1. Не треба со сите банки договор, треба со една,а таа банка има договор со автентицирачки сервис односно Виза, Мастер итн.
2. Доставата немора да е преку пошта но мора да има доставница потпишана од клиентот/купувачот и вратена во фирма.
3. Најмал проблем е веб шоп, најголемиот е синхронизирање на лагер листите што има на лагер/магацин. Ако се прави заеднички веб шоп од повеќе продавници, дали тие продавници ќе го достават лагерот во посебен магацин или ќе го имаат кај нив па при нарачка ке добиваат известување што да испорачаат. Што ако го продал производот и го нема на лагер..? Сериозните решенија се врзани со магацин и лагер листи и продажба.
4. Одамна е размислувано ова со рибарскиве продавници од моја страна и дојдено е до заклучок дека нема кворум за онлајн шопинг односно не сакаат да одстапат лагер да седи само за онлајн шопинг, им се затвараат пари така..
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport