Знам дека само земате пример за дискусија, но чисто информативно...
сеуште не сме донеле одлука финална дали ќе фаќаме лига.
Инаку да, колку што знам имаше иста дискусија поназад во темава...
Ако не фрла дуото (двајцата) кој ќе пеца 3 кола т.е. ако не фрла дуото кое претендира да биде дуо и на светско првенство...мислам дека нема поента.
Tocno taka. I spored najnovite predlozi, za ucestvo na svetsko ke mora clenot da ima barem dve kola odraboteno od ligata !
Sekogas mora da se ostava mesto za ne daj boze, ama samo za ne daj boze, ne i za manipulacii !
Од причина што спортот не ни е на ниво на професионализам, правото да фрла секој кој е во екипата пријавен е легитимно.
За жал...
Е сеа...да сме професионалци, треба да стои според мене вака:
- Секоја екипа составена од 4 члена е екипа на 2-ца носители и 2 резерви.
- Дуото т.е 2-та члена носители на истото се со задолжително право за настап на кастингот кое истовремено е и дуо кое претендира за учество на светско првенство.
Но, дури и да сме професиналци пак мора да се остави простор за она што вика Сергеј - НЕ ДАЈ БОЖЕ!
Некој иде на кастинг и праи сообраќајка...мислам, стварно НЕ ДАЈ БОЖЕ!
Сепак, некоја ваква формулација треба да постои.
Несериозност на екипи не би требало да има за онакви какви што Крсте зборува и мислам дека екипите кој ќе се пријават годинава би биле максимално сериозни.
Доста беше со тамба ламба настапи и прошетки по лига...мотото ќе пецам лига пошо ако не пецам нема да одам по риба - не уби.
Исто и она ми плаќаат спонзорите од здружение да идам да се прошетам.
Без оглед дали јас и Тафта ќе фаќаме или не, искрено сакам да се работи професионално и ќе поддржувам секаква промена која води натаму.
Може ли едно прашање до сите вас?
Ние за спортисти се рачунаме или за мучкароши?
Фер плеј играта е составен дел на сите спортови па и на нашиот.
Колку и да се прави ригорозен правилникот секогаш постои простор за манипулации ако некој сака така да игра .
Требаше да го воведеме тоа правило и сеуште не сме начисто дали да биде така или не, од проста причина што секогаш мора да се остави место за "не дај боже" што би рекле.
Распоредот на трите кола од Лигата годинава е премногу тесен.
Што ако некој упалтил па не може да оди, што ако излезе нешто, повеќето од нас имаме деца, не дај боже болест и тн.
Ние гледаме да сме максимално коректни во секој поглед а сепак на душа на натпреварувачите е оставено дали ќе се обидат да манипулираат или ќе се борат фер и поштено.
Јас можам само отворено да кажам пред сите дека манипуланти и преваранти не трпам, никогаш во животот во ниедна свера па ни овде секако.
Ако јас трошам свое време, свои ресурси, свои финансии за доброто на овој спорт, тогаш можат барем натпреварувачите во лига да се понашаат ферски и да се натпреваруваат чесно.
Ако некој мисли дека ќе земе некој да му фрли на кастинг и со тоа ќе направи резултат и ќе оди на светско одма да ви кажам дека гадно се заебал.
Дури и да отпеца перфектно и да биде шампион до крајот, ако направи било каква малверзација, дури и да мора да оди нема да лови во тимот.
Ако некој се обиде да се повика на дупки во правилникот можам и јас да ги искористам истите тие и тоа со многу поголемо влијание.
Поентата е дека не треба така да се поставиме и да играме.
Дајте да отпецаме една убава лига, фер и поштена пред се.
Дајте да покажаме што навистина знаеме, можеме и умееме па нека победи најдобриот.
Има годинава индикации за добар улов, тополо е времето се надеваме ќе имаме супер лига и со улов меѓу другото.
Спремајте тактика, одете повежбајте малку, мислете као и што, во тој правец треба да оди секоја дискусија а не да се бараат и најситните дупки во правилникот.
Можвме да направиме да мора двајцата од тимот што ќе одат на светско да мораат да учествуваат на кастингот и едно коло од лига обавезно. Но секогаш оставаме место за не дај боже, има место за манипулација да, се слагам, но рачунаме и дека сме само спортски риболовци и дека мора да оставиме место и за фер плеј.
А доколку инсистираат повеќето учесници во лигата ќе го смениме и тоа правило со анекс на правилникот нема проблем, само мислам дека не прајме муабет за војска туку за Македонска Крапска Лига.