Tafta daj info kako pecaat vo normalni uslovi ekipite , nekoja specifika , kolicina na hrana i se drugo
Спаецијално за Љупчо само.
После посетата на езерово можам да кажам дека не дојдовме до некакви конкретни и прецизни сознанија за мамци, прихрана и сл.
Некои имаа удар на овошна боила, некои на месна ...но стихијно. Некои и во интервал од 3-4 часа добија улов, но не и некакви резултати за 50 часа.
На пченка не пробавме воопшто, но некои пробаа и мислам дека немаа успех.
Ние (јас, Тафта, Ховиц и Крсте) фаќавме на 3 вида на месни боили, и 2 овошни...неколку неуспешно резлизирани ранови, 1 кинење и многу потегнувања.
На позиција број 9 - 2 големи и 2 мали риби беа извадени за краток период од 2/3 часа и понатаму беше тивко во глобала.
Позициите од 10 до 14 се на отворено со појас на трева од околу 10-15 метри.
Тревата не е многу густа, но бев сведок на вадење крап од 10кг. на поз. 12 кој се беше заглавил и беше потребно 20мин. за да се извади.
Логично е крапот да бега таму и предупредувам дека може лесно да се изгуби риба.
Се лови од 20 па се до 50/60 метри каде длабочината е некаде од 4 до 6 метри. Над 60 веќе дното нагло спушта до 10 и повеќе метри.
Сопственикот вели дека потешко се добива риба на таа длабочина.
Задолжително маркирање пред избор на спот.
Водата е бистра, многу зебраста школка во различни големини.
Имавме на сигурен ран со риба и кинење нагло како жилет да има долу...тоа неможе да се избегне, но сепак добро е да се напомене.
ЛИД КОР е препорачливо.
Не сака многу шлапање, сепак водата сеуште не е многу нападната. Но тоа е релативна работа и секој поединечно треба да си одлучи..
Моја препорака е да не се шлапа, дури ни коа неќе да јаде. Ќе се лови блиску, кобра и чатал се повеќе од доволно за прихранување.
Користење на ПВА мрежи, конци и кесички е исто така добра опција при пласирање на мамец со презентација.
Поради карашот и црвеноперката, јас лично би избегнал фрлање на било каква прашкаста прихрана.
Пробавме и на Зиг-Риг 2 стапа со должина од 2 и 3 метри, добивме караш од 1 кг.
Сепак не е ова репер дека не треба да се лови на зиг.
Чизми посекако носење, има кал/глина пред сама обала што е прилично тешко да се ослобидте од неа дури и коа ќе се исуши.
Топла облека, греалки посекако зошто навечер знае да биде брутално ладно.
Инаку езерото е порибено со 2 тони крап од 7-10кг.
Крапови до 1-1.5кг има доста, порибено е пред 3 год со 50.000 примероци.
Има и Амур, но не е поголем од 3кг.
Стари крапови над 13кг има доста, но се нема конкретни податоци колку. Пливаат и 20+ со сигурност.
Сом, караш, смуѓ, костреж и црвеноперки од по 1 кг...
Тоа е тоа, ако дознаам нешто плус ќе ве известам.
Оштрете се јако, ќе има борба на ова езеро кое е ПРЕКРАСНО и како створено за крапски риболов.
Рибата од тоа што видов е многу борбена, зборувам за крап од 10 кг.
Fala decko , ova go dolzevte posto so bosilko koga bevte poveke druzba si praevte od kolku so pecavte