Дај бе баталете елем, риболовни основи, колку зимале спинерџиите, колку мушичарите и сл.дебати за во други теми, ќе Ве молам да се придржуваме до оваа тема, а тоа е наградна игра која ќе ја рашириме меѓу рибарите за општо подигнување на свеста за селекција и враќање на фатени риби.
Значи идејата на Аки беше да направиме една наградна игра, да се држиме до тоа. Моите дилеми околу тоа се:
1. Дали да биде за најголем примерок на риба или за најголема количина што е вратена ?
2. За кои типови на риби би давале ?
3. Докажувањето дали е годинава и дали е од еден рибар ?
Мојот предлог е следен
За најголеми вратени риби да следува пехар и дополнителна риболовна опрема што ќе ја побараме од продавнциите, па така да има Пехар за најголем вратен крап, Пехар за најголем вратен сом, Пехар за најголема вратена пастрмка, Пехар за најголем вратен клен, Пехар за најголема вратена мрена
За најголема вратена количина да следуваат парични награди за три места (Фонд 10 илјади денари, ако можеме и да појачаме):
1 Место - 6000 денари
2 Место - 3000 денари
3 Место - 1000 денари
За овие награди да има бодување
Пастрмка - 0.5- 1 кг - 2 поени, Од 1-3кг 5 поени, Над 3 кг - 7 поени, Над 6 кг 10 поени
Мрена - 0.5- 1 кг - 1 поен, Од 1-3кг 4 поени, Над 3 кг - 5 поени
Крап - Од 1-2кг 1 поени, 2-5 кг 3 поени, 5-10 кг 5 поени, над 10 кг - 7 поени, Над 14 10 поени
Сом - Од 1-2кг 1 поени, 2-5 кг 2 поени, 5-10 кг 3 поени, над 10 кг - 5 поени, Над 15 7 поени, Над 25 - 10 поени
Клен - 0.5- 1 кг - 1 поен, Од 1-3кг 2 поени, Над 3 кг - 5 поени
Симулација: Особа Х се пријавува со 3 видеа, на првото видео има 2 клена од 1-3 и една пастрмка од 1-3 = 9 поени ; Второ видео 3 клена од 1-3 и 2 мрени од 1-3 = 14 поени ; Трето видео два крапа од 2-5 кг и еден сом од 12 кг = 11 поени. Вкупно 34 поени.
Напомена: Небитно чии се рибите, битно е да се пуштаат, награда зима оној што се пријавува
Докажување исклучително со Видео во кое :
1. Снимателот треба кратко да ја сними околината за да се докаже дека е во Македонија и дека е на дива вода
2. Тој што ги пушта рибите една по една ги вади од мрежичка, ги покажува пред камера, ги мери ако има вага (камерата ја уснимува мрежата или сакот со кој се мери за да нема отежнување), ако нема вага само ги покажува (наша комисија ќе утврди колкава е рибата) и ги пушта во вода
3. Кога е направено видеото, за ова немам идеја како да докажуваме, Аки имаше идеја да се докажува со дневен весник, но мислам дека ретко кој во денешно време носи дневен весник по риба, мислам дека треба да оставиме неколку опции Дневен весник, Дневна или друг тип на дозвола за тековната година, Фискална сметка од било што што е купено, а во моментот им се наоѓа при рака на рибарите, секако и тоа треба да се усними
Наша комисија ќе ја утврдува веродостоноста на фактите во видеата
|