Три најдобри дуа (екипи) од минатото:
1. Сергеј и Мики(мило)
2. Ицо и Јове (фуџи)
3. Пепи и Свето
Тука негде сме јас и Мечо.
Предраг, не знам што ќе ти е работава, ама ај да заживее форумов, еве ќе напишам.
Сум ловел со Зоки пакунг, со Стојче, Кајстор, со Јоцо, со Милчо .....Сум ловел и со Сергеј, со Ицо, сум ловел дури и со Мето. И со сите било незаборавно. Според бројот на луѓе, ти се чини проституција е работава, ама имајќи ги во предвид популацијата и нашите бурни минати однесувања и добро сум поминал. Најголем кривец за било кој неуспех, претежно сум бил самиот јас.
Разликите во искуство, знаење, авторитетот на едниот во однос на другиот и не се клучни.
Клучно е:
Партнерот да може и самостојно да одработи кога едниот одмара
Да имаат разбирање во договарањето
Партнерот рамноправно да партиципира финансиски, со опрема, со работа, воља и издржливост
И ова е само еден предуслов за успех и резултат, а најголем непријател на сето ова е ЕГОТО. Но има уште многу други работи.