често да сретнуваме стари корита, бари, и канали покрај самите реки.
Јас лично никогаш не ги пропуштам, а најчесто кога ке навратам до нив заборавам на реката и каде
сум тргнал. Во повеќето случаи кога рибата не се јавува на реката знае баш таму да биде
активна.
Последната моја посета на вакво место беше на канал за наводнување, што се одлева од вардар и мозам да кажам дека баш интересно поминав, ме изненади глетката што видов неколку големи кленови по 40/50см долги како копаат со главата по дното а опашите им излагаат над плитката вода.
Самиот начин на ловење е чист предизвик, затоа што кленот не се наоѓа низ целиот канал туку се наоѓа само на две места од 1.5 км должина на каналот и треба посебно претпазлив пристап затоа што водата е мала и бистра а коритото доста тесно па посакова криење и спори движења.
Самата природа на растенијата (трските и водената трева) налага да факаме само на одредени места што представува голем проблем за нас откако на тоа место ке уловиме некоја риба затоа мора да бараме начин како да ја уловиме прво покрупната риба затоа што може нема да имаме друга шанса.Мојата тактика на ловенје на ваквии места е следната;приоѓам внимателно на местото клекнувам и малку надгледувам каде се јавува рибата на кое место да ја пласирам мушицата каква мушица и сл. Подоцна зафрлам и кога ке следи удар не контрирам ја оставам рибата да се предомисли и да ја плукне мушичката...е тука имам мал проблем затоа што сувата мушичка веке ми е под вода и не ја гледам ама не ја вадам одма малку чекам и следното потегнуванје на конецот не контрирам уште чекам се додека не се појави таласче односно бранче на местото каде што ми е мушицата од што сум сигурен дека е покрупен примерок.
После оваа да речам прва и покрупна риба следуваат и други мегутоа ситни не пали тоа веке да ја оставам мушицата затоа што покрупната рибата е уплашена и не напага под површината само ситните се активни на површината на водата тогаш значи одам на другото место го правам истото додека малку не се смири рибата и пак назад затоа што таму само на две места се сретнува кленот а има и многу треви во водата и на брегот па немам ни многу избор.
Друго место слично кое често сум го посетувал сигурно и доста од вас го знаат е во селото студена бара покрај самата река исто богато со крупни примероци на клен таму сум имал интересни улови меѓутоа исто (мораш да го одмараш местото). Добар улов само на мокра или нимфа затоа што на сува само ситен удира што е честа појава на вакви места.
Овој текст го напишав за да ви ги доловам моите искуства со вакви терени а и со надеж дека некој друг ке сподели некој начин и свое искуство за пристап и справуванје со проблемите на вакви терени.........