Пошто глеам е присутен, ме интересира мислењето на Раде Русевски за оваа стаза на Преспанско.
Е па редовен сениор, сега ти си отсутен. Препанското езеро е посебно во секоја смисла. Јас сум прилично субјекјтивен кога станува збор за овој наш бисер. Во континуитет го следам 26 години. Тврдам, дека меѓу другото, во Преспанското езеро плива и светскиот рекорд на крап со крлушти. Ако негде е голема можноста да се случи удар на таква капитална риба, тоа е токму на појасот од Коњско према Змијското острово. Ја познавам речиси целата обала на Преспанското езер. Иако повеќе пати сум бил на островото и на обалатите од таа страна на езерото, на Коњско бев за прв пат пред некој ден и морам да ви признам на сите, дека бев одушевен од тој дел на обалата.
Од она што можеше да се види, тоа е идеална патека во која ги има сите предуслови кои се есенцијални за вистинска и модерна лига, преку користење на сите модерни и захтевни техники на натпреварувачко ловење крап.
Што се однесува до популацијата крап, не сум сигурен дека секој ќе ми поверува, но само на кратко, сметам дека ова езеро е најбогато со оваа риба не само кај нас, туки и пошироко.
Што се однесува до тајминзите, сметам дека најрано кога треба да се отпочне со лига натпреварите е крајот на јуни, или подобро почетокот на јули.