www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 26, 2024 9:37 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS7891011»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Maј 09, 2014 4:49 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Nemoj takvi kletvi moze nekoj ima za ucenje i ne odi po riba pa nemoze da stavi video ili slika :lol: :D :cray:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 20, 2014 1:02 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Ohrigjani pak po staro

http://www.sitel.com.mk/mk/ribokradcite ... a-krivolov

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 27, 2015 2:17 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Да се потсетиме на темава, иде МРЕСТ

[ img ]

Месеците Мај и Јуни се месеци на мрест во кој ние рибарите треба да знаеме да се воздржиме од одење по риба и особено треба да се воздржиме од зимање на риби кои се во мрест.

На многу води низ Македонија има концесионери кои по редот на нештата треба да се грижат за поуспешно мрестење на рибите. Некои се грижат, некои помалку, некои воопшто. Има и води кои што немаат концесија и на кои е забранет риболов, но сепак некои риболовци ризикуваат големи казни и ги напаѓаат и овие води. Оние кои треба да водат грижа во најголем дел се концесионерите, чуварите, инспекторите и полицијата. Но се чини дека најголем чувар на идниот подмладок од риба низ Македонија е свеста на луѓето. Токму затоа треба да бидеме свесни дека: во овој период Мај и Јуни (секако во зависност од временските услови и топлината на водата) се мрестат Црвеноперката, Лињакот, Кркушката, Крапот, Кленот, Сомот, Бојникот, Мрената, Попадиката, Кострежот, Смуѓот и други видови риби (освен Пастрмката и Штуката чиј мрест е веќе поминат)

Концесионерите веќе ги имаат истакнато датумите на забрани за 2015 низ цела Македонија и истите може да ги најдете ТУКА.
viewtopic.php?f=99&t=5839

Почитувајте ги забраните и помогнете за повеќе риби во нашите реки и езера.

Колку е битен мрестот говорат бројките кои ќе ги видите подоле, кои говорат колку од прилика јајца (идни рипчиња) може да снесе полово зрела женка од некоја од видовите риби.

Крап од 200.000 - 700.000 јајца (икра)
Клен од 50.000 – 200.000 јајца (икра)
Бојник од 50.000 – 100.000 јајца (икра)
Мрена од 3000-8000 јајца (икра)
Сом може да снесе до 500.000 јајца (икра)
Попадика 80 000 - 200 000 јајца (икра)
Костреж положува и до 200.000 јајца (икра)


[ img ]

Ваквите бројки укажуваат дека

ниту едно порибување неможе да даде допринос за богатството на риби во македонските води колку што е успешниот мрест на рибите. Но, во исто време, овие бројки укажуваат дека и штетите по рибниот фонд од рибокрадците и риболовците со слаби етички и морални вредности, во овој период се огромни.

Токму затоа, во овој период рибите треба да се остават на мира да си ја завршат својата природна функција и треба воздржување од риболов. Но и да се најдете во овој период на некоја вода, имајте совест и размислувајте за иднината. Сетете се на овие бројки во секој момент кога ќе помислите да земете 5 кркушки, 3 клена, 2 мрени, 2 крапа, еден сом, или по две три кила црвенпоерка, или попадика. Сетете се дека не зимате само неколку риби, туку уништувате милиони риби кои треба да излезат од тие риби вие што ќе ги земете. Кога ќе ви текне да спремате, или ќе ви понудат чорба од икра, или плескавици од икра, сетете се дека таа чорба или плескавица е напрвена од илјадници рипчиња кои не дошле на овој свет поради некој кретен. Можеби вашиот стомак и стомакот на вашите пријатели ќе биде полн после 2-3 гезмиња, но водата од каде што сте ги земале рибите ќе биде посиромашна за неколку милиони риби подмладок. Рибите, или чорбата, или плескавицата, која сте ја изеле ќе ја исфрлите во некоја шоља после еден ден, а водата од каде што сте ги земале рибите во мрест ќе биде посиромашна за милиони рипчиња во сите идни години. Размислете дали вреди !

[ img ]

Можеби сте правеле вакви работи во изминатите години, никој не е безгрешен, но секогаш има момент кога можеме да се поравиме. Секој човек учи, созрева и еволуира. Оваа година нека преовлада разумот.

И не само лично да размислите, туку имајте активен пристап и подучете ги вашите пријатели, комшии и роднини. Ако не разбираат што е мрест и колку е важен за Риболовот во Македонија, укажете им, подучете ги, пробајте да ги одвратите од мислата да тргнат на риболов на риба која се мрести. Ако веќе неможете да ги одвратите и се најдете со нив на терен, пробајте да ги разубедите да не земаат све, да не земаат риби полни со икра, укажете им на штетите кои ги прават.

Во исто време, помогнете им на риболовните здруженија, концесионерите, инспекторите и полицијата, да се зајакнат контролите во овој период на мрест на рибите. Да се зајакнат контролите, да се зголемат акциите и да се удри ЈАКО по рибокрадците.

Ова е период кога рибокрадците трљаат раце, затоа што рибите доаѓаат и се мрестат близу обалата, голем дел од рибите се зашамутени и целосно препуштени на љубовната игра, или пак не бегаат за да си го бранат потомството и во такви ситуации настапуваат мрежарите, настапуваат вилите, харпуните, динамитот и други средства за масовно истребување на рибите. Рибокрадците пунат вреќи, кошеви, трактори и цели сандаци со риба која не е измрестена и на тој начин уништуваат цели генерации на риби. На овој начин рибокрадците крадат од државата, крадат од природното богатство, но и од нас рибарите. Тоа е главната причина поради која на многупати во годината вистинските рибари неможат рипче да фатат на некои води. Рибокрадците го крадат нашето задоволство ! Токму затоа треба да се даде целосна поддршка и да се одвратат многу луѓе кои ги познавате, а кои се бават со ваков криминал. Казните се големи и достигнуваат до неколку илјади евра. Ако неможете да ги разубедите, не им помагајте, не ги кријте, на тој начин и Вие сте соучесник во масакарот што го прават.

Пријавете ги и секој да се најде пред лицето на правдата !

Пријавете го или кај концесионерот, или во Инспекторатот за земјоделие на бесплатниот број 0800 11 000

БИДИ СОВЕСЕН, НЕ ЗИМАЈ РИБА КОЈА СЕ МРЕСТИ, ВКЛУЧИ СЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИТЕ и ЗАШТИТИ ГО МРЕСТОТ !

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 27, 2015 9:04 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON716
Ова забраниве за време на мрест, тотална фарса од страна на МЗШВ..УВКЃЧЏШ.

_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 27, 2015 9:14 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
MZSV ima zadadeno nekoj zabrani koj im stojat od kojznae koga.
No dadena e moznost na sekoj koncesioner da si dade svoe viduvanje i zabrana koga toj misli deka treba ( spored vremenskite priliki i mrestot na ribata ).

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 27, 2015 9:20 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON716
saso НапишиCOLON
MZSV ima zadadeno nekoj zabrani koj im stojat od kojznae koga.
No dadena e moznost na sekoj koncesioner da si dade svoe viduvanje i zabrana koga toj misli deka treba ( spored vremenskite priliki i mrestot na ribata ).
И се корегира тоа од концесионерите,им води некој контреола,или само ради реда да помине забраната и баш кога рибата ке се групира за мрест ,УДРИ-МАВАЈ.

_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 27, 2015 9:46 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Pa mislam deka i za takva izmena od onaa opsta zabrana treba da dadat obrazlozenie vo MZSV i da dobijat dozvola za nea.
E sega kolku toa se kontrolira - neznam.
No sepak samiot koncesioner treba da si znaekoga e mrestot i da dade adekvatna zabrana za ribolov vo toj period.
No najcesto koncesionerite ja prifakaat onaa opsta zabrana dadena od MZSV

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 28, 2015 1:27 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Полесно е (и многу поевтино) да препишуваш и донесеш одредба за забрана за риболов поради мрест одколку истата да ја донесеш врз основа на пратење на хидро-метеоролошката состојба на одредена вода.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 28, 2015 6:23 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
saso НапишиCOLON
Pa mislam deka i za takva izmena od onaa opsta zabrana treba da dadat obrazlozenie vo MZSV i da dobijat dozvola za nea.
E sega kolku toa se kontrolira - neznam.
No sepak samiot koncesioner treba da si znaekoga e mrestot i da dade adekvatna zabrana za ribolov vo toj period.
No najcesto koncesionerite ja prifakaat onaa opsta zabrana dadena od MZSV
Кoнцесиoнерите дoстaвуввaт плaнoви, МЗШВ сaмo им ги oдoбрувa, речиси и дa не се мешa, кoлку штo знaм. Е сегa, дoбaр дел oд кoнцесиoнерите не се зaмaрaaт мнoгу, пa ги дaвaaт истите плaнoви секoјa гoдинa

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maј 05, 2017 10:18 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Актуелно деновиве :filip:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS7891011»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum